Primera Division

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар фудбалски тим во Шпанија?


  • Вкупно гласачи
    293
Статус
Затворена за нови мислења.
-------------- Касиљас ----------------
Алвес ---- Пиќе -- Пепе ---- Капдевиља
Меси ---- Чави ---- Иниеста -- Робен
-----------Форлан --- Виља -----------
Замени :
Рамос
Ето
Игуаин
Валдес
Гарај
Ј.Туре
.......
 
Луѓе се знае ли сега за сигурно дали А1 ќе пренесува Примера нареднава сезона???
 
Уште не се знае ништо, ама јас мислам дека ќе пренесуваат зошто нема шанси А1 да остане со празни раце.
 
Може и Алфа да ја земе, и тие имаат доста пари. Лани се беше зафатено па мораа холандско да земат, ако се ослободи шпанско сигурно ќе се обидат да го земат, па ќе видиме што ќе биде, според мене или А1 или Алфа.
 
Од неофицијални извори дознав дека шпанско првенство ке се емитува на Алфа од идната сезона
 
Од неофицијални извори дознав дека шпанско првенство ке се емитува на Алфа од идната сезона

На Алфа би требало да биде добро, имаат одлична екипа и работат професионално.
 
Работат професионално, ама по колку утакмици неделно ќе даваат е прашањето? Да не биде бетер Сител...
 
НБА ја работат сосем солидно, Холандско сум гледал само 2-3 утакмици па не можам да кажам. Очекувам да биде подобро од Сител, а тоа е многу лесно остварливо :)
 
Па Алфа би давале по две утакмици вајда, иначе од извори од А1 дознав дека најверојатно нема да имаат странско фудбалско првенство следната сезона, вајда само македонско.
 
Па Алфа би давале по две утакмици вајда, иначе од извори од А1 дознав дека најверојатно нема да имаат странско фудбалско првенство следната сезона, вајда само македонско.
ЈА ЛИЦНО МИСЛИМ ДЕКА А1 КЕ ИЗГУБИ ГЛЕДАНОСТ СО ТОА СО ЈА ДАДЕ ПРЕМИЕР ЛИГАТА НА СИТЕЛ А НИ СИТЕЛ НЕМА ДА ДОБИЕ ГЛЕДАНОСТ ЗС КЕ КОМЕНТИРАТ ИДИОТИ
 
Ваљда нема да не бришат тука.

bojann1 напиша:
Да ти објаснам некои работи околу данокот. Реал ако му плаќа на Кака плата од 9 милиони евра, поради данокот Кака ќе добие 6,8 во Шпанија и 5,6 во Италија. И Милан и Реал Мадрид за играчот на име на плати ќе одвојат по 9 милиони евра. Разликата е во тоа колку ќе добие Кака.

Јасно ми е де, зарем ваквите даночни разлики не влијаат на финансиите на клубот?

Данокот се одразува врз трошоците а не врз приходите.


Да играше Манчестер Сити во ЛШ, Кака до сега ќе потпишеше пет пати за нив. Ќе видиме за период од две до три години кога Сити ќе прерасне во предизвикувач за трофеи дали играчи од типот на Кака ќе ги одбиваат.

Никој не може да оспори дека Реал е бренд, тоа е непобивен факт само немојте да станете минато доколку УЕФА воведе лиценци за своите натпреварување според кои само клубовите кои годината ја завршуваат со позитивна сметка ќе играат во ЛШ.

Еве ја листата на екипи кои прават најголем приход според Дилојд:
1. Real Madrid 365.8 Spain
2. Manchester Utd 324.8 England
3. Barcelona 308.8 Spain
4. Bayern Munich 295.3 Germany
5. Chelsea 268.9 England
6. Arsenal 264.4 England
7. Liverpool FC 210.9 England
8. AC Milan 209.5 Italy
9. Roma 175.4 Italy
10. Inter 172.9 Italy
11. Juventus 167.5 Italy
12. Lyon 155.7 France
13. Schalke 04 148.4 Germany
14. Tottenham 145.0 England
15. Hamburg 127.9 Germany
16. Marseille 126.8 France
17. Newcastle 125.6 England
18. Stuttgart 111.5 Germany
19. Fenerbahçe 111.3 Turkey
20. Manchester City 104.0 England

ПС Баерн да не добива премногу пари од маркетин на играчите што е толку многу добар

Јасно ми е де, зарем ваквите даночни разлики не влијаат на финансиите на клубот?

И зошто мислиш дека 365 милиони се малку пари?


Chombe_United напиша:
Еднаш и помогнал на Барса, а многу повеќе од тоа ја заебал за разлика од Реал кој 100 години го крепи и му е разгалено детенце:helou:

А доказ за тоа е овој твој пост?

bojann1 напиша:
Дискусијата ја водам во насока дека Реал Мадрид нема финасиска основа да прави вакви мега трансфери. Дека изјавите на квази експерти кои велат дека Кака ќе креира приход од 75 милиони евра се само измислица за фановите да се палата а влијанието на Кралот и моќната машинерија што работи во позадина да остане не пипната.

толку од мене поздрав до следната дискусија.

Прво не чинеше школата на Реал, сега од управата дејствуваат финансиски проневери.

Се прашувам што е следно.
 
Следно е дека масоните и темпларите се позади Реал.
 
приход Реал има од дресови бидејки шпанците(мислам андалузија мадрид и остали) не ги сакаат на Каталонците затоа што Каталонија е најбогат регион во Шпанија.
Каталонија која има 9 милиони жители за својот клуб Барселона генерира 308 милиони евра фантастично!!!!!
На реал го финансираат мадридските тајкуни верни на кралот
 
На секој играч му е желба да игра за Реал бидејќи таму може најмногу да заработи. Сите тие се букајчари со 4-то оделение и главна егзистенција им е да заработат за после 40 години да имаат од каде да трошат.
Парите го вртат светот и тоа е факт.
Мака ми е само што фановите на реал мислат дека играчите одат таму зошто го сакаат клубот и тука се лажат бидејќи тие ги сакаат парите што е сосема различно.
Ако толку го сакаат клубот треба да одат во Реал за дупло помала плата отколку во претходниот клуб бидејќи сепак се работи за "љубов" голема и непреболена:tapp:
 
На секој играч му е желба да игра за Реал бидејќи таму може најмногу да заработи. Сите тие се букајчари со 4-то оделение и главна егзистенција им е да заработат за после 40 години да имаат од каде да трошат.
Парите го вртат светот и тоа е факт.
Мака ми е само што фановите на реал мислат дека играчите одат таму зошто го сакаат клубот и тука се лажат бидејќи тие ги сакаат парите што е сосема различно.
Ако толку го сакаат клубот треба да одат во Реал за дупло помала плата отколку во претходниот клуб бидејќи сепак се работи за "љубов" голема и непреболена:tapp:
А во Манчестер одат од голема љубов.

Одат во Реал затоа што е врвот во кариерата на еден играч.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom