Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Сакам да почнам со теретана.. Само што ке морам да одам вторник-четврток-сабота пошто другите денови имам тренинзи по кик бокс.. Дали ми се исплати да вежбам 3 пати неделно или не? ма да имам 16 год мислам дека ми е рано поздрав
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
3 дена ке ти бидат доволни, и јас после долга пауза заради повреда почнав со овој редослед:
пон-Грб-БИцепс
среда-Гради-трицепс
Петок-Рамо, трапез и нози
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
Да прашам некои од поискусните. Ме боли зглобот на одредено време, на пример ќе повежбам повеќе време, 2-3 месеца така нешо и после една недела или две ќе ме боли зглобот, и тој период недела-две кога вежбам многу малце ме боли зглобот додека вежбам (ваљда од тоа што е загреан), али после вежбање ме боли бајаги. После таа недела-две ќе поминат, и нема да ме боли повеќе ама баш никаква болка немам. Тие недели коа ќе ме здоболе ме боли само притисок коа ќе му дадам со рака или на пример склекови коа праам, иначе на бенч или за рамо клупата не ме боли, појма неам зашто. Само не сакам да добијам одговор дека треба одмор да земам бајаги време, може се јакне зглобот со вежбање :)
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.372
Поени од реакции
4.904
Здраво, каков протеин би препорачале за почеток (да не бидам погрешно сфатен, вежбам веќе 7месеци ама без никакви суплименти). Кој би бил најдобар протеин? се разбира да не биде премногу скап, но и да не е некој премногу лош...нешто во средина . фала однапред за одговорот.
 
O

Orion.

Гостин

Земи од аптека глукозамин сулфат, не е скап, не е лек туку е суплемент. И прави ги вежбите правилно со оптимална тежина.

--- надополнето ---

Здраво, каков протеин би препорачале за почеток (да не бидам погрешно сфатен, вежбам веќе 7месеци ама без никакви суплименти). Кој би бил најдобар протеин? се разбира да не биде премногу скап, но и да не е некој премногу лош...нешто во средина . фала однапред за одговорот.
Протеин можеш да зимаш уште првиот ден кога си почнал да вежбаш. http://www.gladijatori.com/optimum-nutrition-100%25-whey-protein_p28.html
 
Член од
10 септември 2010
Мислења
28
Поени од реакции
0
значи вака веќе 5-6 месеци вежбам во теретана ( само фитнес тренинг ) и ослабнав од 120кг на 90кг ( без никакво согорувачи и сл. ) досега тренингот ми беше 45мин брзо одење на лента ( 7-8км/ч ) и лентата е подигната на највисокото ниво и правам стомачни секој тренинг , па сега сакам да земам согорувач на масти ( animal cuts ) и фитнесот да го намалам на 25мин и да почнам да дигам тегови ( 40-45мин ) со цел да го зацврстам телото после слабеењето , па сега за почеток со кои вежби да почнам , со одприлика колкави килажи , по колку повторувања во серија и колку серии на тренинг , инаку на теретана одам од понеделник до петок а за викенд одмарам
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.372
Поени од реакции
4.904

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Сакам да почнам со теретана.. Само што ке морам да одам вторник-четврток-сабота пошто другите денови имам тренинзи по кик бокс.. Дали ми се исплати да вежбам 3 пати неделно или не? ма да имам 16 год мислам дека ми е рано поздрав
Иди само на кик бокс.Плус нема зошто да форсираш уште сеа.Плус ако идеш во теретана после на тренинг нема да си опуштен.Повеќе ќе си стегнат и многу енергија ќе трошиш со малце удари.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
исхраната...после 18 часот не јадам и трчам...и повеке правам вежби за газ, нозе и стомак...
Нели е тоа малку екстремно, нередовно јадење е најлошо нешто за слабеење, апсолутен минимум е 4 пати во денот, на ист интервал (во овој случај на секои 4 часа)
Колку пати во неделата вежбаш?

