Македонска фудбалска репрезентација

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Лазевски е капитен на младата репрезентација и стварно не ми е јасно што толку чекаше за да го повика, мораше да биде повикан за мечот со Малта. Иако ова е неофицијално, доколку е точно ќе ми биде многу мило што Лазаревски и Ибраими се отфрлени од составот. Овој вториот не може да игра ни за вториот тим на Шалке поради тоа што нема пасош од земја членка на ЕУ.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.121
Поени од реакции
3.980
Ако официјално се потврди тоа што е на страната ондак е добро. Мило ми е што Тодоровски ќе се врати во тимот и дека ќе ја превземе позицијата на Лазаревски... У секој случај лично очекував дека покрај Ибраими, вториот што ќе биде избркан од репрезентација ќе биде Георгиевски (а не Лазаревски), пошто стварно нема појма од фудбал тој чоек, али ај...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Славчо не е лош играч, а и моментално нема некој многу подобар од него, а барем он до сега колку што знам има првотимски статус во неговите тимови.
Ибраими е посебна приказна, како влегол он во репрезентација само малку луѓе знаат :)
 
Член од
2 јуни 2010
Мислења
42
Поени од реакции
8
А Алими бе шо ќар од него:kesa:стварно не знам од кај овој залута во репрезентацијата едноставно изгубен е коа игра како да играме со играч помалку ептен бескорисен има ногу играчи заслижуваат повик пред него Тасевски,Фетаи,Сулимани.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Славчо не е лош играч, а и моментално нема некој многу подобар од него, а барем он до сега колку што знам има првотимски статус во неговите тимови.
Ибраими е посебна приказна, како влегол он во репрезентација само малку луѓе знаат :)
Првотимски статус има, ама во екипа од Азербејџан :) Мислам дека Тасевски треба да биде повторно повикан во репрезентација, во Бугарија зборуваат дека е можеби најдобриот играч во првенството на неговата позиција.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија го објави списокот на играчи, на кои смета за квалификациските натпревари со Словачка, во Братислава на 3. септември и Ерменија на 7. септември во Скопје.
На списокот се најдоа 22 играчи. Од стандардните репрезентативци, Јонуз не ги повика Владе Лазаревски и Бесрат Ибраими.
Список на играчи на фудбалската репрезентација на Македонија:
Голмани:
Един Нурединоски-Етникос, Кипар
Дарко Тофиловски-Кошице, Словачка
Мартин Богатинов-Работнички
Одбрана:
Бобан Грнчаров-АПОЕЛ, Кипар
Игор Митрески-Нефчи, Азербејџан
Николче Новески-Мајнц, Германија
Ванче Шиков-Етникос, Кипар
Ред за врска:
Александар Тодоровски-Рад, Србија
Горан Попов-Динамо Киев, Украина
Александар Лазевски-Партизан, Србија
Арменд Алими-Истра, Хрватска
Агим Ибраими-Марибор, Словенија
Славчо Георгиевски-Нефчи, Азербејџан
Величе Шумуликовски-Новосибирс, Русија
Марио Ѓуровски-Војводина, Србија
Филип Деспотовски-Волин, Украина
Напад:
Горан Пандев-Интер, Италија
Ацо Стојков-Арау, Швајцарија
Илчо Наумоски-Матесбург, Австрија
Стевица Ристиќ-Будјонкор, Узбекистан
Баже Илијоски-Гангвон, Ј.Кореја
Иван Тричковски-АПОЕЛ, Кипар.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
Лелееееееееее што е со составов бе... Го земал Мартин Богатинов хахахахахахахаха
Го земал и Баже Илијоски. ОМГ па типот не се врати во посакуваната форма откако заработи повреда која го оддалечи од терен година дена. Идеме на Арменд Алими. Многу ми се допаѓаше како играше во дресовите на Милано и Башкими, па и водресот на младинците, но откако дојде во сениорите е право дрво. Редов за врска има многу новаци, па ќе видиме како ќе се покажат. Мило ми е што назад е Величе :)
Не го земал Гроздановски :toe: И јас не би го земал, кога потпиша за тим од втора лига на ИРАН :tapp:
И пак го земал Ристиќ... Боже господе, боље Арбен Нухију да го земел :pos:
Аце Стојков исто така земен. Се вишок играчи у пм...
Плус подобро да го земел Положани, место Агим Ибраими. Тешко нас квалификацииве...
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.902
Поени од реакции
7.454
Ацо стојков освен брзина ништо нема ,Ристиќ освен карате зафати ништо друго нема,Баже Илијоски не верувам дека ќе влезе во игра мислам дека е колку да потполни место,е сега иам една забелешка ,Владе Лазаревски морал да го земе макар и да седи на клупа...иначе за оваа левава бековска позиција не знам што ќе прави...и Попов и Лазевски се одлични иако мислам дека Попов ќе има предност..централните дефанзивци солидни....не се камења,Нурединовски ми се свиѓа како брани(само да не праи киксови)средината си е стандард со Шуми и Деспо,Ѓуровски внесува многу брзина и игра одлично во нападот каде што Пандев верувам ќе гази во квалификацииве ,а Тричко само да продолжи така,најдобар играч до сега у репрезентација.:salut:

Заборавив да пишам за Дарко Тасевски...дечкото имаше несакана повреда што го оддалечи од фудбалот 2-3 месеци,напорно работеше се врати во форма игра во Левски(можеби и најдобар играч)и овој Јонуз ОФЧАРОТ ми го земал Алими место него...стварно не го разбирам
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Годинава најкатастрофални резултати. Паметете го зборов.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Добро составот е горе доле тој што се очекува и што игра последниве години заедно.

Не ми е јасно само зошто имаме 6 напаѓачи на списокот (иако 2ца од нив се класичен вишок), а во одбраната имаме само 4 - 5 и со евентуална повреда би имале проблеми.

Голманов исто ми е ризик. Што се случи со Јане Николовски, се повелече од репрезентација или?
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.797
Поени од реакции
5.563
Баже Илијоски о мај факин гад... уште ли со Ацо Стојков ц ц ц .... кој знае колку пари Јонуз им зима на овие двајца за да ги стави на список... кој знае колку пари...

--- надополнето ---

Добро составот е горе доле тој што се очекува и што игра последниве години заедно.

Не ми е јасно само зошто имаме 6 напаѓачи на списокот (иако 2ца од нив се класичен вишок), а во одбраната имаме само 4 - 5 и со евентуална повреда би имале проблеми.

Голманов исто ми е ризик. Што се случи со Јане Николовски, се повелече од репрезентација или?
Јане Николовски се повлече од фудбалот јас колку што знам... не сум сигурен ама така мислам....
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Добро составот е горе доле тој што се очекува и што игра последниве години заедно.
Не ми е јасно само зошто имаме 6 напаѓачи на списокот (иако 2ца од нив се класичен вишок), а во одбраната имаме само 4 - 5 и со евентуална повреда би имале проблеми.
Голманов исто ми е ризик. Што се случи со Јане Николовски, се повелече од репрезентација или?
на овие квалификации Јонуз ќе јуриша само на победи,затоа толку многу напаѓачи:pos2:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
Јане Николовски се повлече од фудбалот јас колку што знам... не сум сигурен ама така мислам....
Точно, Јане Николовски се повлече од репрезентацијата, за целосно откажување од фудбалот не сум сигурен. Инаку Милошевски ја одбил поканата а и Чеде јаневски додал дека не е поготвен Перо да брани на овие мечеви пошто имал несакани повреди во минатото.
Нурединовски е сосема добар голман и не сум загрижен за голманската позиција. Тука некаде е со пачовски...
Тофиловски е истотака солиден голман, а многу ми е смешно што еден Богатинов дотурка да игра во репрезентацијата, но тоа е нема ни друга замена., Јорде пливачот е повреден, а од Македонско еден од подобрите е Ников ама му треба уште леб да јаде за да стигне до репрезентација. Маџовски самиот се закопа со одлуката да игра во Виетнам :pop:
И мене не ми е јасно што ќе му се толку напаѓачи а само 4 одбранбени играчи. Морал да го земе и Владе Лазаревски колку и да не заслужува, а не да ми трупа безвеза напаѓачи. Наместо Ристиќ, Стојков и Илијоски можел да земе еден напаѓач...
Штета што мора да ја трпиме оваа корумпирана федерација и играчи кои се наоѓаат во екипата по заслуги на богати татковци и врски со федерацијата... Впрочем и трнерот ни е од исто семе...
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Имаме 7 играчи во одбрана заедно со бековите кои овде се вметнати во средниот ред.
Зашто не е повикан Васовски?? Повреден е нешто или??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom