Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Idiot.

досадниот.
Член од
26 октомври 2009
Мислења
128
Поени од реакции
0
ВАШ СОВЕТ ИЛИ ПРЕПОРАКА

Одам во теретана 4 пати неделно (вторник, четврток, петок и сабота), направив некоја комбинација за вежбање на мускулните групи - па Ваше мислење за нив и дали би требало нешто да менувам!

1.гради и нозе
2.раце - бицепс, трицепс и подлактица
3.грб и рамо

и практикувам два пати неделно стомак и два пати неделно на орбитек по околу 20-30 мин.
Траење на тренинзите обично 1,5-2 часа заедно со загревање.

позз
ај пробај вака:
1ден. Гради-Трицепс
2ден. Грб-Бицепс
3.ден. Рамо-Нозе
4.ден. Долен грб-Стомак
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
3.грб и рамо
малку незгодно ова :) Ако си помлад, а ова се почетни обиди...најдов во една постара литература (од Петар Челик) сугестија за почетници -да се работат исклучиво основни вежби (за снага и маса на мускулот, а не за дефиниција, т.е. за распоред и облик на мускулот) -пример подигнување на рамна, коса и контракоса наместо влечење сајла или "летање" со еднорачни на клупа.

Ако си постар (посебно од 40-ка) заборави на зголемување маса :), одржувај тонус и масни наслаги...и здравје.

Едно што ме интересираше, еден текст (на српски е) со одредени информации за важноста/различноста на фазите подигање/спуштање на тежини, каде
http://www.xsport.rs/forum/bmikijeva-radionicab/najbolje-od-vezbi/
Upotreba opterecenja preko tegova drzanjem sipke u rukama trebala bi vise da favorizuje negativnu fazu pokreta sto obicno bas u praksi nije cesto vidjan slucaj, da budem iskren u mojoj trenerskoj praksi vrlo retko vidjen dogadjaj!?!
Dok podizete teg nalazite ste u pozitivnoj fazi putanje koja se tada suprostavlja negativnoj sili izrazenoj kroz: kg opterecenja/ sila gravitacije koja deluje na teg pokusavajuci da ga odvuce na dole.Negativna faza pokreta pocinje u momentu kada teg dostigne svoju najvisu tacku tokom aktivne (pozitivna-koncetricna) faze podizanja. Teg zatim krece na dole sve do startne pozicije. Kompletno ova putanja se naziva negativna faza pokreta ili ekscentricna faza pokreta.Ako je vas cilj razvoj snage, sa pocetka nase price, SPUSTANJE opterecenja je u tom slucaju vas primarni zadatak.

Veliki broj studija pokazao je da je ekscentricna kontrakcija (negativna faza pokreta) najvecim delom zasluzna za razvoj ove motoricke osobine.
Доколку искусните вежбачи се сложуваат со овие информации за ефектот на негативна патека на тежината, дали оние помладите кои сакаат да зголемат маса, тоа го прават (со тежини кои не можат правилно да ги изработат) погрешно...не го спуштаат тегот до најниска точка туку негде пред половина патека, а со тоа не ја искористуваат целосно негативната фаза која според текстот има поголем ефект врз снагата.
Дали го имате приметено овој момент позитивна/негативна фаза на вас лично?
 
S

smart ass

Гостин
Еј пазете малце со тоа билдањето мускули...ќе пренатрупате маса,а тоа бара крв и на крајот женските ќе ве оставаат оти нема да ве бива за секс...

Значи протеини,ова,она заебете,само креатин и ништо повеќе.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
Еј пазете малце со тоа билдањето мускули...ќе пренатрупате маса,а тоа бара крв и на крајот женските ќе ве оставаат оти нема да ве бива за секс...

Значи протеини,ова,она заебете,само креатин и ништо повеќе.
Немај ти грижа, знаеш од протеини и вежбање на големи мускулни групи како се...активира и последниот мускул? :) ептен јака работа

Фејк мислење е дека ако вежбаш вакви ствари ќе трошиш па ќе немаш за секс ...јок, бее, обратно е, пробај ќе видиш...а и за понежниот пол е филинг да осети ем тело ем...цврсто.

