Како бугарите, подло и ниско ја присвојуваат Охридската Архиепископија?
Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г.
Прв Патријарх на Охридската Архиепископија
е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В ц'рквата има спис'к на епископствата“). Од тој запис се зачувани само делови и можат да се прочитаат имињата на следниве епархии Видинска, Кефалониска, Вериска, Ираклиска (Пелагониска), Скопска, Сардикиска, Селасфорска (Деволска),
Пелска и Призренска. Несомнено, епархии на Охридската Патријаршија биле и Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска, Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска.
За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).
Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија
За време на патријархот Герман, во Бугарија тој прво го затекнал бугарскиот патријарх Дамјан, а после него доаѓа патријархот Глигориј (Ц'рковен Вестник, Издание на Б'лгарската Православна Ц'рква, Година 103, број 9 и 10, Софија, 1-30 мај 2003, наслов “Б'лгарските патриарси през Средновековието”, Александра КАРАМИХАЛЕВА).
Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј добива помала титула Митрополит и се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“; како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква).
Пропаста на Самоиловото царство и Тема Воулгарија
Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија 1018 godina влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchјnegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'јtat des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers tјmoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbьcher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchјs byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchјnegues..., p. 101).
По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора.
Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата Тема на Византија наречена Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простираше во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што представува десеттина отсто од територијата на цела Бугарија. Византија не дозволува Темите да носат имиња на народот кои ги населува тие Теми, оти се стремела за асимилација на различните народи и нивна ромеизација. Истата политика и денеска ја води Грција.
Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за "бугарскиот народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од Срем, цела Србија, Косови делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија (Иван Снeгаров'. "Историја на Охридската Архиепископија" Том 1. От основаването до завладјаването на Балканскија полуостров от турците, стр. 55-62).
Како што истакнав погоре, бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите, Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА, но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија.
Наивни бугарски лаги
За да го оправдаат ова смешно тврдење,
од бугарите ќе слушнете дека бугарскиот архиепископ Дамјан избегал во Самоиловото Царство и таму ја пренел својата патријаршија, но археолошки е докажано дека тој останал во Силистра (1000 км далеку од Охрид). Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамјан“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова).
Други пак сакаат да докажат дека Бугарскиот Патријарх Глигориј и македонскиот Патријарх Герман се еден ист Патријарх, но пак е тоа една голема лага, оти Св. Глигориј е канонизиран во светец и упокоен како Митрополит Бугарски, со смалена титула од Патријарх во Митрополит од самиот Цар Самоил и македонскиот Патријарх Герман.
Охридската Архиепископија цело време од 1018 г. па се додека е под византиска јуриздикција ја носи титулата "Архиепископија на цела тема Бугарија", но и вон византијската управа, кога архиепископи биле грци, за да докажат дека тоа е византиска црква со византиски титули.
Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека
за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на Tемата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румјанцев музеј во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутија III, папка IV.).
Како што истакна и Божидар Димитров, Теофилакт стварно се титулирал како Архиепископ на Бугарија, но на тема Бугарија, област од Византија, а не на територијата на бугарското царство. Тој бил пастир на жителите на темата Бугарија, Македонците, Србите, Грците, Црногорците, дел од Босанците и Херцеговците- жителите на тема Бугарија, но не и на правите Бугари, кои тогаш живееле во тема Паристрион (Мизија, Загоре) и тема Македонија (источна Тракија). Византија ги распознаваше своите жители по своите Теми, а не по етносот.