Кога се прави долга пауза од вежбање и пак се почнува, неизбежно е да се има барем минимално воспаление на мускулите. Барем јас така мислам ... па да ве прашам дали навечер пиењето на еден андол ќе помогне или имате друг совет?
нормално е, дури и месец дена да направиш пауза, пак ќе те болат при прво вежбање/истегнување. Дури и да вежбаш извесно време, ако промениш вежба која ќе ги напрегне од друг агол (не знам каков е прав назив) одредени мускули, пак ќе боли. Пример ако правиш чучњеви, шутер...за нозете и за првпат почнеш да правиш исчекор напред или во страна, пак ќе те болат нозете. Или ако машко оди нормално во теретана и треба после долго време првпат да прави друга напорна физичка активност (копа или да меша бетон), пак ќе го болат мускулите, колку и да вежбал...тоа го нарекувам друг агол, на друг начин ги удира мускулите...не знам стручно како би го нарекле...битно е ваљда ме сфати што ми е зборот.
Андол, аналгин, ќе боли ден-два три, зависи од напрегањето и претходно немањето активност. Ако боли ја не користам такви аналгетици, оставам само да си помине...со повеќе лимон, цитрон, витамини, минерали.