1-4...победа на Ливерпул ќе беше мало изненадување за мене, ама 1-4 за мене е големо изненадување.
Заради обврски скоро цел ден, не гледав ни во живо, ни снимка, ни голојте, ни статистика имам видено, освен шо разбрав дека завршило 1-4.
Од таа причина, нема да коменитрам ништо за самио натпревар, туку за то како, според моите гледишта, би се одразил ваквио резултат на расплето на FA Premier League, но и ЛШ.
Од Јунајтедов аспект.....во овие моменти ова е нешто премногу болно, пред се заради ривалството на двата островски клуба со најбогата традиција. Но од друга страна, ова доаѓа на десетина натпревари до крајо на Премиер; по освојувањето на Карлинг Куп со комбиниран состав, буквално лесното елиминирање на Интер од ЛШ, како и 15-ина натпревари без пораз во Премиер; настани по кои ѓаолите веројатно сметале дека се семоќни, никој не им може ништо (баш како и некои нивни фаној одве, кои изјавата на Торес дека Ливерпул мора да победи ако сака да остане во трка за титулата ја толкуваа, ни помалку ни појќе, туку за
ПОТЦЕНУВАЊЕ НА НИВНИОТ ЈУНАЈТЕД!!! Мислам, нон сенс е...смешно!). Затоа ова ќе биде ептен ладен туш за нив, шо им е многу потребно за финишот на сезоната во која атакуваат на сите титули.
Заклучок: Тешко прифатливо во овие моменти, ама разладување во вистинско време, пред фото-финишот на сезоната во која атакуваат на сите титули.
Од Ливерпулов аспект...резултатски декласирани најтрофејниот светски клуб, и моментално најдобриот светски клуб во само неколку дена. Се враќаат и во игра за англиската титула (барем математички). Премногу самодоверба, можи и добро да е то, ама можи и да пукни ко балон.
Заклучок: Самодоверба до небо, која сепак може да делува и многу негатвино (во шо исрено се надевам
).
Од Челзиев (навивачки) аспект....лош резултат од Олд Трафорд, едноставно Ливерпул најавува дека не се откажува од второто место (туку и дека цели и на првото), во случај кога Јунајтед треба да загуби уште три пати за да биди поминат, шо реално не е изводливо. Значи, јасно е дека шансите за титула се само математички, и второто место е најреално, ама Ливерпул покажува остри заби.
Заклучок: Ќе треба да се води жестока битка за то второ место со ливерпул-овците.