Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.136
- Поени од реакции
- 25.669
По многу разноразни комбинации оформени се негде 1965-1966 година од еден од најголемите непризнаени генијалци во музиката Сид Барет со Nick Mason, Richard Wright и Roger Waters. Постојат повеќе верзии како дошло до тоа име но најзастапена е онаа дека името е земено од некои двајца познати блузери во тоа време.
Барет музиката ја создавал врз база на асиметрични, неритмични тонови со за тогаш чудна и нетипична акустика. Подоцна тој жанр ќе биде класифициран како психоделичен рок. Со групата тој останува до 68-69 година по што ја напушта/е сменет од самата група заради посериозни психолошки проблеми, кои според чаршиските муабети варираат од прекумерно користење на ЛСД до шизофренија.
На негово место доаѓа David Gilmour кој до тогаш бил асистент и потпомагач на групата. Вистинскиот подем го доживувват во 70-тите особено со албумот The Dark Side of the Moon коешто е современо ремек дело во музиката. Самиот албум го прикажува животниот циклус почнувајќи со темата Breathe како прва функција на раѓањето. Целиот албум е една симфонија и нема класичен крај на песните туку само преокрет што е карактеристично за нив.
Wish you were here е албум целосно посветен на Барет. Shine on you crazy diamond во самиот наслов ја доловува лудоста и брилијантноста на Барет. Иронично за време на снимањето на оваа композиција самиот Барет видно изменет влегува во студио ја зема гитарата сакајќи да свири. Wish you were here е вонвременска композиција.
And did you exchange a walk on part in the war for a lead role in a cage? Тука претпоставувам е прикажано наводното заминување на Барет во Виетнам. Lead role in a cage е нивното доживување на самата група како лидер во еден затворен кафез полн со ограничувања.
После овој албум главната музика ја прави Waters. Овој период е познат по повеќе експерименти потврд звук при што не е исклучено влијанието на панкот.
По The Final Cut, Waters поради несогласувања ја напушта грпата и следните два албума The Momentary Lapse of Reason и The Division Bell се правени под влијание на Gilmour.
На Live Aid 2005 Waters за прв пат после 22 години им се приклучува на сцената. 2006 е карактеристична по смртта на основачот Сид Барет кој живееше во изолција долги години.