луѓе, шо праиме со ова италијаниве?
од пријателските што ги гледав, не дека се некој репер овие натрепвари али не верувам дека италија ќе стигне далеку за светско.
што мислите? ќе успее ли италија да ја одбрани титулата светски првак?
прво, мое мислење е дека средниот ред е катастрофален, липи премногу се ослонува на "старата гарда" која меѓувремено се повреди а не направи некоја смена на генерација, односно уигрување на новите. тоа ќе биде главна задача на прандели понатаму. не ми е јасно што правеше целиов овој период липи и не вметнуваше нови репрезентативци.
џабе го става пацини кога не му е тука касано, џабе го става паломбо кога со монотливо уште здраво си немаат кажано. гатусо нема играно цела година а као демек има искуство и се бори на терен, a дагостино, како и роси воопшто не се викнати. нема некоја соодветна замена за тоти, јас барем не гледам.
не знам што очекува липи, со истиот состав од 2006-та пак да освои. ќе им треба стварно многу среќа со претпоставка дека групата барем ќе ја поминат.
ајде нека пише некој нек се произнесе по оваа тема, баш ме интересира ....