Македонска фудбалска репрезентација

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Добро е шо победивме во ваква кризна ситуација во Мак Фудбалот!

Гуровски мора да се користи повеке за да Пандев има повеке слобода без топка.
Пријатно изненаден од Тричко, разочарано од Шуми, радосен за Попов кој докажа дека ги има сите квалитети за еден елитен европски бек!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
da i vo 12 30 mislam deka se igra
zal mie sto ne mozev da gi gledam vcera no vo sekoj slucaj dobro e sto probva novi igraci i bi se slozil so naum skoro vo celost za tiom edinstveno sto ivanovski bi go rotiral i bi igral so toj sto ke bide vo najdobra forma pa ako treba i igrac od naseto prvenstvo neka bide
a za toa sto nemase prenos ne znam sto da recam osven se da mu ebam na gazdite na tv nasi da ne recam gupski ili grcki srpski advokati za ovie komunjarite pa spancite gi dadoja :nesvest:
Мислам дека се игра во 19:00, исто во Австрија, само на друг стадион и во друг град.
ако веќе играме поофанзивно мислам дека Наумовски е единствениот кој треба да е сигурен во првата постава,кога игра за Македонија ретко да немал добар натпревар досега....треба да се пронајди неговиот партнер најнапред,а Пандев секако да ги храни со топки позади нив.....се надевам дека Марио за брзо ќе напредне па така тој би го зел местото на Пандев зад напаѓачите,а Пандев би бил најистурен со што зад оваа тројка сите останати би биле само одлични 100%подготвени физички играчи,а за головите би била задолжена оваа тројка Наумоски-Пандев а зад нив Марио
Е како да му биде загарантирано на Наумовски местото, кога трча како мува без глава, а да не заборавам и на тоа што на секој меч прави прекршоци за жолт картон. Нема и многу постигнати погодоци.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Не знам кој од вас пишал дека сме играле убаво, кога не игравме убаво... Сепак нема да ги критикувам зашто врнеше, теренот беше мал, а и сепак беше пријателска со неколку нови имиња...
Баже и Шуми аут обавезно.... Тој Баже кога ќе размислам дека игра професионален фудбал а таква контра ја уништи како дете во маалски фудбал мене ми е криво што се откажав мислејќи дека има подобри од мене :tapp::tapp:
Шуми покрај тоа што им го намести голот, при корнер(или слободен) на Азербејџан го остави играчот на Азербејџан сам да шутира, среќа овој беше дрво па топката ја удри со глава како да удира ѓуле....

Одлични голови на Марио и Иван, тоа е тоа што се бара, такви шутеви, а не некои килави потези на Ристиќ и Баже.... Еее го заборавив и Стевица, и тој мора да ја напушти репрезентацијата, никогаш не ми се свиѓал како играч, и нема да ми се свиѓа....
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Е како да му биде загарантирано на Наумовски местото, кога трча како мува без глава, а да не заборавам и на тоа што на секој меч прави прекршоци за жолт картон. Нема и многу постигнати погодоци.
не знам шо гледаш,меѓутоа откога е Наумоски во репрезентацијата е незаменлив....висок,корпулентен,одлично се гради и знае како тоа да го направи,добра прегледност и не баш перфектна но добра реализација....кажи ми кој е подобар од него години наназад во репрезентацијата,а продефирирале доста играчи
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
aj golovite od vcerasniot natprevar nekoj neka gi postavi
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.491
Поени од реакции
8.652
Победа за јубилејот на Седлоски Азербејџан - Македонија 1-3
Недела, 30 Мај 2010 12:58


Македонската фудбалска репрезентација иако ослабено со отсуството на нашиот најдобар играч, Горан Пандев успеа да ја надигра селекцијата на Азербејџан предводена од познатиот фудбалски тренер Берти Фогтс и да ја совлада убедливо со 3-1 (1-0).

Нашата репрезентација на оваа средба стартуваше во следниот состав: Пачовски, Попов, И.Митрески (Седлоски) , Грнчаров (Новевски)Лазаревски (Тодоровски) , С.Георгиевски (Шиков), Деспотовски, Шумуликоски, Куртиши (Илијоски) , Тричковски, Ристиќ( М.Ѓуровски) .Селектор : Мирсад Јонуз.

Нашата репрезентација поведе во 8. минута по извонредниот удар на Иван Тричковски, кој го постигна својот првенец во националниот тим. Во 66м. Деспотовски со помош на Садигов кој ја допре топката зголеми на 2-0, а во 88. дебитантот Ѓуровски го постигна веднаш и дебитантскиот погодок за убедлива предност на нашиот тим од 3-0.



Во 90-тата минута Мамедов ублажи на конечни 3-1 за Македонија.

Ова е трета победа за нашата селекција во 4. дуел против Азербејџан и петти натпревар без пораз ( четири победи со Катар, Канада, Црна Гора и Азербејџан и нерешено со Иран).

- Им честитам на моите фудбалери за добриот натпревар, на кој доминиравме сите 90минути. Дебитантите Ѓуровски, Тричковски и Куртиши, како и останатите играчи ја оправдаа довербата на овој натпревар и што е најважно по подолга пауза голови постигнуваат и играчите од средниот ред. Победата против Азербејџан е веќе минато и од денеска се подготвуваме за следниот предизвик во среда кој се вика Романија. Уште еднаш му честитам на капитенот Седлоски за 100-тиот настап кој беше бурно поздравен од публиката. Останатите кои не настапија вчера како Ибраими, Савиќ, Алими, Грозданоски и Нурединоски ќе добијат шанса против Романија. За утре се предвидени два тренинга, а во вторник еден. Повредени нема , само Грнчаров го ослободивме од репрезентативните обврски- изјави денеска, ден по натпреварот селекторот Јонуз.



Дебитантот Ѓуровски не го крие своето огромно задоволство од успешното деби:

- Повеќе од задоволен сум со мојот дебитантски настап. Вистински начин да се оправда довербата на селекторот. Пред се одличен натпревар и резултат за нашата селекција со три прекрасни гола и пред се лесна и течна игра со многу додавања што мене многу ми одговара и се надевам дека брзо ќе се вклопам во системот на игра на селекторот Јонуз на кого му се заблагодарувам што ги следеше упорно моите настапи во тимот на Војводина и ми даде шанса да се докажам во националниот дрес. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата и ќе се одолжам со добра игра и голови.
Следниот натпревар е на 2. Јуни во Вилах кога Македонија игра против Романија (19ч).
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Наумовски е меѓу ретките кој игра со срце за Македонија. Уште него да го избркаат и незнаем тогај кој ќе игра. Не заебавајте Илчо дава 100% на секоја утакмица, знае да намести топка, знае да се загради...доста корисен играч у секој случај.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Има хајлајтси од утакмицава негде?
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Добар играч е Илчо. Секогаш максимално ангажирано игра,цврсто борбено. Знае да направи и некои глупи,непромислени стартови али дефинитивно заслужува место во нападот покрај Пандев. :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Ја не се сеќавам дека Илчо изиграл толку лошо, знае да прави глупости ама игра со срце. Дефинитивно заслужува да е во репрезентацијата.
Ма да реков, проблемот не ни е во нападот, туку во плејмејкерот. Се надевам дека Марио ќе оди во нагорна форма, па со него зад напаѓачите, како што пиша некој погоре може да лупнеш и тројца ДМ, само нека разбиваат :)

И честито 100ти натпревар на капитенот...
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Кога играме со Романија,во колку и дали се знае за пренос нешто?
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.910
Поени од реакции
731
Кога играме со Романија,во колку и дали се знае за пренос нешто?
2. Јуни во Вилах кога Македонија игра против Романија (19ч)

толку неможеше да ја разгледаш страната ,на нејзе пишуваше :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Илчо немал лош натпревар? Илчо бил одличен играч? Илчо бил незаменлив? Или е до мене или е до повеќето од вас.

За срце дека дава секогаш нема збор, но Илчо во нападот е тоа што е рачната кочница кај колата. Му ја даваш топката на него и толку од полу - контра, контра што и да е. Можеби знае да се загради, но за жал тоа не го прави во 16 - ник, него на 30 метри од гол кај што е бескорисен (тука удел имаат и тренерите кои го имаат ставано да игра крило, што за играч со негова конституција е бесмислено). Да не ги забораваме тотално глупавите жолти картони во 5та минута, еден куп фаули во напад и обиди за изнудување фаул.

Не дека некој се покажал нешто посебно подобар досега за да го замени во нападот, но никогаш не ми се допаѓал како играч и мислам дека треба да се бара алтернатива за нападот, како што се Ивановски или ете сега Тричковски кој гледам дека го фалите.

Единствена предност на Илчо е што е стандарден во екипата и што таму се истура од голови, што за жал не го пренесува во репрезентацијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom