Баш ми е криво шо Пелистер испадна на ваков начин.
ФАКТ е дека го НАДИГРАВМЕ Работнички,не само во Битола на првиот меч,туку и во Скопје,и само неефикасноста и добриот голман на Работнички-секоја чест за дечкото:bravo: не одалечи од големото финале
Навистина штета,за борбеноста,за залагањето играчите заслужија чиста 10 ка,не ги искористивме своите шанси за време на натпреварот и кога дојдоа пеналите веќе се беше во доменот на среќата.
Штета шо Мацата не беше сконцентриран при првиот пенал шо упати млак,наивен удар кон голот,пред то беше одличен со неколку БОМБИ од преку 25 метри,и само голманот го извади Работнички.
То е то
Ни фали реализација,немаме играчи кои и најмалата полушанса ќе ја претворат во гол,на ова треба да се поработи во летниот преоден рок,да се донесат засилувања во средината,посебно некој креативец кој со еден потег ќе го реши мечот,ќе шутни од далеку,ќе асистира,ќе направи вишок,а ќе ни треба и еден голгетер од калибарот на Драганчо Димитровски.
Средниот ред и нападот се послабиот дел од тимот,одбраната е добра,да не речам одлична..
Се надевам дека амбициозната управа на чело со Ванчо ќе си ја сфати сериозно работата,и конечно Пелистер наредната сезона да биди тим од кого сите ќе се плашат и ќе атакува на највисок пласман.
Многу се постигна оваа полусезона,работите се подобрени,со тек на време ако продолжат со ова темпо на работа Пелистер ќе биди на врвот на мак-фудбалот.
Има некој теоретски шанси за тоа трето место.
Се надевам дека Работнички ќе изигра ФЕР и дека нема да се исполнат тие шеми за МЕСТЕНКА во финалето:kesa
иако лично мислам дека Тетекс 80% добива во финалето)
Штета шо Лигата ни е ЧОРБА,шо фудбалот го водат мафијаши кои ги упропастија најголемите фудбалски брендови во државата.
Околу навивањето-задоволен сум од гостувањето,доста добро навивање,посебно во второто полувреме,по подолго време видов доста стари фаци на трибина,дечки шо биле нон-стоп на трибина на времето ,шо е за поздравување и за респект.
Мала,црна дамка остави кратката тепачка,но брзо се се заврши.
Се надевам дека полека,полека ќе се врати стариот сјај на Битолскиот спорт,еуфоријата кај навивачите,а со тоа ќе се подобри и самата група.
Уште еднаш почицијата потфрли,не знам само зошто толку страв кај нив?
:nesvest:,15 минути чекавме на патарина,+30 минути се изнавозивме низ Скопје север,уште малку и Тетово ќе стигневме:nesvest:,а го изгубивме скоро цело полувреме.
Не знам само шо им беше филмот-демек Војводи беа во Автокоманда и ќе с еочекуваа нереди??:kesa:
П.С.Комити,односно некои деца кои избегале од часови немаа попаметна работа во среда попладне,па дојдоа да се "забавуваат".:kesa:
Уште на самиот влез пред СЕВЕР дојде еден СЛИКАР:pos2:се изнаслика од горе кај скалите,:bravo:направи цела фотосесија
Се надевам дека ќе постават некоја слика да се видиме