Пред скоро една недела сонував семејство вампири ,имаше деца и возрасни ама во сонот се понашаа како добри и како да ми се пријатели.
Во соновник видов дека тоа значело дека некој непријател ќе ме излаже и прво си помислив дека нема врска АААМА вчера немате поим што ми се деси...дел од друштвото кое ми е то ест ми беше најблиско и мислев дека ми се нај нај другарки ме разочараа до бескрај ,веќе не сакам да ги видам.Испадна како што пишуваше во соновникот -дека ќе бидам излажана.
И не е само овој сон ,често пати ми се има случувано соновите да ми се остварат,на пр. ако плачам на сон на јаве ќе се израдувам нешто и обратно.
Ех тоа колективно несвесно...