Фан клуб на "Ferrari"

  • Креатор на темата Креатор на темата Neno
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа воопшто не е прашање дали... прашањето беше кога ке го видиме во болидот.

Eве поконкретно што ке прави Маса... го чека уште една мала операција.
Тоа е пластична операција... важно ќе нема последици од повредата и 100% спремен ќе може да се врати, не е важно дали оваа сезона или следната. :toe:
 
Со искуството што го има Физикела мислам оти добро би се снашол во болидот на Ферари и ќе биде достојна замена за Маса..А Култхард мислам дека тој како и Раиконен не се труди...

Ме послушаа...:smir:
 
Принуден одговор:

Добро што дојде,ќе не спаси од супер резултати на тест возачот.Иначе се надевам дека добро ќе се снајде и дека ќе постигне добри резултати.Од следниот викенд веќе ќе имаме два возачи во игра што е многу добро и ќе освоиме повеќе бодови.МАСА КАМ БЕК,ХРИ АП!
 
Кими трети, Физикела девети.

Барем Физикела успеја да влезе во првите 10, нешто за што може само да сонува Бадоер. :toe:
 
Алонсо ќе заработува 25 мил.
Иако официјално се уште не е објавено дека Фернандо Алонсо во новата сезона ќе вози за Ферари, шпанските медиуми се занимаваат со деталите околу договорот на двократниот светски првак. Според АС, Алонсо ќе потпише петгодишен договор со опција за продолжување на уште една година, а во првите две ќе заработува по 25 милиони евра со што ќе биде еден од најплатените возачи во Ф1 шампионатот.
6360FBE005617249AF8DF5E47649BEA0.jpg

Некои медиуми шпекулираат и дека Шпанецот ќе биде официјално претставен во четврток во 10 часот по локално време во Јапонија.

"Црното коњче" уште од 2008 година имале контакти со Алонсо, но бидејќи и двата возачи Маса и Раиконен тогаш беа под договори, не можеше да се оствари желбата на претседателот на Ферари, Монтеѕемоло да се доведе Шпанецот.

Во наредните денови се очекува и официјално да биде потврдено враќањето на Кими Раиконен во МекЛарен Мерцедес, кој ќе го раскине договорот со италијанскиот тим.
 
И официјално Ферари во Алонсо,тригодишен договор.

Кими го раскина договорот и опции му се Браун и МсМ.Иако верувам дека втората е поочигледна.

Кој ке го гледа гадон Алонсо во Ферари,по се она што кажа за Ферари во 2006та...Дали Монтеѕемоло го заборавил тоа?:tapp:
 
Мислиш, Алонсо во Ферари .. хехехее :pos::pos:

Да да, денес потврдил тимот од Маранело дека Фернандо Алонсо, двократниот светски првак од догодина заедно со Фелипе Маса ќе вози во тимот на Ферари. Еве линкче http://www.formula1.com/news/headlines/2009/9/10015.html

А Кими веднаш откако ја чул веста, изјавил дека му е жал што овде прекинува неговиот ангажман во Ферари, но сепак сега е повеќе од јасно дека догодина Финецот ќе го има својот голем кам-бек во МекЛарен, кој пак во 2010 ќе се реши од Ковалаинен (најверојатно ќе премине во Вилијамс), каде пак ќе биде замена за Нико Розберг, кој е печен догодина да му биде клубски колега на Џ.Батон т.е. да премине во БГП. Така да шансите за Кими да оди во Брон се доста помали, за разлика од оние во МекЛарен, каде без сомнеж би бил пречекан на голема врата .. :wink:
 
се менуваат луѓето...

ама пошто нема друг топ тим за Алонсо сега им го лижи гзот за Феррари хахаха
флертува со нив и сега се смирија страстите и стапија во брак кој изгледа ке носи добри резултати во иднина

тој е топ возач кој не прави СМЕШНИ ГРЕШКИ како Раиконен (лани во Спа и многу други)

Kimi Raikkonen - (Crash Compilation)

грешките говорат се

Мислиш, Алонсо во Ферари .. хехехее :pos::pos:

Да да, денес потврдил тимот од Маранело дека Фернандо Алонсо, двократниот светски првак од догодина заедно со Фелипе Маса ќе вози во тимот на Ферари. Еве линкче http://www.formula1.com/news/headlines/2009/9/10015.html

А Кими веднаш откако ја чул веста, изјавил дека му е жал што овде прекинува неговиот ангажман во Ферари, но сепак сега е повеќе од јасно дека догодина Финецот ќе го има својот голем кам-бек во МекЛарен, кој пак во 2010 ќе се реши од Ковалаинен (најверојатно ќе премине во Вилијамс), каде пак ќе биде замена за Нико Розберг, кој е печен догодина да му биде клубски колега на Џ.Батон т.е. да премине во БГП. Така да шансите за Кими да оди во Брон се доста помали, за разлика од оние во МекЛарен, каде без сомнеж би бил пречекан на голема врата .. :wink:

јас мислам дека Батон ке си бара друг тим ако не 2010,2011 сигурно оти Баричело е подобар од него а Розберг ке го РАСТУРИ Батон тоа е сигурно
 
Тоа кој кого ќе раступа во Брон догодина, не знам, но едно е јасно - Баричело е ВИШОКОТ во БГП за 2010 друже, така да најверојатно бразилецот ќе го гледаме во др. клубски бои догодина ..
 
па се разбира дека Баричело е ВИШОК а плус и време му е за пензија
ке оди изгледа во некој од новите тимови и ке вози уште 1 или 2 сезони

а Батон е сигурно дека ке биди шампион и Рос не го дава
а Розберг да не не е добар возач а???
 
Сега за сега се му оди на Батон од рака но сепак никогаш не се знае. И Хамилтон беше сигурен пред 2 години, па од готово направи вересија. Како што се ближи крајот притисокот над Батон уште повеќе расте.

Искрено мене Розберг и не ми е некој исклучително добар возач. Значи далеку од тоа дека е слаб, но сепак мислам дека е преценет. Лично сметам дека Кубица е подобар од него, ама Нико како Германец секогаш ќе има предност особено ако се земе фактот дека Мерцедес ги снабдуваат Браун ГП со мотори. И ако Баричело стане првак, дури тогаш ќе се искомпликува ситуацијата. Сигурно дека Рос Браун нема да се откаже од шампионот (под претпоставка да стане), а германците ќе притискаат да дојде Нико.
 
аааааа грешиш Розберг како и Кубица и Фетел се топ возачи и здравје боже можи Кубица ке го гледаме во 2011 на местото на Маса па дури тогаш ке биди папапа

а во Brawn сигурно ке дојдат и германски спонзори така да Рос знај шо прави

Ај не го тупете по темава кој како каде АКО... Фернандо има 3 годишен договор мада мое мислење е дека Ферари ке оди од дрвено на камено. Кими е подобар тимски колега од Алонсо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom