Kуќи опседнати од духови?

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Белата куќа со духови? Кој дух таму има?
Не ми се верува за Белата куќа дека е опседната...
А таа куќата во црниче ми стана досадна бидејќи во неа нема ништо посебно стара куќа за која мештаните напраиле лоша реаклама.
 

Mos

Дон
Член од
19 ноември 2010
Мислења
606
Поени од реакции
95
КуЌата на стравот,во Прилеп кај табана населбата,кај мосто
Таја е најпозната во прилеп
 

1n$An3 k!|L3R

Internet Addict :)
Член од
1 март 2009
Мислења
19
Поени од реакции
1
јас имам слушнато за една куќа која имала шуплина во едниот темел и на страната на тој темел или на носечкиот столб имале крст и секоја ноќ им се преместувал на спротивниот ѕид(се кажуваше дека тоа е куќа на едни деца што ги познавам....во таа куќа имало неколку смртни случаи,мислам дека имало и случаи на самоубиства или самоубиство) по неколку месеци откако ја слушнав приказната луѓето се преселија од куќата и навечер се слуша како да дува ветер некој таков звук,тоа се слуша дури и кога времето е сосема мирно и нема никакви ветришта.


исто така имам слушнато и дека имало некое дете што читало многу книги и било опседнато околу темите со духови па мислел дека има доволно голема моќ да повикува и да контролира духови,пробал тоа да го направи во неговата викендичка и не сум баш сигурен ама мислам дека кога ќе оделе таму се слушало крцкање тропање...не сум сега сигурен за овој дел колку е вистинит но кажуваја дека кога дознале негојте за ова или кога имало некаква кавга додека биле во таа куќа едниот прозорец пукнал се отворила вратата и никогаш повејќе не се слушнало крцкање тропање и такви невообичаени работи...Претпоставувам дека овој дух бил добар или едноставно го исполнил тоа што го сакал во таа куќа.па можеби допрва ќе ги следи несрејќа тие луѓе.

многу ми се језиви причиве со духој али факт е дека ги има многу и несакајќи или сакајќи ги слушаме.позз и мој совет:НИКОГАШ,АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ЗАФРКАВАЈТЕ СЕ СО ТЕМАВА И СО ДУХОВИТЕ
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Imam edno prasanje! Dali nekoj znaj nekoja kuka opsednata so duhovi? Ne e vazno kade zivej samo da bidi taa kuka vo Makedonijava inaku jas ziveam vo Prilep! Pa ako sakate kazete i kazete nekoe iskustvo povrzano so duhovi
Ако си од Прилеп, и бараш одговор на ова прашање ќе ти дам одговор.
Во Прилеп има куќа со духови, таа се наоѓа кај табана мостот во Прилеп.
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Ми се имаат десено поише случки онака јакички што би рекла јас, па еве ќе споделам со вас една од нив :tapp:
Првата случка на која се сеќавам беше од прилика околу 6-7 години у наше маало шо си викавме ние. Тогаш да имав 11, 12 години сеа не ме фаќајте за збор не ми текнува убаво. И една вечер онака касно живо пиле нема на тоа улиците си шетаме со една другарка т.е. си вртиме кругчиња околу уличкава и си збориме нешо безвезе. Знаете оние класични детски муабети, кој кого сакал бла бла..и наеднаш поминуваме од куќата накај другаров и подзастанавме нешо онака (не ми текнува за што) и само јас случајно се вртам накај неговата куќа и гледам бела сенка на ѕидот од фасадата во форма на жена со фустан :vozbud:Абе коа свриштив наеднаш испаничив...Пошо ипак дете бев и другарка ми се врти накај мене и она у тој момент почнува да писка! И двете за рака сме се фатиле и бришка, не снема у секунда ми се чини! И подалеку сеа коа застанавме под кандилабрата малце кога се соземавме ја прашувам абе виде нешо или ја те уплашив зашто врискав? И оваа цела се тресе и ми вика не бе видов жена со бел фустан :jaj: И ок помина тоа и ја другарка ми ја испраќам накај дома сега зашо она подалеку живееше и јас како ,,похрабра'' у фазон не бе нишо не е, и идеме и само оваа ми вика абе нешо у позадина пак ми се причинува. Па истото. И ја цел ваква -.- не и верував поише пошто искрено си знаеше да подлажува :music5:и ја мртва ладна си се враќам накај дома откако она си влезе кај неа и сеа се враќам назад и едно време забораив тоа шо ми кажа зашо после фативме друг муабет и си идам ја така и пред мојот влез од капијата слушам чекори. Се вртам гледам нема никој. И стојам и однеднаш минува нешто како со шапка во темницата придвижувајки се ама звуци од чекори повеќе не се слушаа :vozbud: Абе здивев, фатив да трчам избезумена дома и почнувам да им раскажувам на моите и луѓево се смеат и само одеднаш им кажувам дека кај другар ми се деси ова и овие пребледеа наеднаш. Утредента мајка ми ми кажа дека фигурата која сме ја виделе била баба му на другар ми на која и се навршувале 6 години од смртта тој ден и тие самите биле да им дадат сочувство.
Таа вечер ми беше ХОРОР у буквална смисла значи. Оттогаш помина бајаги време ама никад нема да заборавам што се деси. И меѓудругото ова не ми беше задња дешавка, туку има уште 2-3 на кои моментално се сеќавам ама би било подобро да си молчам зошто искрено незнам дали ќе останете рамнодушни. Ќе ве извадам од памет...:nenene:

--- надополнето ---

Нема везе бе за куќава во Црниче. Лично сум идела таму навечер со друштво, сме пиеле, журки сме праеле шо се вика па фала богу сите се живи и здрави. Само ќесите што шушкаат и ако нема никој може нешо да те извади од памет. Иначе гајле нема со гаранција! :smir:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
И меѓудругото ова не ми беше задња дешавка, туку има уште 2-3 на кои моментално се сеќавам ама би било подобро да си молчам зошто искрено незнам дали ќе останете рамнодушни. Ќе ве извадам од памет...:nenene:
Ех кажи де.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Само у Штип ли нема духови бе ??? :toe:
Без да навлегувам дали е вистина или не е, и дали верувам или не: постои и во Штип куќа за која одредени луѓе веруваат дека е опседната од духови. Се наоѓа во близина на медицинското школо, а колку што знам до пред неколку години во неа не живееше никој.

Колега од факс ми има кажувано дека кога престојувал во Интернатот (тогаш одел во средно школо) видел дух/сенка на жена. Ми тврдеш дека и други ја виделе сенката пред и после тоа. Има цела приказна околу сенката, ама не знам колку е веродостојна и не би ја раскажувал.
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Вторава случка ми се деси пред неполна година, ма ни толку нема. Си седам јас дома една вечер сама, моите беа искочени да купат нешто и си седнав на креветот да погледнам телевизија а воедно ми беше пуштена и од Nightwish-Last of the wind песната тивко. И онака си седам нешто занесена размислувам гледајки во телевизорот и наеднаш почнува сијалицата на лустерот да трепка, телевизорот се гаси и песната престанува. Малку се исплашив но потоа си помислив дека можеби слаб е напонот на струја па затоа...Се додека скрос не се изгаси се и останав во темнината. Побрзав да запалам свеќа за ако дојдат моите да им отворам. И ок, појдов...Зедов од висечите, упаљачот, запалив и ја стаив на маса. И ги чекам моите и пак нешто се замислив у таа тишина, а што беше најтрагично комшилуков до нас праеше забава таа вечер и од системот уште се слушаше музиката :nesum: и почна да ми станува некако сумливо :toe:. Се вртам јас онака у бунило позади мене низ прозор гледам буквално во сите згради свети...И си останав онака у прашалници и после ми текна дека можеби цркнал некој осигурач пошто не се разбирам многу... ама нешто ми смрдеше :tapp: И земав да чепкам у телефон онака искулирано као ништо да не е и наеднаш гледам свеќава како некој да ја дува, те налево пламенот те надесно, се гаси се пали...се гаси се пали :nesvest: Ауууу е тоа беше нешто што ептен ме скрена! А ни прозорец ни враг немаше отворено. И ме фати страв и само онака стојам здрвено стуткано на каучот, абе капка крв немав во мене...И гледам на ѕидот како некоја сенка ми поминува низ ѕидовиве од слабата светлина од свеќата а таа најнормално си стои. Жими се не се осеќав добро во тој моемент :nenene:, и си ги затворив очите се покрив со рацете скрос и наеднаш слушнав како се пали телевизорот и почнува некоја друга песна од незнам таму која си група (памтам само black метал дека беше) незнам од кај испадна, значи јас ништо не чепкав и уште толку испаничив! Неможев да се соземам, едвај дишев. Кога им отворив врата на моите после некои 10-15 минути пошто незнаеа за што станува збор ми викаат абе знаеш дека на дедото под нас некој човек со бела коса му провалила дома? А татко ми бил да види, пошто знаете...стар човек а на старите често може да им се причини нешто, но внатре немало никој рече татко ми. АААААААААААААА :vozbud: Не ми се веруваше! И тек тогаш сфатив што било цела работа, ама си преќутев и кога помина се им кажав и нормално, неможеа да поверуваат по втор пат. И после некои 2-3 дена или недела дена човекот си почина. (ок, и онака си беше стар, ама ипак)...има нешто...