Здраво, каков протеин би препорачале за почеток (да не бидам погрешно сфатен, вежбам веќе 7месеци ама без никакви суплименти). Кој би бил најдобар протеин? се разбира да не биде премногу скап, но и да не е некој премногу лош...нешто во средина . фала однапред за одговорот.
Многу е добар, јас го користам, добри резултати дава, и има добар вкус (чоколадо вкус)
http://www.napumpajse.com/shop/proteini/allwhey-23-kg.aspx

значи вака веќе 5-6 месеци вежбам во теретана ( само фитнес тренинг ) и ослабнав од 120кг на 90кг ( без никакво согорувачи и сл. ) досега тренингот ми беше 45мин брзо одење на лента ( 7-8км/ч ) и лентата е подигната на највисокото ниво и правам стомачни секој тренинг , па сега сакам да земам согорувач на масти ( animal cuts ) и фитнесот да го намалам на 25мин и да почнам да дигам тегови ( 40-45мин ) со цел да го зацврстам телото после слабеењето , па сега за почеток со кои вежби да почнам , со одприлика колкави килажи , по колку повторувања во серија и колку серии на тренинг , инаку на теретана одам од понеделник до петок а за викенд одмарам
Кардио и тегови во ист ден е едно големо не, најдобра варијанта ти е да дигаш три дена тегови, те понеделник, среда, петок, а вторник и четврток да трчаш и тоа умерено за да не го расипеш тоа што си вежбал со теговите. И добра идеја е да го поткрепиш вежбањето со протеини (види погоре за моја препорака)

Јас вежбам секој ден, те еден ден идам во теретана, еден ден 4 рунди на боксерска вреќа и 20 мин на орбитрек.

Мојот систем на вежбање е поделен на 4 дена. Комбинација на Split и HIT. Во еден ден не практикувам повеќе од две вежби за една мускулна група, и гледам да вежбам антагонистички парови( грб со гради, бицепс со трицепс)

Вежбите ќе ги пишувам на англиски затоа што немам превод за сите да бидат на мак, а не сакам да изгледа како урнебес.

прв ден
BB bench press 3x6
Pull ups 4x6
BB incliine bench press 3x6
back lat pulldowns 4x6
shrugs 3x12
Abs 3x25
(јас немам decline/ контра коса кај мене во теретана, ако ја имаш додади ја и неа со 3x6)

втор ден
BB Biceps curls 4x6
scull crushers 4x6
DB Shoulder press 4x6
Squat 4x6
DB pull overs 4x8
back extensions 3x12

трет ден
db bench press 3x6
Reverse Chin ups 4x6
incline db benchpress 3x6
Upright rows(wide grip) 4x6
dips 4x6
db side bends 3x12

четврт ден
DB Biceps curls 4x6
DB scull crushers 4x6
DB front shoulder press или Alternate front Raises 4x6
flys 4x6
leg presses 4x6
Abs 3x25

Како што гледаш се базира на кравање потешки тегови со помалку репетиции, во главно 4 серии по 6 повторувања, кога се осеќам спремен да накачам тежина правам тест од 4 серии по 7 повторувања, ако ги направам без многу проблеми накачам за 5 кила( 5 кила на двете раце, те ако се еднорачни по 2.5 на секоја рака)

За градење мускулна маса, оптимално е помеѓу 5-8 повторувања во серија.

Ако ти треба помош со кои се кои вежби, побарај ја книгава
Frederic Delavier Strength Training.Anatomy 2nd Edition

^ ^ испадна ептен долг пост
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
(јас немам decline/ контра коса кај мене во теретана, ако ја имаш додади ја и неа со 3x6)
Ако имате коса клупа за стомачни, можеби можеш да ја искористиш, макар само за еднорачни, подигање и летање со асистенција.
Ваква некоја слична
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Ако имате коса клупа за стомачни, можеби можеш да ја искористиш, макар само за еднорачни, подигање и летање со асистенција.
Ваква некоја слична
Имам за стомачни клупа, ама вежбам сам, и обично идам покасно во теретена, и често се случува да нема никој, па нема кој да ми ги подаде теговите.
Пробав еднаш сам со еднорачни, ама ептен е незгодно да се наместам, и плус пробав со две по 15кг, а обично вежбам со две по 25кг.
 
Член од
9 октомври 2010
Мислења
191
Поени од реакции
29
Za drugarov so zglobot samo stegaci drugar dr nema spas i jas imav problem i toa syto ti kazaa od apteka
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
Фала на вас што одговоривте, ќе пробам со Глукозамин другарче сеа ми кажа и он земал па имало ефект и му поминало. Фала пак :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom