Не знаев дали да отварам нова тема но ете и мене но и на „сенки“ им треба помош па ајде реков ќе влезе под овој наслов иако темата е сасема друга.
За што станува збор, ете барав некои информации за филмов и еве што најдов:
„Сенки” на македонскија режисьор Милчо Манчевски,
копродукција на б'лгарската продуцентска фирма „Камера ООД” с партньори от Македонија, Германија, Италија и Испанија, е сред нај-очакваните с'битија на п'рвија по значимост кинофестивал на Северна Америка
Е сега интересна е оваа реченица, но незнам баш дали секој ќе примети. Убаво а и точно пишале идиотите од нашата источна страна дека е во КОПРОДУКЦИЈА со бугарска продуценска куќа, но не можам да се сложам дека Македонскиот дел е овде нивен партенер. Вистината е малку обратна. Односно од 4,5 милиони евра (колку што е буџетот за овој филм) половина се обебедени од страна на Македонија преку министерството за култура, потоа филмот има подршка и од европскиот копродукциски фонд „Еуроимаж“ а на списокот на копродукциски куќи се наведени „партиципираат ко-продуценти од Шпанија, Германија, Бугарија и од Италија.“ (извадок од официјален текст за филмот) - најверојатно редоследот е според издвоените пари.
И после ова зарем не е очигледно кој сака да присвојува туѓи работи (иако ние одамна си знаевме) и сега треба ова да им го „плеснеме“ и на Бугарите но и на светската јавност и со фактиве да кажеме кој е крадецот.
П.С. не сум во можност да одвојам време за ова да го преведам на англиски но ако некој се нафати да направи петиција еве го линкот
http://www.dnes.bg а може и да го информира Манчевски па и тој да го дигне својот глас.