--- надополнето ---

Колега од факс ми има кажувано дека кога престојувал во Интернатот (тогаш одел во средно школо) видел дух/сенка на жена. Ми тврдеш дека и други ја виделе сенката пред и после тоа. Има цела приказна околу сенката, ама не знам колку е веродостојна и не би ја раскажувал.[/QUOTE]

Е ај раскажи ја де, да чуеме :pipi:
 

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Aj site sto imaat iskustvo so duhovi i sl. ne pisat ama da ne izmisluvaat :)
 
Член од
13 април 2009
Мислења
113
Поени од реакции
2
Случкава ми се случи пред неколку дена , беше среда и јас и уште двајца другари се шетавме низ центарот на населбата , ама бидејќи беше 2 сат по полноќ немаше никој по улиците и додека поминавме покрај црквата еден од другарите погледна накај вратата на црквата и ни рече .. глејте човек....другиот исто се сврте и го виде... ја кога се свртев немаше буквално ништо и вратата на црквата беше затворена... сите тројца гледавме во вратата... тие двајца упорно викаа дека гледат човек..или поп...голем и со црна мантија...како прави нешто со рацете пред отворената врата на црквата... а јас ништо не видов... вратата беше затворена..... и по некои 5-6 секунди од гледање тие рекоа дека го снема и продолживме да одиме ... Од тоа што ми беше језиво се свратував назад накај црквата на секои 5 секунди да не видам да не има нешто..:salut::toe:
 
Член од
30 март 2011
Мислења
117
Поени од реакции
12
Слушав имало во Охрид некоја куќа по Варошон, ама не разбрав кај е поточно... Иначе ми се сака да влезам и да видам дали имат нешто чудно;). А не верувам дека постојт куќа опседната со духови, затоа што не постоет духови... Сите мислат дека духовите се од луѓе кои имале незавршена работа додека биле живи и сега се заглавени меѓу двата света... Но затоа што имам разговарано со доста учени луѓе во оваа област (значи од прва рака информација:)), душата по смртта излегува од телото 20тина центиметри и толку... не шетаат како што гледаме по филмовите, туку само лебдеат на тоа место.

А кој се тие незавршени работи?? некоја умрела додека праела манџа па не стигнала да ја допраи или како??:nesvest: Неможе духовите да се дел од нашата имагинација,не сме способни да создадеме некое такво суштество од кој 80% од лугето ке имаат сунња дека постои и ке им биде шубе да влезат негде или да спијат во таква куќа нели?Таквите работи како духови мора некој да ги видел за да каже и да се направи таква фама од нив....немозам јас да измислам дека го видов фреди кругер, никој нема да ми верува пошо е измислена работа...додека во духови и во тоа дека постои тамо нешто се верува.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Друже, во 21 век, веруваш дека постојат духови?
Па духовите постојат без разлика кој век е, тоа што ние сме преокупирани во 21ов век со технологија и разни безвредни работи немора да значи дека поради тоа духовите не постојат :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Па духовите постојат без разлика кој век е, тоа што ние сме преокупирани во 21ов век со технологија и разни безвредни работи немора да значи дека поради тоа духовите не постојат :)
Мислата беше демек, во 21 век се докажало дека кога грми не тркала господ буриња туку се ствара звук :) е сеа некој ако верува во духови негово право, ја верувам во душа али дека душата е еден вид на енергија и тоа што не прави ние да сме ние, т.е егото, тоа ни е душата е сеа не значи дека мора моето мислење да е точно ме сфати?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom