Дали и каков часовник поседувате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bang & Olufsen
  • Време на започнување Време на започнување
hidden-small-wall-clock-camera.jpg


-Едноставен, не многу скап, ем служи како украс за ѕид. И наоѓањето соодветни батерии не претставува проблем. Башка универзален е.
 
Не носам часовник на раката бидејќи кога ми требаше да знам колку е времетп пак си гледав на телефонот...така се избрукав еднаш отидов на кафе со другарите и од другата маса една момичка ме прашува колку е часот (нели забележала дека носам часовник на раката) а јас почнав да се бркам по џебовите да го барам телефонот а другар ми ме фати за раката виде колку е часот и им кажа, а јас се пљуснав по глава така знаете ( леле каков идиот сум) :tapp: Иначе имав Swatch од татко ми подарок ама сега он си го носи :toe:
 
Фалсификуван „ибло“:pipi:.
:) Шегата на страна, вистински не сакам часовници. Не ја гледам улогата и престижот на нивната мегаломанска цена, зашто е сподоба што не би ми била од полза до толку. Инаку, би носела украсни часовници, бижутериски, големи, чисто заради естетика а не функционалност. Сега имам еден часовник, мал, нежен, со сино стакленце.
 
Swatch,го иам скоро 10 години гајле нема,без него не излегувам од дома!
 
Не носам часовник, ама и да решам некогаш да носам тоа нема да биде поради престиж и докажување.
 
Seiko5onOyster.jpg


го неам извадено од рака 3 години... го навикнав неможам без саат тапа ми е :)
 


мојот е сличен на овој .. Не го носам често навикната сум без часовник . :toe:
 
Не ми треба часовник за да го следам времето, времето ме следи мене. :) :P Назад на темата: Гледам на мобилен колку е часот, ама и тој некако не ми е наместен на време, како и да е дигитален часовник би бил одговорот, и безразлика што не ми е точен часовникот секогаш стигнувам на време за што и да е.
 
Мразам часовници во мојата соба немам ни еден а и нарака недај боже, глупо некако ми е секогаш да те потсека кое време е мислам дека се за многу одговорни и организирани луге а јас не сум воопшто доста ми е онај на телефон а уште ко ке видам некој сакат часовник без точки без ништо ела снајди се по интуиција ..
 
Мразам часовници во мојата соба немам ни еден а и нарака недај боже, глупо некако ми е секогаш да те потсека кое време е мислам дека се за многу одговорни и организирани луге а јас не сум воопшто доста ми е онај на телефон а уште ко ке видам некој сакат часовник без точки без ништо ела снајди се по интуиција ..

исто...и мене ми е глупо некако
 
Не можам да ја замислам ракава без часовник на неа :pos2: Машка рака без саат...не бидува!

Се сметам за (колку-толку) познавач и љубител на рачни часовници само за беља никако да соберам пари да купам некој поскап...може и подобро шо не фрлам толку пари.

Имам неколку саати но ништо спектакуларно. TAG Heuer Carrera, Seiko 5, нуркачки Invicta и еден стар Casio шо ми го даде тато. Сите се автоматици со исклучок на касиото.


Еден ден сакам да имам еден (скромен) Panerai како доле илустрираниот

main.php
 
Руските сатови, биле познати по својата издржливост и трајност. Тоа се сатови на навивање, кои не се водоотпорни. Не се ни претерано убави. Како дете во 1991 -2 на зелено пазарче сум гледал Руси/Украинци кои ги продаваа за некои си 100-150 денари. Џабе. Ама кој да се сети. Марките на руски часовници „Ракета“, „Победа“, „Восток“, „Старт“ и др. ги носеа и носат старциве денес, по 30 - 40 години.

Кај може да се најдат русиве низ Скопје-денеска ? -
Освен на комунистички раце...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom