Фан Клуб: Лацио

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување
Фудбал

ПРЕГЛЕД НА НАСТАПИТЕ НА НАШИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ
"Петка" за Горан Пандев
*Погодок со десната нога или 30. гол за Пандев во Серија А како член на Лацио
Италија 15. коло

Горан Пандев (Лацио - Каљари 2:0) со својот петти гол во оваа сезона од Серија А, а Лацио, конечно, со победа и 3 бода со кои фати приклучок кон средината од табелата во Италија. Нашиот најдобар фудбалер од клупата ја чекаше својата шанса. Имаше ситна повреда по оној меч со Интер и затоа не ризикуваше. Доби шанса за настап од 73. минута, а на две минути пред крајот во свој стил ја запечати победата на "римјаните". Пандев нанижа двајца противнички играчи и од десетина метри ја затресе мрежата на Каљари. Весниците од Италија со одлични коментари за Пандев, кој иако играше само 15 минути заедно со Роки се најдоброоценетите фудбалери на оваа средба. Пандев-Роки беше тандемот за голови и фудбалери кои сега имаат по 5 голови со кои ја делат 14. позиција во Италија на листата на најдобрите стрелци, на која води Трезеге со 11 голови.

"Добар меч и добро што, ете, пак дадов гол со кој ја заверив победата и трите бода. Сега сите сили и мисли се насочени кон Мадрид и утрешниот меч со Реал во Лигата на шампионите", коментира Пандев, кој го постигна 30. гол во Серија А како член на Лацио, и тоа еден од ретките по удар со десната нога.



www.sport.com.mk
 
kaj ste be lacijali aj cestito eden gol i normalno se znae koj go dade steta gubite losha forma no toa e!
BRAVO PANDEV!
 
Ништо завршија за Лацио европските натпреварувања :nesum:
 
Браво за ПАНДЕВ .... :zver:
Им фрлил меракот на Реал а можеше 2 да даде ако му дадоа на него да шутира пенал а не Роки
 
За Лацио завршија ама за Пандев не од февруари ке игра куп на уефа со Баерн

Епа нема да игра...регистриран е во европските купови со Лацио, и само ке гледа од трибини...али може да лапне трофеј. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom