Богат идиот или сиромашен гениј?

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување

Богат идиот или сиромашен гениј?

  • Богат идиот

    Гласови: 94 33,6%
  • Сиромашен гениј

    Гласови: 186 66,4%

  • Вкупно гласачи
    280
Колку сме само ние луѓето комплицирани. Зошто ова, зошто она? Зошто гениј, зошто идиот? Добро бе што е неможете да се одлучите за едно едноставно прашање? Па што останува за нешто по комплицирано? Еднаш нека биде или ДА или НЕ само, нека биле или ЦРНО или БЕЛО, зошто секогаш таа златна средина? Па не е редно да бидеме и ние активен субјект во менување на работите?
Проблемот е во изборот дека немаме избор, повеќе опции има од две зошто да бирам помеѓу две кога можам да бирам помеѓу илјада и од тие илјада ништо да не одберам, затоа што и тоа е мој избор.....
 
Има идиоти што и те како ги бива за правење пари а за се друго се бегај подалеку. Сепак пракса покажува дека има куп жени на кои не им смета идиотизмот чим има кеш :smir:.

Ако е идиот, не ќе да го бива за правење пари повеќе од генијот.
Со гениј не е џабе седењето, со идиотот е. Материјалното е минливо.
 
Ако е идиот, не ќе да го бива за правење пари повеќе од генијот.
Со гениј не е џабе седењето, со идиотот е. Материјалното е минливо.

Зависи што подразбираш под идиот, секако не мислиме на тип што му течат лиги од уста и е ментално ретардиран :wink:.

Повеќето генијаци биле тотално неспособни за правење пари и умреле во сиромаштија, генијалноста и смислата за бизнис воопшто не мора да се компатибилни.

Инаку за последното се согласувам потполно, дека со гениј не е џабе седењето и секоја женска што држи до себе и знае што сака ќе го одбере генијалниот, само во пракса „идиотите“ со пари (намерно ставив наводници) најчесто подобро поминуваат :smir:.
 
Како може ГЕНИЈ да биде сиромашен? Ако е ГЕНИЈ ќе му работи бољерот и како да направи пари!? Ваљда темава не е отворена за Војо Ушевски :smir:

Значи едно е ГЕНИЈ во област на уметност,некоја таква природна дарба без размислување да направиш некое дело,а друго е да си ГЕНИЈ за нешто што не може секој ум да го измисли! Нешто од научен аспект,хемија,физика,биологија...... Со самото тоа автоматски добиваш средства,не знам што е спорно,можда јас сум во случајов комбинација од СИРОМАВ и ИДИОТ,ај вака малце да се самоискритикувам :S
 
Уфффф тежок е изборот искрено.. коа ке видиш од една страна 50 50 е изборов.. како и да е ја би за сиромашен гениј од едноставна причина... сиромашниот човек со тек на времето може да дојде и во подобра ситуација но сепак е гениј нели.. за разлика од богатиот кој може сепак да биде богат али титулата идиот е едноставно дело на мајка природа што никој неможе да ја отстрани.
 
Проблемот е во изборот дека немаме избор, повеќе опции има од две зошто да бирам помеѓу две кога можам да бирам помеѓу илјада и од тие илјада ништо да не одберам, затоа што и тоа е мој избор.....

Па едноставно затоа што имаш конкретен случај, конкретни две прашања немаш повеќе опции немаш илјада избори.
Ако те праша некој ти се јаде? Што ќе му одговориш?
Зошто да јадам? Зошто мора да не јадам? А зошто сега да јадам? Зошто воопшто ми се јаде? Или едноставно одговараш со ДА и НЕ?
 
Премногу си ги поедноставил работите. Има огромна разлика! Нормално е секој човек да си го поставува најфилософското прашање „зошто“, ама за темава и не е толку едноставно. Има луѓе кои сакаат многу пари, ама има и луѓе на кои не им значат парите. Факт е дека многу тешко се живее без нив, ама ако духот ти е ботат можеш се` да надминеш!
 
Многу е битно шо подразбира авторот на темава под овие споредби? Пошо крајно се глупи.
Од моја гледна точка богат идиот е тип со многу пари, без грам памет кој ужива да се расфрла и да се фали со својата материјална состојба мислејќи дека може да го купи целиот свет со пари.
Другото сиромашен гениј, како што напишаа погоре, не ми е јасно во која смисла го мисли авторот тоа гениј, денес можеш да бидеш и Ајнштајн ама ако немаш факс џабе ти е генијалноста. Ако таа генијалност се заснова на природните науки не е можно да не му се промени статусот од сиромашен додека во уметноста тоа е шат-пат пошто македонскиот народ уште ја нема сфатено уметноста сериозно и воопшто не ги интересира.
Ја бирам сиромашен гениј, неговата ситуација може да се промени а и поинтересно е да седиш со некој таков тип од кој може ќе научиш нешто неголи да слушаш некој како купил кола,мотор итн.
 
Како може ГЕНИЈ да биде сиромашен? Ако е ГЕНИЈ ќе му работи бољерот и како да направи пари!? Ваљда темава не е отворена за Војо Ушевски :smir:

И јас се чудам како може гениј да е сиромашен ама ете може, имаш доста примери од пракса да не ги барам сега. Те бива за една работа во живот а за правење пари и за бизнис ТАПА. Тесла е еден пример, Микеланџело и Ван Гог друг, Марија Кири трет (немала пари да си ја земе Нобеловата награда), Еварист Галоа четврт и многу трагичен пример (и многу малку познат) и да не одам понатаму имаш уште доста.

Освен тоа некогаш и политичкиот систем играл улога, да бил Ломоносов Американец денес цело човештво ќе знаеше за него ама ете во Русија се родил ;).

Една причина е секако и слабиот интерес кај тие луѓе за правење пари а втората секако дека талентот за бизнис и маркетинг најчесто нема врска со талентот и генијалноста во областите каде се тие генијални, типичен пример Тесла и Едисон. Едниот погенијален од другиот ама другиот со многу подобар смисол за бизнис и сијалицата нему му се припишува ;).

Значи едно е ГЕНИЈ во област на уметност,некоја таква природна дарба без размислување да направиш некое дело,а друго е да си ГЕНИЈ за нешто што не може секој ум да го измисли! Нешто од научен аспект,хемија,физика,биологија...... Со самото тоа автоматски добиваш средства,не знам што е спорно,можда јас сум во случајов комбинација од СИРОМАВ и ИДИОТ,ај вака малце да се самоискритикувам :S

А зашто да е различно, гениј е гениј без разлика во која област се работи, нормално збориме за конструктивна и креативна генијалност а не да си гениј за масовни убиства или нешто слично иако и таму си има екстра талентирани :).

Во едниот случај кај уметноста предизвикуваш чувства кај голем број луѓе а во другиот случај правиш изум кој им користи на голем број луѓе, мене не ми е разликата толку драстична како ти што мислиш. И во едно уметничко дело има некогаш многу повеќе планирање него било кој лаик што може да помисли :).

За болдот ќе правиме муабет после 10 години па ќе видиме дали уште ќе го имаш истиот став. Во живот ништо не иде автоматски освен смртта а за се друго има да скинеш 10 пара кондури :).
 
дефинитивно сиромав гениј .Богатството е менливо денес имаш утре немаш ,класичен пример Мајк Тајсон 300 милиони евра денеска нема гаки да си купи .
п.с за 10 години ке биде обратна ситуацијата генијот ке биде богат, а идиотот ке биде чувар во зоолошка .
 
Па едноставно затоа што имаш конкретен случај, конкретни две прашања немаш повеќе опции немаш илјада избори.
Ако те праша некој ти се јаде? Што ќе му одговориш?
Зошто да јадам? Зошто мора да не јадам? А зошто сега да јадам? Зошто воопшто ми се јаде? Или едноставно одговараш со ДА и НЕ?
Ќе прашам што има за јадење ако има леќа ќе прескокнам, ако има пица или скара не одбивам.
Така да секогаш има повеќе опции од две...
 
Ќе прашам што има за јадење ако има леќа ќе прескокнам, ако има пица или скара не одбивам.
Така да секогаш има повеќе опции од две...

Ко пита, не скита...Тоа е мотото? Така?
Признаваме дека премногу често „знаеме“ се за она што не опкружува, али генерално откако ќе помине ги гледаме последиците. Сите признаваме дека нема подобар генерал од нас после изгубена битка, нема подобар патриот после капитулација. На сите нас ни одговара да бидеме „генијалци“ спремни по цена на се да го одбереме она што најмногу ни одговара и после да филозофираме за тоа како можеби сме можеле подобро ако сме одбереле нешто поинаку. Затоа и основниот процес на изборниот проблем лежи токму во тоа, дека не можеме да избереме објективно и неможеме да ги прифатиме последиците затоа што нели „ние можеме повеќе“. Оваа теорија ќе остане таква се додека ќе бараме влакно во јајце.
 
Генјиот ја има надминато желбата за лично богатење, не му е важно дали неговото име ќе се прослави или не. Гениот постои поради самото постоење, за него животот, светата можност да се биде овде и жив има поголема вредност од сите богатства на светот.

Додека идиотот е идиот и нема што многу да се каже за него.
 
Ќе прашам што има за јадење ако има леќа ќе прескокнам, ако има пица или скара не одбивам.
Така да секогаш има повеќе опции од две...

Види буцко, вистина е дека, за се` имаме избор и убаво би било правилно да избереме.Секој во животот го сака најдоброто за себе и секој мисли дека правилно постапил за повеќето работи во животот. Се разбира, доколку сфати дека погрешил ќе се покае, ама тоа не е темава... Прашањево е многу едноставно, сакаш да бидеш финансиски богат, односно глуп сноб, на кого сите ќе му се смеат зад грб, а он ќе мисли дека е фраер, само затоа што може да си купи нешто повеќе од другите или сиромав, ама почитуван и човек со кого вреди секоја секунда која ќе ја поминеш?
Едноставно е! Кога не би бил ова што си, која опција би ја одбрал? Сакаш да бидеш финансиски богат ама со сиромашна душа или финансиски сиромав ама со богата душа?
 
Ко пита, не скита...Тоа е мотото? Така?
Признаваме дека премногу често „знаеме“ се за она што не опкружува, али генерално откако ќе помине ги гледаме последиците. Сите признаваме дека нема подобар генерал од нас после изгубена битка, нема подобар патриот после капитулација. На сите нас ни одговара да бидеме „генијалци“ спремни по цена на се да го одбереме она што најмногу ни одговара и после да филозофираме за тоа како можеби сме можеле подобро ако сме одбереле нешто поинаку. Затоа и основниот процес на изборниот проблем лежи токму во тоа, дека не можеме да избереме објективно и неможеме да ги прифатиме последиците затоа што нели „ние можеме повеќе“. Оваа теорија ќе остане таква се додека ќе бараме влакно во јајце.

Проблемот е што се мисли дека мора да се натпреварува човек со другите да биде подобар, побогат, попаметен шампион над шампионите. Ама сето тоа е залудно трошење на енергија потенцијал и капацитет на креирање. И размислувањето што да се прави во дадена ситуација што е исправно што погрешно додека човек го прави тоа ќе го заврти спиралата на животот и ќе си остане со мислата малиот јас колку згрешив во животот толку многу размислување и толку многу грешки. Нема мислење нема размислување туку делување во дел од секунда и секогаш таа акција е исправна ако остави човек да мисли што е што секогаш таа акција е погрешна, затоа што ќе делува по научен индонктриниран принцип кој што го здобил со хипноза низ текот на животот.....

Нема его нема натпревар само се оди по движење на нештата кои што сами од себе си се редат во текот на животот, или барем така изгледа и не е судбина запишана на камен без избор туку имаш неограничен избор кој е движење или пат со цел кој што мора да се изоди, и како што викаат индијанците да не ја бараш ти твојата животна цел туку таа треба да те најде тебе.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom