Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Малце повеќе време? Сакам да кажам тренирам редовно 3 пати неделно веќе 3 години само што повеќе нема видливи резултати последните неколку месеци. Можеби треба да зголемам на напор :toe:
Напиши како вежбаш и како се храниш па ќе видиме каде ќе треба да се корегира
 
Вежбам во домашни услови барем 3 пати неделно при тоа гледам секој ден различни вежби да правам. Пример во еден ден ќе правам 6 x 35 склека + стомачни, друг ден на згиб, трет ден рака бицепс и раме со еднорачни тегови од 5кг, четврт ден 30 км со велоспед. Не пијам никакви додатоци, се хранам 3-4 оброци дневно + овошје. Во главно гледам да биде протеинска исхраната секој ден околу половина литар млеко, еден оброк обавезно доста обилен, за вечера обично јајца. Инаку не јадам многу месо... Отприлика така некако :)
 
Бицепс со 5 кила малку е тоа, минимум 10 кила на еднорачни, или 30 на шипка :toe:
 
Уште ли ги произведуваат тие од по 5кг тегови бе ? :devil3:
 
има во орка ама прилично се скапичи 1400 две плочки

Пушти се на пазар3, доста луѓе продаваат тегови, имаше еден продаваше две 5ки и шипка за 750 денари, нормално homemade....

Ама како беше онаа изреката, мускул не познава домашно или кетлер :D:D
 
има во орка ама прилично се скапичи 1400 две плочки

1400??? моиве на сликава се 5кг еден... 0 денари, хоум мејд:vozbud: (ви ги шитнам за 500че:pos2::pos2::pos2::pos2:)...

dsc00109gd.jpg
 
Вежбам во домашни услови барем 3 пати неделно при тоа гледам секој ден различни вежби да правам. Пример во еден ден ќе правам 6 x 35 склека + стомачни, друг ден на згиб, трет ден рака бицепс и раме со еднорачни тегови од 5кг, четврт ден 30 км со велоспед. Не пијам никакви додатоци, се хранам 3-4 оброци дневно + овошје. Во главно гледам да биде протеинска исхраната секој ден околу половина литар млеко, еден оброк обавезно доста обилен, за вечера обично јајца. Инаку не јадам многу месо... Отприлика така некако :)
Ако вежбаш 3 години мора да ја зголемуваш веќе тежината. Во домашни услови можеш да користиш ранец со книги кога правиш склекови, згиб, разбој итн.
Тегови од 5 кг се малце, направи поголеми. Секогаш подесувај ја тежината така што да неможеш повеќе од 10 повторувања да направиш.

Околу исхраната добро е да имаш по 5-6 оброка дневно кои ќе се богати со протеини и јаглехидрати. Пиј мултивитамини, јади риба, ориз, пилешко, компир, бадеми, лешници, добро е и путер од кикиритки ако сакаш повеќе маса.

Еве ти мени за маса:

1 оброк - 150 гр овесни снегулки, 1.5 доза протеин, 1 банана, мед
2 оброк - 5 белки, 2 жолчки, 3-4 парчиња р'жан леб
3 оброк - 250 гр пилешко + половина филџан ориз
-тренинг
4 оброк - протеин+глтамин+креатин+декстроза
5 оброк - 250 гр пилешко + половина филџан ориз
6 оброк - 150 гр урда

1400??? моиве на сликава се 5кг еден... 0 денари, хоум мејд:vozbud: (ви ги шитнам за 500че:pos2::pos2::pos2::pos2:)...

dsc00109gd.jpg
Овие тегови се за девојчиња :)

Ако сакаш здраво вежбање земи x3 тежина :wink:
 
Би сакал да прашам кои вежби да ги правам за гради и со колку килограми (од прилика) за да се добие дефинирана (надолжната) линија на средина на градите и линијата под брадавиците?
Имав една слика со потенцирани црвени линии директно на истава слика ама некако не можам да ја закачам тука.

Фала.

muscle_build_1335_7.jpg
 
:pos2::pos2::pos2: еден од тегчињава е 5кг (еднорачни...)... како што викаш,ми здосади (по 100 повторувања правам понекогаш) и сега барам начин да ги појачам некако ама незнам како...:pos2: да бидат 8-9кг еден... али за беспари:toe::pos2::pos2:
 
3:25 :)
 
Би сакал да прашам кои вежби да ги правам за гради и со колку килограми (од прилика) за да се добие дефинирана (надолжната) линија на средина на градите и линијата под брадавиците?
Имав една слика со потенцирани црвени линии директно на истава слика ама некако не можам да ја закачам тука.

Фала.

muscle_build_1335_7.jpg
За таа на средина линија треба да работиш развлекување на рамна клупа, а за линијата под брадавиците спуштање на разбој.
 
За линијата под брадавиците најдобра вежба е контра косиот бенџ .
 
За таа на средина линија треба да работиш развлекување на рамна клупа, а за линијата под брадавиците спуштање на разбој.

Malku sum "debilen" za iminjata na vezbite i spravite iako vezbam poveke od 3 meseci.

Koja vezba e taa razvlekuvanje?
So kolku kg da se vezba?

Mali tezini poveke povtoruvanja ILI pogolemi tezini pomalku povtoruvanja?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom