A-C-A-B јас не сум воопшто искусен во смисол на разлагање и искористување на материите, проценти на удел во исхрана...Но од сопствено искуство (иако метаболизмот на ваша возраст е доста побрз отколку кај мене-што е плус за слабеење) може да ти кажам дека
од вежби во теретана не се слабее, ако исхраната си е иста.
од намалена исхрана се слабее, ама се расшлампуваш, ако невежбаш (аеробно, анаеробно)
За слабеење далеку поефикасно е аеробното вежбање, трчање, возење велосипед, пливање... (ако те интересира зошто аеробно-анаеробно и кои се предности и маани види на википедија, има доста за тоа).
А ако веќе оди во теретана, нема прескокнување на вежби. Нема направи 5-6 пати и толку, поминав од редот. Тогаш поарно за тоа време да практикува пешачење неколку километри, поефикасно е отколку божемно дигање тегови.
Дури и да во теретана има вежби кои трошат повеќе, на пример вежбање трицепс или бицепс (рацете) троши многу помалку отколку вежби за нозе или за грб.
На тоа ако се додаде одредена физичка активност вон теретана (помош кај другар за носење, ѕидање, преместување, работа во двор...(банални но ефективни работи) и ако до теретана и назад вози велосипед, тогаш ќе намали килажа.
Јас не можам така лесно ради тоа што реков мојот метаболизам е забавен, не е ист со оној на млад човек.
Исто погоре и Марко и МилеЈебо рекоа за исхрана. Исхрана прави па да не претерам 60-70% од можноста за слабеење, се друго е на физичка активност и слично.
Значи наместо леб и паштета, мајонез и салама, сендвич..., банана, цитрон, пола до една лажичка јаболков оцет-разблажен, чај зелен, коприва...никаков сок, посебно не газиран-наместо тоа, исцеден портокал, лимон, јаболко...повеќе риба-сина, морска, дава чист протеин и нејзиното масло исто така многу помага.
На тој начин (погоре опишаниот) лани симнав 10-12 кила, но ради одредени причини морав есеноска и зимоска да лежам и да не се напрегам, па качив бааги.
Сега сум 93 или 93.5 а бев 95. За месец, месец ипол (на моја возраст) симнав кило-кило ипол (за тоа пола кило не сум сигурен). Значи лани се симнав на околу 82-85, за мене одлична тежина према висината. А симнав преку дневни активности -идење у теретана, до таму (километар) трчање, па дома цел ден реновирање, мкнење регали, дрвенарија, рамнење ѕидови (по скоро цел ден)...цело лето. А посебно на ова шлагот беше во Охрид каде удрив на пливање, пешачење и секако пак внимавање што јадам. Значи не ми беше проблем да зголемам обем на рака...сето тоа е полесно кај мене, оти имам и без вежбање такви предиспозиции. Проблем ми беше маснотијата.
Со ова темпо сега (поспоро од лани) полека симнувам оној вишок кој ме тераше да се задишам по скали. Исто така го зацврснувам телото, надворешните мускули, но и внатрешните органи се прилагодуваат на вежбање и напор. Ако пешачиш со него, нека пешачи здраво, исправено-стегнато, не како желка. Од тоа инаку ништо. А за да го натераш, тешко. Тој мора сам да си постави цел, инаку сето тоа е командувано преку мозокот, џабе и најдобриот фитнес тренер ако нема волја и желба...и цел.
Тоа е мојата приказна, не знам дали ти помогнав. Ова не е од аспект на професионалец, туку од обичен малку згоен средновечен човек кој решил да не старее така лесно и да си зачува здравје.
Ако пак сака мускули...тоа веќе е формула која дечките погоре ќе ти ја објаснат. Веј протеини, појачувачи на снага...за маса, па чистење за дефиниција...има цела наука за тоа. Диета за маса, диета за дефиниција, што би рекле диета за слабеење, фигура, ставање маса...ептен е сложено за попорфесионално бавење.
Дај му да чита статии, примери, ефекти од разни продукти и вежби...како делуваат кетоните, како протеин се разлага, па преку џигер иде ваму или таму...има извори на нет.
Само немој со ефедрини и слични ствари, оти удираат на се живо во телото, од тоа што прочитав за нуспојави не се нималку наивни.
За фатбрнери нека ти објаснат исто момциве оти немам земано, а ми кажаа дека биле за топење на маснотии ама за нуспојави и ефекти не знам.
За поозбилна работа едноставно треба да си као со медицински факултет, да познаваш анатомија, интерна медицина...нутриција. Интересно но и сложено.
Пуу, цела страна, ми тргна од сабајлечки.