Лигушот Папандреу со предупредување до Македонија

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
ВЕСТ вика:
И ПОКРАЈ ПРЕЦИЗНИТЕ НАРЕДБИ ЗА УПОТРЕБА НА УСТАВНОТО ИМЕ
Од мрза сами се фиромираме

И покрај настојувањето Македонија да се ослободи од референцата ФИРОМ и постојаните гласни негодувања зошто во меѓународната официјална комуникација не се употребува уставното име на нашата држава, во последните два месеца неколку државни институции, политичари и собраниски и партиски служби не само што не реагираа на употребата на референцата, туку и потпишуваа и преведуваа документи и во земјава презентираа проекти во кои таа е именувана како Поранешна Југословенска Република Македонија.
За регулирање на ваквите случаи и за правилата на употреба на името е надлежно македонското МНР од каде велат дека правила се многу јасни.
"Ниеден државен службеник или државна институција не смее да потпише документ со референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Тоа се регулира со размена на писмо меѓу двете страни. Кога ќе треба да се потпише договор со референцата ПЈРМ, тогаш до другата страна се праќа писмо во кое јасно се нагласува нашето уставно име. Практично, размената на тоа писмо значи потпишување на договорот", објаснува портпаролот на МНР Шпреса Јусуфи.

Минатиот месец во Собранието се појави пишуван извештај за Македонија од ЕУ. Во неговата македонска верзија место Македонија беше напишано Поранешна Југословенска Република Македонија. Претседателот на Комисијата за евроинтеграции која го делеше извештајот, Тито Петковски, се правдаше дека грешката не била намерна, туку дека службите само буквално го превеле документот. Пред една недела во Царина, за време на презентацијата на проекти финансирани од ЕУ на која присуствуваа државни службеници, Македонија беше претставена како ФИРОМ, но никој не реагираше на слајдовите на кои место уставното име беше напишана референцата. Презентерот на програмите, приватна консалтинг фирма, се правдаше дека тој претставувал проект раководен од германски институт кој се прикажувал низ повеќе европски држави и затоа не го превеле името и дека доколку тој документ останел во Македонија, тогаш ќе направел поинаку.
Во МНР признаваат дека и покрај нивните чести препораки, се случувало некој да не се придржува до инструкциите, особено кога се менуваат поставите во институциите или од небрежност, но многу ретко.
И од Владата велат дека тоа се средува со писмо и дека е работа која важи линеарно за сите институции.

"Има случаи кога и не може да се смени референцата, ама има и кога може да се среди ако македонската страна се договори во документите, на слајдовите или во писмата да стои Република Македонија", велат во МНР.
За случајот во Царина, од МНР велат дека на приватна фирма не можат да и наредат како ќе се однесува, но Царината и нејзините службеници можеле да реагираат кај тој што го раководел проектот, односно барем да се обидат со луѓето од германскиот институт да средат за референцата или пак да се консултираат со МНР, иако при проекти финансирани од ЕУ се обврзани да биде така како што напишале. Во случајот со документот од Комисијата за евроинтеграции во кој службите, според Тито Петковски, направиле буквален превод, од МНР велат дека кога се прави превод на документ кој има поголема тежина и значење тогаш мора да се преведе многу прецизно. Сепак, кај нас не е предвидено при таквите преводи да се додаде и забелешка со која ќе се објасни дека, иако е именувана како ФИРОМ, уставното име на земјава е Република Македонија.
"Ако се работи за документ кој е само информација или нешто за интерна употреба тогаш може да има слобода во преводот", вели Јусуфи од МНР.

:pov:
За Тито не треба ништо да те чуди кога се знае дека неговите внуци се веќе Грци,а тој самиот скоро цело слободно време го минува во Грција кај нив за фамилијата да биде во полн состав.:(
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
АБЦ од кај ги вадиш информацииве кој што како во секоја фамилија е жтити се ко некој таблоид си.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
60
Поени од реакции
3
БРАВО TpH_Bo_OkO само со вакви луѓе патриоти ќе оди државава а не да им се пи*каме и да им ќутиме на сите и само лижи гз ваму лижи гз таму до кога вака .. ако продолжиме вака за едно 20 години нема да постои Македонија
 

Никола_МКД

Corazón blanco
Член од
18 март 2007
Мислења
1.213
Поени од реакции
22
Мислам дека најчесен предлог за име на Грција е :

Сегашна Циганска Република Грција

Единствено што нашиве Македонци , абе ги преполнија краците под Солун :tapp:

Што пари на тоа циганите ќе им се остават, срце ме боли.
ne se veli srceto me boli, tuku nesto drugo.
i ti da odis na odmor kaj nas vo 'makedonija' (solun i kracite) nema da ti bidi ubo? so mu fali. isto ko nase da e

insomniac напиша:
предизборна кампања. се чудам кој од комшииве се најглеми гнаси. би постирал и анкета и ќе го преформулирам прашањето
mojs da ja naprajs multi-choise oti ne bi znael so da odberam
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Мислам дека најчесен предлог за име на Грција е :

Сегашна Циганска Република Грција

Единствено што нашиве Македонци , абе ги преполнија краците под Солун :tapp:

Што пари на тоа циганите ќе им се остават, срце ме боли.
синдром на самоуништување
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
ciganarija gadna grcka propagandska
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
АБЦ од кај ги вадиш информацииве кој што како во секоја фамилија е жтити се ко некој таблоид си.

Па сите знаат дека ќерката на Тито ама не Броз е мажена за синот на еден од најбогатите Грчки слаткари.Токму тоа е и поентата на моето евентуално спротивставување доколку Тито некогаш помисли да ни стане председател.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Па сите знаат дека ќерката на Тито ама не Броз е мажена за синот на еден од најбогатите Грчки слаткари.Токму тоа е и поентата на моето евентуално спротивставување доколку Тито некогаш помисли да ни стане председател.
Ете видиш јас не сум знаел. Ништо, признавам пошто се јави уште еден кој знае за тоа дека е точно.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Мислиш уште еден на форумов оти ова го знае барем пола Македонија.:)
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
наведната глааа сонце не гледат
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Kje mora negde da ja presecheme ovaa agonija, zoshto atinskite cigani nema da prestanat da trujat.


Брисел - Официјална Атина не престанува да го драматизира преименувањето на аеродромот „Александар Велики“ во Европската унија, а последна таква епизода беше обидот да го вметне тоа во ставот со кој Брисел ќе настапи пред македонската делегација за време на седницата на Советот за стабилизација и асоцијација при крајот на јули.

Според она што се дознава, грчките претставници во ЕУ притискале агресивно во делот за регионална соработка да се нотира преименувањето на аеродромот како проблем, заканувајќи се дека ќе го блокираат Советот ако не се прифати нивното барање. Атина, всушност, барала грчката да стане заедничка позиција на ЕУ околу случувањата со спорот за името, со поента дека таквиот потег бил против принципите за добрососедство кои, пак, се дел од политичките критериуми на Унијата.

По се' изгледа, Атина делче по делче сака да си подготви позиција кога ќе дојде време, т.е. кога ќе се решава за почнување преговори со Македонија, да го посочи ова како услов што не се исполнува од страна на Македонија и да стави рампа на одлуката на ЕУ. Повеќето земји, според информациите, се спротивставиле на тоа, па останала стандардната фраза дека Македонија треба да продолжи со развивање на добрососедските односи со земјите во регионот, без да се спомене директно Грција.

Советот за стабилизација и асоцијација е највисоко ниво на политички дијалог меѓу ЕУ и Македонија и тој ќе биде најава што ќе содржи во голема мера извештајот на ЕУ во ноември годинава. По правило, македонската делегација ја предводи министерот за надворешни работи, а од европска страна треба да бидат претседавачот на ЕУ, португалскиот шеф на дипломатијата и, евентуално, еврокомесарот Оли Рен и Хавиер Солана. Не секогаш се задржува таа форма, што пак веројатно ќе зависи и од тежината на пораките кои Брисел ќе сака да и' ги пренесе на Македонија. Македонија овде не фигурира воопшто како тема, иако во најавите од страна на португалското претседателство уште сега стои дека на самитот во декември ќе се дискутира и за прогресот во нашата земја. Тоа, пак, значи дека технички не е исклучена можноста за некаква значајна одлука, како што е датумот за преговори, но расположението во Брисел и случувањата во Македонија не одат на рака на тоа.

В понеделник, во обид да ги поправи работите, на разговори во Брисел ќе дојде премиерот Никола Груевски, а првичната најава е дека би требало да се сретне со еврофункционерот Хавиер Солана и со еврокомесарот Оли Рен.

Весник
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
дури не покажиме заби нема да не почитуваат
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Грција води лицемерна политика за името

Владата на грчкиот премиер Костас Караманлис води лицемерна политика во врска со прашањето за разликите со Македонија за името.

На тоа укажува неодамнешното отповикување на амбасадорката Дора Гросоманиду од Скопје и грчката поддршка во Европарламентот за резолуцијата за Македонија, коментира провладинот весник „Катимерини“.

Амбасадорката Гросоманиду ја претставува државата и е должна да ја брани официјалната државна позиција независно каква е - пишува „Катимерини“ во авторски коментар.

Шефот на грчката канцеларија за врски во Скопје Теодора Гросоманиду неодамна изјави дека „Грција треба да ја прифати реалноста дека Република Македонија под нејзиното уставно име ја имаат признаено половина земји во светот“.

„Катимерини“ посочува дека лицемерието на грчката надворешна политика било потврдено и од позицијата на европските пратеници од редот на владеачката Нова демократија при гласањето за извештајот за напредокот на Македонија.

Во извештајот се посочува дека „името не смее да биде услов за отпочнување преговори со Македонија и не смее да биде пречка за членство во Европската унија“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom