Не е лесна групата, но и реално во било која друга ќе беше сличен коментарот. Едноставно од прв шешир сите се посилни од нас (иако Русија тотално не надигра минатите квалификации па не ги посакував), во втор шешир горе доле исти ѓавол ни се фаќаше, единствено од третиот шешир можевме да имаме повеќе среќа да ни се падне Бугарија, Израел, С. Ирска).
Реално ако сакаме да одиме во бараж, нема правдања со тешка група, дома не смее да се изгуби, мора да се добијат сите дуели (евентуално со исклучок на Русија), во гости да се победат аутсајдерите и на останатите 3 дуели барем 4 бодови и ете бараж.
Не сум премногу оптимист, но сепак останува да видиме.
Русија не надигра во Скопје, но во Москва на 1 - 0 да реализираше пенал Митревски којзнае што ќе беше.
Словачка не има многу пати победено но пред 10на години. Во моментов не е ништо посилна од останатите репрезентации во 2 шешир.
Р. Ирска е незгоден противник, не ја игра онаа типична островска игра, но сепак верувам дека во Скопје можеме да ги добиеме.
Со Ерменија и Андора нема да кажам дека сум сигурен во 12 бода, но ако сакаме конечно да смениме нешто тоа е единствена опција.