Инаку темава е више за љубов и секс, не е за тука :)
 
Член од
16 ноември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Може некој да каже за Орбитрек или некоја таква слична справа зашто планирам да зиам па да каже некој сто има дали дава резултати:toe:
 
O

Orion.

Се надевам дека не си сериозен:)

--- надополнето ---

Може некој да каже за Орбитрек или некоја таква слична справа зашто планирам да зиам па да каже некој сто има дали дава резултати:toe:
Резултатите зависат само од тебе. Секако дека доколку практикуваш кардио вежби плус диета ќе имаш резултати. Дали трчање, точак, орбитрек нема врска. Сепак јас на твое место не би давал пари за орбитрек, би се зачленил во теретана
 
Член од
16 ноември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Да знам дека теретана е подобро ама ме мрзи да одам па ова дека дома вежбаш некако и ке се излажам да се качам на него затоа прашував :) Фала сепак :kesa:
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
Да знам дека теретана е подобро ама ме мрзи да одам па ова дека дома вежбаш некако и ке се излажам да се качам на него затоа прашував :) Фала сепак :kesa:
Јас мислам дека не е така :icon_surp, бидејќи нема што да те мотивира. Првите неколку дена ќе ти биде се океј... али вака во теретана, ќе почнеш неколку дена да идеш, ќе стекнеш навика и плус ќе те мотивира тоа што си платил, тоа што има други вежбачи кои имаат иста цел како твојата, што значи не си сам, најубаво отиди со некој другар или пак ќе запознаеш таму, па многу полесно ќе ти биде.
 
Idiot.

досадниот.
Член од
26 октомври 2009
Мислења
128
Поени од реакции
0
Јас мислам дека не е така :icon_surp, бидејќи нема што да те мотивира. Првите неколку дена ќе ти биде се океј... али вака во теретана, ќе почнеш неколку дена да идеш, ќе стекнеш навика и плус ќе те мотивира тоа што си платил, тоа што има други вежбачи кои имаат иста цел како твојата, што значи не си сам, најубаво отиди со некој другар или пак ќе запознаеш таму, па многу полесно ќе ти биде.
ТРЕБА КАРАКТЕР,УПОРНОСТ,МНОГУ ДИСЦИПЛИНА,а со другар не верувам дека ќе успее многу,ќе си праи повеќе муабет,зезање сваќаш.Треба да се проба сам повеќе ќе се цениш сам себе кога после неколку години ќе видиш што си постигнал.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
ако си слаб треба да дигаш поголема тежина 6-8 пати
ако си дебел треба помала 12-14 пати
До кога со овие сваќања???

--- надополнето ---

малку незгодно ова :) Ако си помлад, а ова се почетни обиди...најдов во една постара литература (од Петар Челик) сугестија за почетници -да се работат исклучиво основни вежби (за снага и маса на мускулот, а не за дефиниција, т.е. за распоред и облик на мускулот) -пример подигнување на рамна, коса и контракоса наместо влечење сајла или "летање" со еднорачни на клупа.

Ако си постар (посебно од 40-ка) заборави на зголемување маса :), одржувај тонус и масни наслаги...и здравје.

Едно што ме интересираше, еден текст (на српски е) со одредени информации за важноста/различноста на фазите подигање/спуштање на тежини, каде
http://www.xsport.rs/forum/bmikijeva-radionicab/najbolje-od-vezbi/

