Следејки ја кампањата "со книга на плажа", тркнав до книжара, насобрав муниција и за време на годишниот одмор прочитав три романи кој горе-долу ми оставија впечаток (некој повеќе, некој и не толку). Мојот летен избор беше следниов :
Последната тајна на храмот од Пол Сасман, книга која прва ја прочитав и можеби ми остави најслиен впечаток. Моќно четиво кое изобилува со мал милион податоци кои на момент ќе те збунат, но дефинитивно е роман кој се чита во еден здив (здивот мора да ви е ептен голем бидејки книгата има 500 страници). Преубава проткаена приказна за моќта на верата,за конфликтот во кој ќе се вмешаат палестинка, евреј и муслиман, со цел да ја разоткријат тајната чувана повеќе од 2000 години.
Втората прочитана ми беше
Знаеш ли да чуваш тајна од Софи Кинсела, типичен женски роман во стилот на Дневниците на Бриџит Џонс, книгава ја прочитав бидејки останав без четиво, а плажа без книга не иде, па ја фатив во раце. Ништо посебно, ништо ново, посреќен би бил кога би гледал филм според книгава, лежерно четиво, со едноставна приказна и кратки дијалози (по кој морам да признаам и не сум најлуд). Не ја препорачувам на машки, а женските нека ја прочитаат.
И третата која ја прочитав изминативе 10 дена (и најголемата воедно, која и најскапо ја платив), е делото на шпанскиот автор Иделфонсо Фалконес, "
Катедралата на морето", историски роман кој изобилува со податоци, факти, збиднувања... Во глобала целиот роман е една теорема за изградбата на познатата Барселонкса црква Санта Марија дел Мар. Оној што љуби класики и што е фан на романот Столбовите на земјата (во кој се вбројувам) под итно да си го набави четивово, бидејки не остава рамнодушни лица по читањето.