Македонска фудбалска репрезентација

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.630
Поени од реакции
59.546
За еден Ристич очи вадите,Пандев од го*но по долу го правите а 15 минути повреден стоеше на теренот ако не му беше за репрезентацијата ќе излезеше.
Ако знаете за Пандев од Македонските медиуми и сте читале Маестрален Пандев или Феноменот Пандев и очекувате чуда тоа е друго.Јас кој пратам секој натпревар на Интер да ви кажам дека денес Пандев подобро изигра од 90% случаеви за Интер како игра.
Ова не е Голф а фудбал треба 11 играчи.
Сите од фан-клуб Интер истото им го кажуваме ама испаѓа дека го браниме оти бил „наш“ :)
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Ако му беше за репрезентацијата ќе излезеше. Како ќе помогни повреден, само стои како забетониран да е. И утре да ми речи играв повреден.
Имаше три замени како да излезе.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.979
Поени од реакции
16.368
Пер Тодоровски не беше нешто лош. Баш спротивно у дефанзива не видов да го пројдат. У напад не е нешто посебно,физички е слаб и плус е спор. Али од тоа што го имаме на располагање за таа позиција одличен е. :)
И на мене не ми беше нешто лош, можи еден од подобрите на теренот, послем Ристиќ, Тричковски и Попов...солидна партија од негова страна, мислам дека треба да му се дади шанса.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Од играчки аспект, ако воопшто може и да се гледа од тој аспект сега, (кога друго треба да се менува)... фали и еден вол у одбрана, некој како што беше Седлоски... али тоа е мала дупка у споредба со другите кои ги има у нашиов фудбал сега...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.190
Поени од реакции
46.403
Пандев нит е роден лидер, нит ѕвезда во екипа, он функционира ако има 2-3 квалитетни играчи во нападот и средината, он никогаш во кариера не носел тим на свој грб, ова е ко Бугарија да се надева дека Бербатов ке ги води кон национални успеси, или Велс да се надева дека Бејл ке ги носи на грб во овој квалификациски циклус ( или Белами ) и слично ....
Пандев во моментов е у очајно лоша форма, неговата игра е таква каква што е, нит е дриблер нит е играч кој може да прави кросеви на терен, денес а и со Словачка ( каде беше за нијанса подобар ) го покажа она што го покажува и во својот сегашен тим сезонава.
Ако оваа екипа се потпира целосно на него тогаш од старт им е препишан неуспех, и човек со површно гледање на работите во фудбалот ке знае дека Пандев игра кога и тимот му игра, ако тимот е катастрофален, и Пандев е очаен и обратно. Незнам за вас, али јас воопшто нит сум изненаден, нит сум разочаран од неговата игра зашто не фантазирам и не го гледам ко лидер во овој тим, или ѕвезда и слично, без разлика што игра за италијански и европски шампион ( ова уствари и многу ве лаже, ви создава искривена слика за него па мислите дека го имаме Дел Пиеро, Меси или Зидан во екипава ).

Нејсе тоа, денес до солзи бев разочаран на стадион за прв пат у мојов живот, очигледно е дека кај 90% од фудбалската јавност чашата е прелеана а што е најтрагично, ова денес што го видовме е и максимумот, ке објаснам и зошто ...

1.
Реално, овие 11 се најдобриот кадар со кој располага нашата репрезентација, плус-минус 1-2 али тоа, разлика во квалитет нема, а истиот реално е скалила под оној на Словачка, Ирска и Русија ( скалила-скалило сеедно )
2. Аналогно на ова од погоре, ок, ке важи и муабетот дека посилниот на хартија и не победува секогаш ( точно, примери мал милион ), али тука доаѓа и другата кочница, ЈОНУЗ. Факт е, дека кога ке ја погледмене групата, победничка формула во истата од овој наш тим може да се извади, ( ко што Ото тоа го направи од Грција на ЕП04 ), но тренер ко Јонуз тоа не е способен да го направи, нема теорија, нема никаква шанса со овој тим да ги измеша епруветите и да добие една победничка формула која ок, нема да ни загарантира прво или второ место, али бар ке ни ја донесе КОНЕЧНО онаа еуфорија за пласман на големо натпреварување.
3. Состојбата во нашиот фудбал, ко пациент на реанимативно сме, апарати не одржуваат у живот без право за еутаназија.


3 доста важни фрагменти кои едноставно налагаат една единствена слика, очај и беда, очај и беда карактеристика за нашиов фудбал години и години наназад, и што е најтрагично, излезната врата од овој проблем бар јас во моментов не ја гледам во наредниве 5 години, кога ке помине и овој циклус, и циклусот за СП. Една Црна Гора, која стана независна во 2006, е со изгледни шанси за настап на големо натпреварување, и Албанија кад-тад ке стигне до такво нешто, а ние ? Ние ке сме озонската дупка на балканов, и затоа не можам да ги сватам оние кои ке земат и пример за Србија ке кажат дека се лузери, дека се такви, дека се онакви, едноставно немаме никакво право да збориме за било кого такво нешто, не за Србија, не ни за Буркина Фасо и Етиопија.

За греота сме ...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.630
Поени од реакции
59.546
Ако го одземеш Пандев,сите други имаа кондиција. Попов не коментирам знаеме каков ѕвер е сите, Тричковски трчаше и пробуваше да направи нешто до крај. Наумовски,Деспотовски Илијоски беа ново влезени ( можеа да трчаат значи ) Шумуликовски. Што значи све се сведува на тоа дека глупите измени го изгубија овој натпревар. Ја се кладам дека ако останевме на 4-3-3 до крај,со Ристиќ во напад ќе дадевме гол. Попаметно ќе беше да го стави Наумовски место Пандев. Врвен играч е океј,али ако неможеш да трчаш бате џабе ти е се.
Иначе Илијоски влезе на местото на Георгиевски. Славчо не беше нешто посебно али покриваше колку толку позади.

п.с Младите изгубиле уште еден натпревар,од Португалија со 3-1. Стрелец за нас бил Алтипармаковски со гол у 90+ минута.... Циклусот го завршивме со само 2 нерешени резултати....
Се слагам. И во Интер кога не може излегува, нема друго. Вака само повреда собра за ништо, и на крајот пак крив. Најмногу е до измените, а тие се катастрофални.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Бтњ прославувањето на Ѓуровски влегува во 5те нај геј прославувања :)
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Се глеа колку пратите фудбал,сакате Пандев да игра како во Интер епа не бидете смешни !!!Таму ги има Снајдер,Ето и Милито знаат да проиграт,тука со кој да игра бе со Ристич,Шуми,Тодоровски !!!10 пати во годината се гледаат а вие сакате од Пандев да растура со нив,или па сакате сите да земе и да ги помине пссссс!!!Па еден Меси и Роналдо се изгубија на светско од што ги затворија убаво а не па Пандев
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Тоа е, најмногу се очекува од Пандев и со право е тоа заш игра во најдобриот Европски клуб лани!!! Да да најдобриот Европски клуб и некој немој да ми зборел дека Пандев изиграл добро на оваа утакмица. Гледајте Попов и еден Тричковски кој игра во Кипар се подобри од него... не е срамота за него?? Нема со кого да игра... па ако не Попов и Тричковски со кого играа?? Со истите играчи што игра Пандев, тоа значи дека Тричковски е подобар од Пандев чим овој неможе да се снајде со тие играчи... Па ако незнае да се снајде со други играчи освен тие од Интер подобро нека не игра....
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Кире бе, секој има право на свое мислење, ама тоа дека Ристиќ заслужува место го мислиме 90% од членовите на форумов!
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Кире бе, секој има право на свое мислење, ама тоа дека Ристиќ заслужува место го мислиме 90% од членовите на форумов!
Ок мислете го и понатаму али ја си стојам на мојот став дека не треба да игра,и да баш сакам да игра во наредните натпревари па да видиме кој бил во право
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.190
Поени од реакции
46.403
Тоа е, најмногу се очекува од Пандев и со право е тоа заш игра во најдобриот Европски клуб лани!!! Да да најдобриот Европски клуб и некој немој да ми зборел дека Пандев изиграл добро на оваа утакмица. Гледајте Попов и еден Тричковски кој игра во Кипар се подобри од него кога игра тој за репрезентација... не е срамота за него?? Нема со кого да игра... па ако не Попов и Тричковски со кого играа?? Со истите играчи што игра Пандев, тоа значи дека Тричковски е подобар од Пандев чим овој неможе да се снајде со тие играчи... Па ако незнае да се снајде со други играчи подобро нека не игра....
Пандев во Интер а и во Лацио игра до 60та 70та минута ( и тоа во тим каде 11 души ораат на терен, тренирани во најдобрите можни професионални услови ) и толку му е максимумот, затоа нека не ве лажат медиумиве за '' феноменот '' Пандев, зашто зборот ЛИДЕР во фудбалот има една тежина, тоа е титула која не може секому да му се додели, тоа всушност само удира потврда на кое ниво ни е фудбалов. Пандев е добар играч, но за екипа која поседува квалитет, тоа е 1 од оние играчи кои се шлепаат со останатите. Стави го Флечер од Манчестер у некоја треторазредна екипа па ке добиете 1 просекус од играч, али во Јунајтед некад знаел да биде и клучен играч и најдобар на теренот ( а со Шкотска сите знаеме до каде може да истера ) ...

А за Попов и Тричко, стварно незнам што денес покажале па да ги двоиме ко добри, т.е., твојот стандард за '' добро "' очигледно е премногу низок, зашто јас денес ништо добро не видов на терен, сериозно, ништо добро ...
Горе ги набројав условите во кои живее нашиот фудбал, само реков, чашата е прелеана па се разочаруваме, иначе кога ке се обидеме да ја согледаме реалноста тоа е тоа, ова е нашиот максимум, ние сме дното на балканскиот фудбал, соочете се со тој факт, ова е дното на кое не доведоа оние од "' горе ''.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom