A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
... каква е латенцијата при играње ... имам искуство со t-home, one, neotel и дефинитивно мора да кажам дека искуството при играње е сосема различно посебно neotel/t-home :P не сакам да се залетам за cabletel и да морам да плаќам уште една линија само за да играм :P ќе ве замолам тие кои што играте online, посебно кај оние кои играат стратегии кои бараат големо микро (доколку има такви овде) да кажат како е игривоста т.е. кои латенции може да ги очекувам од cabletel. Промоцијава им истекува до 14ти, сакам да донесам разумна одлука. Секако покрај играњето имам потреба од малку поголем traffic со neotel во просек сум 60-140GB месечно (имам неколку месеци во кои имам направено поголем traffic т.е. ~200gb, лошата страна на t-home). Би ве замолил да ги споделите искуствата за да донесам правилна одлука.
 
Вака, кога е интернетот ок, т.е. не е проблематичен период како пред 2/3 дена нема дилеј и нема проблеми (лизга) но кога имаат некој глобален проблем лошо е. Генерално 80% од времето нема да имаш проблеми и ќе можеш да играш онлајн без проблем. Пинговите се одлични према корисници од Еу, поготово Србија, Бугарија, Хрватска, Германија, Холандија, Чешка, Шведска, Франција (Русија, варира) и слично. Со набројаниве немам воопшто лаг перфектно иде! пинговите варираат од 30 до 90 најмногу со корисници од еу.
 
интернетот на кејблтел преку што се пренесува до дома, бакар или оптика?
 
Да не знае некој,кој пакет од CableTel има најголема брзина upload? Пошо на страната ништо не пишува за upload само download брзина има...

Gold 10/200 има 1mbps Upload, иако на спидтест го мери до 0.75

Сигурно е толку пошо кога симнуем со торент се дешава уплоад да отиде до 115кб.
 
Gold 10/200 има 1mbps Upload, иако на спидтест го мери до 0.75

Сигурно е толку пошо кога симнуем со торент се дешава уплоад да отиде до 115кб.

Грешка си, кај мене и кај 3 од населба Gold10/200 = 0.4mb, e сега како доаѓаш до110 кбс аплоад незнам?
 
Пак тиња нетов (после 19:00), два дена се среди и пак е многу спор, ми рекоа до среда ќе бил ваков кога ќе го сределе, ај да видиме, при крај сум со трпение...од 10мбс на 1/2мбс ми падна брзината..
 
Мислам дека е време CableTel да зголемат upload на сите пакети...срамота е 8 mb/s Download ,а Upload 512 kb/s :toe:
 
@ Psyside ... дали кога паѓа брзината се зголемува delay-от ... доколку е константен не е страшно доколку е 1Mbit наместо 8, дали се зголемува латенцијата или е константна т.е. само брзината да варира или ?
 
Колку време чекавте од склучување на договор до започнување на користење на услугите на Кејблтел?
 
Кога е ептен лош интернетот (ретко) има и дилеј кога е само брзината падната, нема дилеј меѓутоа неможеш да хостираш, него само да играш.

Колку време чекавте од склучување на договор до започнување на користење на услугите на Кејблтел?

3/4 дена.
 
Пак тиња нетов (после 19:00), два дена се среди и пак е многу спор, ми рекоа до среда ќе бил ваков кога ќе го сределе, ај да видиме, при крај сум со трпение...од 10мбс на 1/2мбс ми падна брзината..

Колку време го имаш интермеци? која населба си? ај нека биде тиња нетот, но дали и го нема?
 
Мислам дека е време CableTel да зголемат upload на сите пакети...срамота е 8 mb/s Download ,а Upload 512 kb/s :toe:

Брзината на upload сообраќајот е помала кај DOCSIS клиентите. Јас сум поврзан на ЛАН и имам симетрични брзини т.е. 8/8. Доколку навистина ти треба поголем upload прашај ги дали во твојата населба имаат можност да те поврзат на ЛАН.
 
Да не знае некој,кој пакет од CableTel има најголема брзина upload? Пошо на страната ништо не пишува за upload само download брзина има...

Мислам дека е време CableTel да зголемат upload на сите пакети...срамота е 8 mb/s Download ,а Upload 512 kb/s :toe:

Мојот пакет 8/200, тој шо идеше со тв и телефон за нова година, аплоадира со:

3mb9x3.jpg
 
Брзината на upload сообраќајот е помала кај DOCSIS клиентите. Јас сум поврзан на ЛАН и имам симетрични брзини т.е. 8/8. Доколку навистина ти треба поголем upload прашај ги дали во твојата населба имаат можност да те поврзат на ЛАН.

Таа брзина ти е само со Скопје, теорија нема 8мб аплоад да имаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom