Македонска фудбалска репрезентација

Член од
3 октомври 2009
Мислења
82
Поени од реакции
5
Глејте утакмица па коментирајте, Пандев ако гледал некој знае дека неможеше да направи замена дека поминаа сите, на една нога беше ти сакаш пенал да ти изведе.

Иначе ова денес беше бетер и од Андора, освен Попов и Тричко се друго треба да се избрка и се одново.

Дали бев единствениот што смета дека голманот наш не крати 10 мин минимум од игра затоа што чека по 1 минута за да изведе гол аут кога ние бркаме резултат?

Освен Попов уствари никој нема кондиција бе, тоа ти е основа на спорт. Без основна кондиција не ни зборам за покомплексни фудбалски работи.
За кондиција збориш? а мозок? виде ли некој пас даден со мозок, со идеја , нешто што нема да заличи на набафтана...овие од среден ред појма немаат што е акција, одбранава , само да рогне , било каде...вака играат кај мене у школски двор

-

Боби[Мкд];3768708 напиша:
мал е коефициентот за 4+, ја би рекол икс во икс, и онака само на крај се примаа голови.
има логика ова твоево, има...


Боби[Мкд];3768708 напиша:
мал е коефициентот за 4+, ја би рекол икс во икс, и онака само на крај се примаа голови.
vidi,vidi...:)
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.412
Поени од реакции
598
Полошо потрошени 100 денари , здравје :nesum:
Незаслужено реми , со ваква игра требаше да изгубиме , ама ете се извадивме донекаде на крај ( со Ерменија бе ) :uvo: Нажалост , ќе треба да се помириме дека ова е реалноста , половина играчи не се ни резерви во клубовите за кои настапуваат , на некои баш и не им се игра во Македонскиот дрес , и нормално со чест на неколку исклучоци кои го даваат максимумот . Незнам зашто упорно се филмаме пред секои квалификации дека ќе се пласираме и после разочарувањето ни е уште поголемо .
Бев синоќа на стадион , се разочарав од играта и резултатот , само не можам да ја разберам нашата публика како може да скандира вака . Примаме гол , и наместо посилно да дадеме поддршка на нашите , "селекторите" од трибините веднаш се дерат дека е продадена утакмицата , дека фудбалерите се педери ... Колку и да сум разочаран од играта на нашите , никогаш не би ги навредувал нашите фудбалери на таков начин .
 
Член од
3 октомври 2009
Мислења
82
Поени од реакции
5
Ова е фудбал друже, не садеа пипер и патлиџан на терен па да добие Попов 10ка за орањето, на крај краева бек е, се знае дека во тимовите бековите под дифолт се оставаат од трчање.
Ама освен во сегментот трчање ( или орање по твое ) во другите фудбалски сегменти беше тежок просек, со катастрофален центар шут, со 3-4 изгубени топки на своја половина ( со поквалитетен тим една таква грешка знае да е фатална ), со неколку изгубени дуели и евтино продадени топки и тн и тн. На прашањето што направил добро Попов ? Одговорот е ... Ораше.
Затоа ти реков, не дека Пандев беше добар, ама едноставно тој збор, '' добар '' не можам да го одвојам за некој од играчите, значи рачунај, збориме за стандард кој треба да не одведе на ЕП, затоа ти реков дека твојот стандард за '' добар '' е на многу ниско ниво, зашто оваа партија на Попов беше аналогна на целото сивило на овој тим.

За Пандев веќе се изјаснив поназад, затоа и го дадов примерот со Флечер, Флечер за Јунајтед и Флечер за Шкотска, и тоа е тоа, Пандев е таков тип на играч ( разликата е што овој е дел од нападот ), се шлепа уз останатите, едноставно мора да има висок степен на квалтиет у екипата за да и он игра, нит бил лидер, нит е лидер, нит некогаш ке биде лидер.

--- надополнето ---


Тоа да го тргнеме на страна, дека Пандев не е крило, и дека не е за 433 формација, али пак сум скептичен дека ке блеска дури и ако се смени формацијата, сепак, ЈОНУЗ ни е селектор, не Мурињо.
Тешко на оние кога бекови им се крила, Попов е бек и неговото орање правеше проблем зашто ниту знае да дрибла ниту набацува...лева и десна страна си бараат соодветни крила или полу-крила, да ја подготват средината и да им остават простор на типичните напаѓачи...а вака имаш бек кој трча без концепт
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Хари бил крив што нашите се дрва?. Размислувате ли малце што трескате?. Хари ли е крив што Пандев игра без душа за Македонија?. Хари ли е крив што Илчо Наумовски има психички проблеми?. Хари ли е крив што Ерменците ја возеа нашата одбрана како сакаат?. Премногу читате Македонски Спорт.

П.С Може кога ќе дојдат рекетарот, ( Масар Омераѓиќ), и шверцерот ( Рафет Муминовиќ) на чело на ФФМ ќе му испратат покана на Меси да игра за Македонска репрезентација.
Ај да те прашам кој ги ставил нив да играат, а кој го ставил тој што ги ставил тамо да играат?
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.908
Поени од реакции
7.477
Епа пак нека не го зема Тасевски во репрезентација...мамицата јонузска грда...ебате средината посрана ебате..не знам дали приметивте ама цело време на крајот играта беше од одбрана директ во напад...и секако тие ја добиваа,отвараат контра и утињаат пред гол...можеше комотно да биде 1-5 ама тоа е...пу да ти ибам селекторот посран ! Иначе според мене централни дефанзивци треба да се Шиков и Грнчаров...Новески и Митрески може да учат од овие...ај позз сеа
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
Па кој е крив? Јас до сега не сум слушнал дека кога некоја репрезентација нема успеси да се менува целиот тим а главните луѓе да останат исти туку секаде е обратно. Хари и компанија е многу крив за нивото на кое е денешниот мак фудбал. Ова игра не е последица на долгогодишно и константно уништување на мак фудбалот со очајна лига во која се откажуваат тимови на сред сезона пропаѓаат шампионски клубови, првенството е на работ на регуларност итн.... Со таква ОЧАЈНА лига неможеме да очекуваме дека ке имаме добра репрезентација. Значи зборот ми е рибата смрди од главата!!!

А за натпреварот вчера веќе е се кажано. Груевски направи доволно споменици во Скопје па мој предлог сите по една недела обесени со главата надолу.... А и не се разочарувајте многу бидејќи сме имале и поблескави моменти досега како например поразот од Андора, кој воедно и е правата победа во историја на Андора, а и да не заборавиме дека и ерменците својата прва официјална победа ја имаат токму против нашата репрезентација. Ова докажува дека сме нација со големо срце и играме со мотото пружии им радост на оние кои ретко се радуваат на спортски успех, а ако може и да се заработи од тоа уште подобро!!!
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Разочаран сум... немам коментар....само едно ке кажам!

Шумоликовски.....фудбалот не се игра за тебе....туку за Македонската публика!
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Не знам која Утакмица по ред-ЕПИЛОГОТ ИСТ...Местена,од авион се забележува ова...
Па кого прават будали бе,вакви испади на одбрана,ваква ДЕЗОРГАНИЗАЦИЈА во играта немаат ни деца од 10 години кои играат маалски фудбал...
Како на модна писта се шетаа играчите на Ерменија пред нашиот гол...:tapp:
Срамота,па ајде одма ПЕНАЛ за нас,да не ја фатеше со рака топката играчот на Ерменија,бидите сигурни дека САМИТЕ ЌЕ СИ СТЕГНЕА ГОЛ,мораше да заврши нерешено мечот-е сеа дали на НУЛА одеа,или како шо кажа некој на 4+ си знаат само ГОЛЕМИТЕ БАТКИ кои се имаат ДОБРО ОПАРЕНО во некоја кладилница во Тајван,Сингапур-не за џабе не колнат газдите на кладилниците од Азија,па им го упропастија бизнисот нашите:pos2:...
Барем ако не не бива за играње,за местење сме ЦАРЕВИ:music3::music3::music3:...
Шо да се очекува од играчи како овие нашите(со секоја чест на неколку исклучоци)...:kesa:
Па зарем од играчи шо си играат СЕРВА ПО ПАРИ на тренинг и си разменуваат МАЈАГЕРИ И КАРАТЕ,КИКБОКС УДАРИ потоа одкога ќе изгубат,:tapp: сакате да играат со срце за репрзентацијата???:kesa:
Па нив не им е дојдено до репрезентација,тие сакаат да се фалат со своите нови коли,ви текнува на скандалот со ФАЛШ РОЛЕКС ЧАСОВНИЦИТЕ:pos:..
Па вакви дудуци како нашите бараат дилерите на фалш роба-омилени пациенти им се:pos2:
Абе за овие играчи само стап и на сиктер планина овци да пасат...
До вчера немале копачки,боси играле.сега играл во некој тим во Кипар и се прави демек игра во премиер лига...:kesa:
Немаат ни П од професионализам...
Абе за репрезентација треба да се ГИНИ,ДА СЕ ОСТАВИ ПОСЛЕДНАТА КАПКА КРВ на теренот...
Стигна една Ерменија да им мава шамари на нашите играчи,да ги турка по терен,и да игра грубоо...:nesvest:
Така треба,секоја чест за нив-така се бранат боите на својата земја...
Го спомна некој ПАНДЕВ,абе каков Пандев,си мисли дека е МЕСИ....:tv:
Тотално промашување е целата негова улога на терен,џабе ја држи толку топката,џабе дрибла,џабе се замислува дека е КАПИТЕН....:nenene:
Капитен се раѓа,а Пандев не е капитен,си мисли дека е некоја звезда...дека нема кој да му замери на неговата игра-да тој е звезда,ама со онаа игра-тој ќе ја грее клупата на било кој тим во Европа...
Или да се смени позицијата на Пандев,или нека се седни на клупа,се гледа дека е БЕЗПОЛЕЗЕН...:tapp:
За другите играчи шо да кажам-СРЕДИНА ТАПА...
Одсекогаш сме немале играчи во овој дел....
Одбраната мизерна,навистина е НЕЛОГИЧНО како излетуваа,па чудо нешто-а некој ќе рече се слаби-ај видете го Новески како игра за Мајнц,како играше вчера...:smir:
Ах местачи местачи...:pipi:
И на крај за селекторот ЛЕГЕНДАТА Јонуз...
Па шо очекуваме од човек кој зема/ше РЕКЕТ од играчите за да ги повика во репрезентацијата...:tapp:
Додека беше селектор на младата репрезентација НАПЛАЌАЛ ЗА СВОИТЕ УСЛУГИ по 600-1000 евра за играч за да го повика во репрезентација...:pishtoldz..
За во старата сигурно ТАРИФАТА е многу ПОВИСОКА...:pipi:
А замислете колку пари одат во ФФМ од овие провизии од играчите,од нивните менаџери и сл....+од местенките-па тешки милиони накалапија:eek:lee:
Па кој е будала да напушти ФУНКЦИЈА кога во федерацијата ФРЧАТ ВАКВИ суми....:pipi:
И власта си легна на брашното-им ги затнаа и нив устите со некое милионче и сега Хари и компанија се слободни шо сакаат да прават со фудбалот...
Е па кој ни е крив...Крива е државата шо не чело на најголемите спортски сојузи поставува вакви луѓе..:tapp:
Не е толку до играчите верувајте-па една Ерменија,Андора сигурно не се играчки поквалитетни од нас...:nenene:
Проблемот е ,покрај МЕСТЕНКИТЕ, е во ПСИХАТА И НЕПРОФЕСИОНАЛНИОТ ОДНОС на играчите....

Шо би направила една нормална држава на наше место?
Би ги сменила КОМПЛЕТНО грото од играчите...
Некој ќе каже,тие се играчите-па ќе се најдат играчи,од втора,трета лига,кои ќе ИГРААТ СО СРЦЕ И ДУША ЗА МАКЕДОНИЈА,а не бездушно и ноншалантно...
Барем за 12,13 играчи ќе закршиме тим,и така сме сега на нивото на Андора,Катар...и така немаме амбиции,а кога сме ги имале?
Па на шо личеше потегот на Ванчо Шиков во петокот во Братислава..:nesvest:
Задржува намерно време,се влечи по терен,па одма влегува без дозвола на судијата,па нормално дека ќе ти закачат црвен бе дудук еден:violent1:..
Не си фудбалер ако имаш 10 КИЛА ГЕЛ на косата,и да трчкараш само теренот,и да внимаваш единствено дали ти е добра фризурата...:shok::shok::shok:...
Абе сиктер на пасење овци дрво едно..
Па и Јонуз ќе дели правда,па го тргачи судијата да ја смени одлуката:pred:
Јаооо људи ово нема ни о Београду...:tapp:
Па еве ти и тебе бато црвен и пријатно....
Абе се додека се овие луѓе во и околу ФФМ,се додека се репката играат вакви тн ЗВЕЗДИ(а во реалниот фудбал се тотални анонинуси)нема да има фудбал во Македонија,....
На Македонија и требаат вистинските деца да играат за селекцијата,не некои татини синови,кои плаќаат за да играат-се со цел да можат да направат некој мизерен трансфер од 50 000 евра во некои петпарачки нискобуџетни лиги...:kesa:
Ова е срам за Македонија....Затоа никој не не цени,зошто не знаеме да го негуваме она шо е најсвето во спортот -а тоа е репрезентацијата..
Таа е најважна,а не некои залижани лигуши кои се мислат дека се звазди а не се ништо,само нискоценети фудбалери..
Нека научат малку шо е професионализам..ама со овие ограничени мозоци шо ги имаат нема да го видиме тоа чудо...
Освен неколку играчи-никој не заслужува да игра за Македонија-никој...
Подобро да играме со играчите од лигата,барем ќе се трудат....отколку со овие фудбалски гастабајтери..:tapp:
Не вреди да се коментира,џабе си го изгубив времето пишувајќи го постот,ама морав да испукам се шо ми лежи на душата...:violent1::violent1::violent1:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Издвои само неколку фудбалери,Горан Попов и Новевски со срце играа денес :smir:
Абе дечко ти вчера фудбал глеаше или Бандини , што играл Новевски вчера жити мене казжи ми , зашто стварно незнам
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Абе каква местенка не се праите мрднати,Хари ли е крив што Ристич од 5 шанси незнае гол да даде и Шумуликовски што се пушта клизачи на празно!!Голманот им бранеше многу добро,а иначе за контрите ни ги направија бидејки игравме со формација 3-2-5 и немаше никој позади!!За секој кикс со слаба репрезентација вие одма викате местена дај не бидете смешни,неможе секогаш да победи фаворитот тоа да ви е јасно
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.149
Поени од реакции
4.033
Глејте утакмица па коментирајте, Пандев ако гледал некој знае дека неможеше да направи замена дека поминаа сите, на една нога беше ти сакаш пенал да ти изведе.
Искрено ја не ни видов како се повреди Пандев... Изведе корнер и падна на земја?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom