Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Хммммм...по што го забележа ова само незнам. По нерешениот дуел со Естонија во Скопје, по поразот од Андора? По поразот од Исланд? Или пак само ги виде нерешениот со Англија и победата со Шкотска? Ма каков Катанец бе, не дупи како што сака. Ќе останел додека ги загубиме и теоретските шанси за СП. Ма немој молимте. Може се сожалил за Македонија па сака да остане до крај на квалификациите? За тие 5-6 месеци што ќе остане + има само 3-4 утакмици, што значи ќе дојде само 3-4 пати во Македонија а ќе зема редовно плата за секој месец. Незнам што го ебаваат, нека го избацат одма да не го гледам! Мисли којзнае што е овде, КЛОШАР! Ама тоа е, каква федерација така и се останато. Ако очекуваме нешто од хари педерот далеку сме стигнале...

Neshto si greshka. Dodeka beshe Katanec na celo nie ne izgubivme od Andora.
 
МАКЕДОНИЈА НАВИВА ЗА ВАС - МАЛА ПРЕСПА, АЛБАНИЈА

Ааа што ќе кажете на ова :helou:
 
Нема шо да се кажи за ова....можи чоек само да се радува... Ама и треба МАКЕДОНИЈА да чувствува обврска кон сите МАКЕДОНЦИ кај и да се (во ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА кај шо се НАРОД и надвор од неа кај шо се малцинство)...
 
denes vo gevgelija se odigra natprevarot pomegu zenskata reprezentacija (seniori) na mkd protiv kadetite na kozuf 93-94. kozuf pobedi so 5-1 :P
 
абе има некој, некоја информација колку ќе бидат картите за со норвешка? за помалку од 5 дена играме, а никој ништо не кажува, сите победа ми ја зборат:tapp:
 
абе има некој, некоја информација колку ќе бидат картите за со норвешка? за помалку од 5 дена играме, а никој ништо не кажува, сите победа ми ја зборат:tapp:
и со норвешка и со исланд влезниците ќе бидат по 500ден.:helou:
 
500 денари?!?!?! Значи афтоматски никој од страна не можи да појди да ја гледфа репрезентацијата!!!
2*{500(влез)+500(пат)+200(сендвич и пиво)}= 2400ден
Е шо е многу многу е...и стадионо бил празен....Е ПРАЗЕН ЧЕ БИДИ БЕ ко че појда тие шо имаат пари, а не тие кои САКААТ ФУДБАЛ!!!
 
На сајтот на ФФМ нема ништо така да не ширете шпекулации...500 за Исланд е блиску до мозокот :lud:
 
Пандев: Натпреварот со Норвешка е да се биде или не

МИА
prazno.gif
prazno.gif
02.06.2009
goran-pandev-so-real.jpg
Горан Пандев
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е оптимист пред квалификациските дуели со Норвешка и со Исланд што Македонија треба да ги одигра на 6 и на 10 јуни во Скопје.
„Натпреварот со Норвешка за нас е да се биде или не. Во сабота ние треба да го дадеме максимумот и мислам дека можеме да победиме и сите треба така да размислуваме. Норвешка игра различен фудбал од нас, па затоа не очекува многу тежок меч. Не е важно дали јас или некој друг ќе постигне гол, важно е само да победиме“, изјави на денешната прес-конференција во Охрид Горан Пандев.
Селекторот Мирсад Јонуз е задоволен од условите за подготовка и повика до медиумите, навивачите и целата јавност за целосна поддршка.
„Од вчера сме комплетирани и само може да радува здравствениот билтен бидејќи сите освен Новески се здрави. Чест ми е што сум селектор на Македонија и мислам дека можам да одговорам на предизвикот за кој знаев што ме чека уште пред да се нафатам да бидам на оваа функција“, рече селекторот Јонуз.
Капитенот Гоце Седлоски очекува тешки натпревари во двата дуела, изрази комплименти за играта на противниците, но него го интересира само нашата игра.
„Мораме да постигнеме добар резултат, а добар резултат за нас е победа. Атмосферата во репрезентацијата е супер и добро се прифатени сите нови играчи. Тоа што поминало е зад нас, а сега гледаме напред“, изјави капитенот Седлоски.
На саботниот дуел против Норвешка во Скопје се очекува да дебитира Филип Деспотовски.
„Атмосферата во репрезентацијата е одлична. Супер сум прифатен од соиграчите и мислам дека со победа на претстојниот дуел многу ни се зголемуваат шансите за учество во баражот. Доколку ми се укаже шанса за настап во репрезентацијата ќе се обидам на најдобар можен начин да ја искористам“, рече Деспотовски.
 
T-Home и T-Mobile во недела на 7 јуни од 12 до 14 часот во Градскиот парк кај Школка, организира партија фудбал со најдобрите македонски фудбалски репрезентативци.

Присутните ќе имаат единствена можност да ги научат најдобрите фудбалски трикови лично од омилените македонски фудбалери, да се дружат и забавуваат во една релаксирана атмосфера.

Љубителите на фудбалот имаат ретка шанса да изиграат “еден на еден” со Горан Пандев, да ја одмерат силината на ударот со Величе Шумуликовски, или пак брзината на Горан Стојков, како и да се дружат со другите македонски репрезентативци кои ќе бидат дел од овој настан на T-Mobile и T-Home.

Ќе бидат организирани повеќе различни игри, а можност за учество ќе имаат првите 100 посетители кои ќе дојдат и ќе се регистрираат во Градскиот парк. Најсреќните ќе бидат наградени со топки и маици потпишани од нашите репрезентативци.

Ова е добро, ќе одам да се одмерам еден на еден со Горан Пандев :icon_lol: Не го прашувам кај би сакал да прави трансфер, зашто сам си кажа дека навива за Милан и сака да игра во Милан :icon_lol: :pipi:

Во секој случај со среќа на момциве вечер против Норвешка.
 
Гледај повреди го таму и да не може да настапи вечер отиде некоја братучетка!!!:kesa:
Шала, мала шала се надевам не се лутиш!:toe:

Инаку интересна работа ова за запознавање со репрезентативците за некој кој не ги видел наште Ѕвезди!!!:vozbud::smir::helou:
 
Како може да го повредам утре, а тој да не може да настапува вечер :icon_lol:
 
500 денари?!?!?! Значи афтоматски никој од страна не можи да појди да ја гледфа репрезентацијата!!!
2*{500(влез)+500(пат)+200(сендвич и пиво)}= 2400ден
Е шо е многу многу е...и стадионо бил празен....Е ПРАЗЕН ЧЕ БИДИ БЕ ко че појда тие шо имаат пари, а не тие кои САКААТ ФУДБАЛ!!!
А знаеш што е најтрагичното? Што ти како обичен човек ќе влезеш на стадион со поштено платени 500 денари, а некој што е близок до федерацијата, дали има некоја роднинска врска со луѓето таму, или некој што работи во фирма што соработува со федерацијата, ќе си влезе бесплатно, тоест ќе ги пуштат без карти.
 
Македонија е пред вториот јунски скандинавски фудбалски предизвик. Исланд е репрезентацијата која двојно ги мотивира избраниците на Мирсад Јонуз.

Тензијата околу шансите преку бараж до Мундијалот во Јужна Африка, може да се сочува само со победа што би значела и одмазда за несреќниот октомвриски во Рејкјавик минатата година.

Тогаш со Сречко Катанец, излудувачки неефикасни и казнети типично фудбалски, сега со Мирсад Јонуз, кој втор пат како предводник на сениорите ќе се обиде да ги корегира своите 90 минути придонес во црната серија од 270 без гол во овие квалификации.

На денешниот прес беше конкретен во намерите да стигне до вториот триумф во овој циклус, за него прв селекторски.

„Везните играчи ќе мора да направат вишок, да направат поголема трансформација и во моментот кога ќе ја донесеме топката блиску до голот да можеме да ја гурнеме лево и десно и со завршница по бочните позиции да ги отвориме“, изјави Јонуз.

Без оглед на спецификите во играта на Исланѓаните, нашиот селектор брзо опоравување и ефикасност ќе бара преку нов приод во сите три линии.

Формацијата треба да делува поопасно со Лазаревски и Попов по бековските позиции, со засилување на притисокот во средниот ред и со поместувања во нападот. Наумоски ќе биде во шпицот со поддршка од крилните напаѓачи Стојков и Пандев.

„Мора да одиме на три бода, бидејќи тие ни се стари должници. Овие три бода од Исланд многу ни фалат, сите сме спремни да го дадеме својот максимум и мислам дека со три бода ќе ги дочекаме следните дуели против Шкотска и Норвешка“, рече Пандев.

„Сигурно дека сакаме да се реваншираме за поразот на Исланд, кој морам да признаам дека многу не болеше и сигурно дека имаме мотивација и сили да одиме на победа“, вели Лазаревски.

Утре од 17:45 на нашиот најголем стадион против Исланд целиме кон втора победа во четвртиот меѓусебен двобој. Апсолутно сме изедначени со нив со по една победа, едно реми и еден пораз и гол разлика 2:2.

А1
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom