Едно прашање во врска со одморот, спиењето. Со еден сопственик на теретана (бивш билдер) зборевме за одмор на мускулите во смисол дека на микроскопско ниво мускулот се кине при напрегање дигање тегови...и пополнува со протеини-исхрана. Ова е грубо и шематски кажано. Според него сонот-нормалното спиење е многу битен за одмор, заздравување и пополнување на мускулите, односно пораст на мускулната маса.
Заради тоа и после напрегање на одредена мускулна група вели е потребно неколку денови да не се напрега и да не се вежба со истата мускулна група.
Што мислите за ова, дали ги имате истите или слични информации во врска со одморањето на мускулите.
И дали имате онака информативно пресметано колку дигате на пример на рамен бенч за гради, колку тони вкупно со различни тежини и повторувања.
После би ве прашал (оние поискусните, еве
aleks67 низ 14 години искуство дали има пробано, пошто тој систем е малку зезнат) за пирамидално вежбање. Но тоа во друг пост