Доколку искусните вежбачи се сложуваат со овие информации за ефектот на негативна патека на тежината, дали оние помладите кои сакаат да зголемат маса, тоа го прават (со тежини кои не можат правилно да ги изработат) погрешно...не го спуштаат тегот до најниска точка туку негде пред половина патека, а со тоа не ја искористуваат целосно негативната фаза која според текстот има поголем ефект врз снагата.
Дали го имате приметено овој момент позитивна/негативна фаза на вас лично?
Интересен текс, кој заслужува внимание и мал коментар.
Дигање тегови и бодибилдинг се две различни дисциплини и спортови, каде тежинското оптеретување се употребува во постигнувањето на целта, но на различен начин.
Додека кај дигачите на тегови целта е да се подигне што е можно поголема тежина, во бодибилдингот целта е да се обликува целосно телото до граници на посакуваното. И во двата спорта има техника при работење со тежините, па така за билдерите потребно е да знаат дека-Мускулните влакна најголемото оптеретување го имаат во таканаречениот негативен дел од изведувањето на вежбата. Во тој дел е најпотребно да се направи врска помеѓу мозокот и вежбаниот мускул, па концентрирано да се совладува поголемо оптеретување исклучително со мускулот на кој целиме.
 
Член од
7 октомври 2010
Мислења
21
Поени од реакции
0
Вежбам во теретана со ваков распоред:

прв ден: 4 вежби по 5 серии за гради, 2 вежби по 5 серии за бицепс
втор ден: 2 вежби по 5 серии за грб, 2 вежби по 5 серии трицепс, 3 серии по 100 стомачни
трет ден: 3 вежби по 5 серии за рамиња, 1 вежба 5 серии трапез, 3 серии по 100 стомачни

Еден ден одмарам и потоа повторно исто од почеток. Инаку тренирам и фудбал па тешко качувам маса.
Некој забелешки и совети од поискусните? Благодарам :smir:
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Вежбам во теретана со ваков распоред:

прв ден: 4 вежби по 5 серии за гради, 2 вежби по 5 серии за бицепс
втор ден: 2 вежби по 5 серии за грб, 2 вежби по 5 серии трицепс, 3 серии по 100 стомачни
трет ден: 3 вежби по 5 серии за рамиња, 1 вежба 5 серии трапез, 3 серии по 100 стомачни

Еден ден одмарам и потоа повторно исто од почеток. Инаку тренирам и фудбал па тешко качувам маса.
Некој забелешки и совети од поискусните? Благодарам :smir:
За почеток скрати на максимум 4 тренинг во теретана. Убаво би било да имаш и тренинг за нозе, без разлика што си фудбалер.
И најбитно, појачај исхрана. Единствен начин да зголемиш на телесна тежина.
 
S

smart ass

Гостин
Немај ти грижа, знаеш од протеини и вежбање на големи мускулни групи како се...активира и последниот мускул? :) ептен јака работа

Фејк мислење е дека ако вежбаш вакви ствари ќе трошиш па ќе немаш за секс ...јок, бее, обратно е, пробај ќе видиш...а и за понежниот пол е филинг да осети ем тело ем...цврсто.

Инаку темава е више за љубов и секс, не е за тука :)
Абе ја си терам војнички вежби.....стандард:toe:

Мислам мораш да одржиш кондиција и секој треба-кога луѓево повеќе би пазеле и одвоеле час ипол за вежбање или трчање наместо за гледање некоја серија би биле ем поздрави ем повесели.

Патем тој последен "мускул"..не е мускул-ерекцијата е предизвикана од крв.

--- надополнето ---

Се надевам дека не си сериозен:)

Па имам читано дека има и такви случаи...некоја нус-појава налик активирањето на млечните жлезди кај мажите,е сега боди-билдинг-от не е тука за обвинување туку пак одиме до институционалната контрола или поедноставно какви с*ања им продаваат на билдерите(и тоа луѓе продаваат така масл џус...па ова..она)-мора контрола.
 
O

Orion.

Гостин
^
Ако алудираш на гинекомастија, при користење на стероиди е можно да се појави како нус ефект, ама за суплементиве, бар за протеините, амино, креатин од проверени фирми се безбедни и контролирани. А лично јас не сум слушнал до сега за нус ефект од суплементи освен дијареа:)
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Може некој да каже за Орбитрек или некоја таква слична справа зашто планирам да зиам па да каже некој сто има дали дава резултати:toe:
Јас би земал лента за трчање доколку веќе давам пари за таква справа
 
Kajgana Shop

На врв Bottom