- пред 2 години у фебруари игравме со србија ( во најјак состав дојдоа ) - 200 денари карта
- со русија исто квалификациски натпревар картите максимум 300 беа .
- паднавме у пм на фифа ранкинг листата , формата ни е крш ( порази од кина , нерешено со ерменија .. )
- да правиш разлика со германија и македонија е трагикомедично , посебно што германецот кога ќе отиде на пријателската уво не го боли што ќе се дешава на мечот . он ќе отиде ќе се изнајаде скара пред мечот , ќе се изнапрошета низ градот , и ќе пие пиво за време на утакмицата. и новчаникот пак ќе му е полн. а македонецот ќе отиде целиот смрзнат у 5 за 12 на стадион за ? да се моли наумоски да смири топка без фаул на 20 метри од голот ? или конечно некој да успее да нафрли до втора статива на корнер ?
браво хари , цената ти е гром .
Ех, типичен македонски комплекс, во западна Европа вријат од пари. Да, имаат поголеми примања, ама како што објаснив, зборам за тие што им се од
најсиромашна класа (за нивни услови) за нив е далеку поскапо. Така да самиот коментар ти пропаѓа во вода пошто нема врска со тоа што го зборев. И да, може Германија е подобра репрезентација, ама па баш затоа таму пријателски натпревари се од уште помала важност и никој не би се замарал ако Камерун им гостувал или не, додека за нас е спектакл што ни дошол еден Ето...
--- надополнето ---
А овја па Бибо гледам не споредуе со Германија. Оффффф мори мајко, уште у старт покажуеш колку разбираш, па немам намера да ти реплицирам.
Тоа е затоа што ти споредуваш крајности - Македонец со 4.000 денари плата (демек тоа реално е) со Германец со 4.000 Евра плата, како мало дете, само колку по твое да испадне. Ако ги споредуваш, споредувај ги еднакво, така да ако ти за доказ обаснуваш дека картите се скапи пошто има луѓе што живеат со само 4000 денари месечно, ондак на сосема истиот начин може да кажеш дека и за Германија е скапо пошто и таму има луѓе кои живеат со 400 месечно, така да за нив испаѓа уште поскапо
по твојата логика и објаснување. Неможеш да споредуваш најсиромашните кај нас, со просечните таму. Ама нормално, ти не го зимаш тоа за пример туку за нив секад „новчаникот е полн“, а за нас земаш најекстремни случаи за пример. Епа кој тропа глупости?
У секој случај не се замарам повеќе да објаснувам, и онака вие сте препатетични и никогаш не би прифатиле дека не сте „нај за жалење“, колку и да ви се објасни вие нема ни да се обидете тоа да го сфатите или прифатите туку за се и сешто ќе си измислите свои објаснувања и разлози, без разлика колку нема врска и колку нереално гледате. За вас на запад се е перфектно, сите се утепуваат од заработување пари и секад имаат незнам си колку, а во Македонија сите сте за греота и се е катастрофа и неправедно итн итн. Чудно како сите што отишле у странство не се согласуваат со вас и тврдат дека на запад не е така како што сите си фантазираат. Ама пошто вие сте толку патетични, никогаш не би прифатиле таков факт, за вас во Македонија се е најлошо и најмизерно а на запад сегде само цветаат ружи...