Незнам колку точно за шалов...ми кажаја дека е земен од некој играч од подмладокот на пелистер кој идел на тренинг со шалот(чим идел со шалот значи дека е чкембар
)...а за дуксеров кого сакаш да збуниш?..па гледаш ли дека дуксеров којзнае колку години е стар и којзнае колку време е носен...
И утре пак ќе ве нема...браво браво ова е голем плус за "најдобрата" македонска навивачка група(нормално ова најдобри само вие го зборите,друг никој не го рекол)..позз се гледаме во Битола чим вие се плашите да дојдете тука.
Е сега не просветли...
Некое дете го носело шалот-демек од подмладокот на Пелистер-ама штом носело шал во ден кога нема утакмица вие заклучивте дека е Чкембар....
До кога бе деца со вакви глупи потези...
Се знае каде е местото за да се земи шал,мајца-НА ТРИБИНА-ОСНОВНО УЛТРАС ПРАВИЛО,кое за жал ретко кој го знае овде кај нас...а уште помалку го применува.......
Кај нас,ќе се начека некое дете,ќе му шлакнат два шамари и после ќе се мрчи на интернет...
Или пак одат во други градови,па се сликаат со шалови,мајци-демек големи мангупи...
Кога ќе се судрат две групи на стадион,или надвор од него- е тогаш е друга работа...
А вака е :music5::music5::music5: работата....
За дуксерот.ај да речиме шалот сте го дрпнале од детево(и во овој муабет се сомневам,ама ај да речиме дека е така,иако лично мислам дека сте го купиле шалот од пазарот....),сигурно и дуксерот сте го зеле од него..
Изгледа му имате буричкано во торбата...:smir:
Изгледа имало некоја утакмица...Пелистер-Тетекс,млади категории па сте начекале некое дете од подмладокот на Пелистер со шал и дуксер во ранецот-па ај сега ќе му ги земиме...и ќе се правиме мажи на форум...:bravo:...
Да земите шал од некој редовен Чкембар...секоја чест-ама од некои 12.13 годишни деца кои одат на тренинг на фудбал,а не на утакмица да навиваат-е па навистина сте ХУЛИГАНИ
...
Арно шо не ме однесе патот накај стадионот во тоа време...којзнае шо ќе ме снајдеше ако ја сретнев таа "СТРАШНА ЕКИПА ОД СЛИКАТА",се ќе ми собереа,башка ќотекот...
....
И дечко,ние не се правиме дека сме најдобри...
Реално ситуацијата не е розова,далеку сме од најдобри...ама па не се потценуваме...
А вие никаде ве немаше...па сега изникнавте и се правите дека сте нешто посебно...
Сте направиле неколку гостувања до Скопје,и поблиските градови-дојдовте еднаш во Битола-и се кренавте дека сте направиле којзнае што...
Па Чкембари тоа го прават повеќе од 20 години бе другар...
И шо ако дојдовте,демек не поразивте а?
Од пусти страв дури и знамињата ги ставивте внатре во трибината...а немаше потреба од толку страв..немаше многу Чкембари тој ден....:smir:
Пак ќе кажам,ама на кој му кажувам,грото овде се ДЕЧУРЛАНА шо не ги знае работите,си мислат дека се знаат,а немаат ни 3 гостувања зад себе, а тука на големо солат памет и продаваат ултрас култура.......
Имате уште МНОГУ ДА УЧИТЕ за да се споредувате со Чкембари....
И многу ми е криво шо Пелистер испадна лани во купот со Работнички,па да се сретневме во Скопје...па да видевте кој е кој...
А дотогаш УЖИВАЈТЕ ВО ДЕТСКИТЕ ШЕМИ,.и
на некои "украдени шалови,дуксери "на 13 годишни деца....
Не важи ова само за вас,општо за сите тнУЛТРАСИ кои се палат на вакви потези....
Да му се одмили на чоек и навивање и се..не е чудо шо живо пиле не пее повеќе по стадиониве,на кој му се навива,,кога ќе види какви се индијанци има низ нашите групи...:kesa:
Со кој и за кој да навиваш?:kesa: