малку незгодно ова
Ако си помлад, а ова се почетни обиди...најдов во една постара литература (од Петар Челик) сугестија за почетници -да се работат исклучиво основни вежби (за снага и маса на мускулот, а не за дефиниција, т.е. за распоред и облик на мускулот) -пример подигнување на рамна, коса и контракоса наместо влечење сајла или "летање" со еднорачни на клупа.
Ако си постар (посебно од 40-ка) заборави на зголемување маса
, одржувај тонус и масни наслаги...и здравје.
Едно што ме интересираше, еден текст (на српски е) со одредени информации за важноста/различноста на фазите подигање/спуштање на тежини, каде
http://www.xsport.rs/forum/bmikijeva-radionicab/najbolje-od-vezbi/
Доколку искусните вежбачи се сложуваат со овие информации за ефектот на негативна патека на тежината, дали оние помладите кои сакаат да зголемат маса, тоа го прават (со тежини кои не можат правилно да ги изработат) погрешно...не го спуштаат тегот до најниска точка туку негде пред половина патека, а со тоа не ја искористуваат целосно негативната фаза која според текстот има поголем ефект врз снагата.
Дали го имате приметено овој момент позитивна/негативна фаза на вас лично?