Премиер лига - најава 28. коло
02.03.2009
Во наредните два дена ќе бидат одиграни натпреварите од 28. коло во англиската Премиер лига во кое ќе се сретнат клубовите од врвот на табелата со оние од дното на табелата.
Манчестер Јунајтед патот кон одбраната на титулата го продолжува во Њукасл и очекува нова победа, иако на домаќинот му гори под нозете и ќе се обиде да земе барем бод.
Челси гостува кај Портсмут на кој исто така му гори под нозете, додека во нешто подобра позиција Сандерленд кој оди на „Енфилд“ каде го чека Ливерпул кој може да се каже дека испадна од трка за титулата по поразот на „Риверсајд“.
Астон Вила исто така губи чекор во борба за највисок пласман, а на гостувањето кај Манчестер Сити ја чека доста тешка задача бидејќи „граѓаните“ на свој терен освојуваат лесни поени.
Неубедливиот Арсенал гостува кај последнопласираниот Вест Бромвич, а Евертон кај Блекбурн кој успеа да се извлече од зоната за испаѓање.
Вторник, 3. март:

- 20:45 Портсмут - Челзи
- 20:45 Вест Бромвич Албион - Арсенал
- 21:00 Ливерпул - Сандерленд
- 20:45 Манчестер Сити - Астон Вила
- 20:45 Њукасл - Манчестер Јунајтед
- 20:45 Стоук - Болтон
- 20:45 Виган - Вест Хем
- 21:00 Блекбурн - Евертон
- 21:00 Фулам - Хал
- 21:00 Тотенхем - Мидлсброу