ЏЕРАРД НЕ Е НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ-барем си признава
Англискиот интернационалец доби многу пофални зборови за формата во последно време, и Зинедин Зидан во периодот кога се играа натпреварите со Реал Мадрид рече дека Џерард е најдобар играч во светот.
Џерард постигна два погодока против Реал, потоа се запиша во листата не стрелци и поротив Манчестер Јунајтед а добриот период го заокружи со хет-трик против Астон Вила.
И покрај тоа што многумина веруваат дека тој е најдобриот, Џерард чуствува дека има многу талентирани играчи кои се на негово ниво.
“Навистина сум поласкан од тоа и разговорите за мојата игра и перформанси ми предизвикуваат насмевка.” – рече Џерард.
“Но не се сложувам со проценката дека сум најдобар играч од средниот ред во светот.”
“Има многу фантастични играчи и многу е убаво кога ме сместуваат помеѓу тие топ фудбалери.”
“Играчите чиј фан сум јас играат за Барселона. Андрес Ињеста, Лионел Меси и Чаци. Тие се фудбалерите кој ме возбудуваат кога ги гледам и си мислам дека се на ниво повисоко од сите други фудбалери.”
“Очигледно е дека Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед е исто така многу добар, но ме боли тоа што морам да го признаам бидејќи ми е ривал.”
“Исто така мислам дека имаме многу среќе поради тоа што Фернандо Торес е со нас. Тој е одлично засилување за клубот.”
“Тој е млад и веќе покаже даке е еден од најдобрите напаѓачи во светот.”