А што воопшто обрнуваме внимание на секоја истресотина на секоја будала....накриви капа и терај по свое...гомнојадци имало секогаш и ќе има стално...
Проблемот е што таа „истресотина“ е организирано пласирана и е навлезена во организации од типот на EU, НАТО и слично. А ако ние сакаме да влеземе во нив, најлесниот начин е да играме по нивните правила, односно да бидеме никој и ништо, во замена заповисок стандард, пасош на кој не му треба Шенген виза, а никако подобар живот; само изродување.
Вториот начин е да ги смениме нивните правила на игра. Тоа значи дека ќе треба да се вложи најмалку уште толку труд колку што бил вложен за да се стаса до овој степен, т.е. да нè негираат, под услов никој друг да не вложува труд во обратната насока (читај: невозможно)
Третиот, реално најостварлив начин, е да си ја гледаме својата работа и да не дозволуваме други да ни се мешаат. За тоа ќе ни треба висок степен на единство и национална свест, ама тоа е барем изводливо.
Тоа е она што јас го гледам моментално.