Споредба на македонски хостинг услуги (верзија 0.4)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bidikov
  • Време на започнување Време на започнување
добро шо, страната им е во изработка. важно имаат стабилен и добар хостинг.
 
добро шо, страната им е во изработка. важно имаат стабилен и добар хостинг.

страната мош им е во изработка ама за стабилен и добар хостинг тешко за никаде се :kesa:ХАХА имат фирма а страна немат :toe: бруки се !!!
 
хаха...баш имаат стабилен хостинг. мп3.бадијала.цом таму е хостирана,3дмк.уни.цц таму е хостинран.паднал некад?
НЕ!

затоа кога не знаеш не зборувај многу.
 
хаха...баш имаат стабилен хостинг. мп3.бадијала.цом таму е хостирана,3дмк.уни.цц таму е хостинран.паднал некад?
НЕ!

затоа кога не знаеш не зборувај многу.
pa nivni korisnik e :D
mnogu gi branis kakvo usluga ke ti dadat samo ftp pristap
tehnicka podrska nikakva btw tema e za hostinzi so mk ip so loakcija vo mk ili za makedonski firmi
 
Испуштен е и ddhost.org, македонци го држат, серверите им се во Англија
Исто и mkprovider.com
 
Деновиве ќе објавам освежена верзија на споредбава бидејки има некои промени, во цени кај некои, потоа има и нови играчи како што ги спомна Декстерче погоре.

Стеј тјунед....
 
се е убаво само цените се срање. ако сакате споредба еве глејте
http://host.bg/

нема споредба со нашиве по секој параметар. јас си користам од таму, плаќаш еднаш годишно и крај.
 
имав и јас проблеми со таков странски смешен хостинг пакет, нудеше unlimited space, unlimited trafic, но знаете што се дешаваше со хостот, пагаше сајтот на секои 5минути и бајаги споро го отвараше, а пакетот беше бајаги ефтин но тапа, сега овој што го имам сум многу задоволен до сега ниту грешка ниту ништо не се десило.
 
free hosting d best jas na mojata web imam freehost koj e mnogu dobar(1500MB cPanel mysql phpmy admin 20GB bandwith 100% uptime 100Mbit connection) ...ama nema da go kazam bidejki ke ima preoptuvaruvanje
 
free hosting d best jas na mojata web imam freehost koj e mnogu dobar(1500MB cPanel mysql phpmy admin 20GB bandwith 100% uptime 100Mbit connection) ...ama nema da go kazam bidejki ke ima preoptuvaruvanje

Не дека си подпросечно интелигентен, ама не мислиш дека веќе сите ти го знаеме хостингот со еден лесен domain lookup?
 
Бидејќи во подготовка е ревизија на оваа споредба ... ќе ја заклучиме темава дур не дојде новата верзија ...

Инаку, овде не збориме за беспалтни хостинг „компании“ :pos2:
 
Мислам дека е време да ја продолжиме дискусијата на темава.
Ќе ги разгледам новите понуди (под претпоставка дека има некои промени) на веќе наведените фирми што нудат хостинг во Македонија на заеднички сервери.

МТНЕТ - нуди хостирање на заеднички сервер или на засебен сервер кои самите треба да го одржувате.
Пакетите можат да се на Linux или Windows платформа.
Основниот пакет вклучува 20МБ простор и 2ГБ месечен сообраќај, додека пак најголемиот пакет оди со 1500МБ простор и 35ГБ месечен сообраќај.
Можностите на серверите се минимални, и секоја надградба се плаќа дополнително.
Цената на месечно ниво се движи од 300 до 3450 денари, додека пак на годишно ниво од 3400 до 39000 денари плус 18% ДДВ.
Повеќе инфо


Он.Нет - нуди хостирање на заеднички сервер, на Linux платформа:
Основиот пакет вклучува 100МБ простор и 5ГБ транфер, додека пак најголемиот пакет оди со 1500МБ простор и 40 ГБ месечен трансфер.
Сите опции се наплаќаат дополнително месечно.
Месечната цена за основниот пакет е 360/400/571 денари (без ДДВ) месечно во зависност од должината на склучениот договор (2 години/1 година/неопределено);
додека пак месечната цена за најголемиот пакет е 2430/2700/3857 денари (без ДДВ) месечно, исто така во зависност од должината на склучениот договор (2 години/1 година/неопределено
Повеќе информации


Унет - нуди хостирање на заеднички сервер
Има повеќе пакети кои се разликуваат по можностите, просторот и месечниот трансфер. Исто така има специјални пакети за е-продавница.
Пакетите се со простор од 5 до 500 МБ - трансферот е од 2 до 50 ГБ.
Цените на годишно ниво се движат од 4000 до 95000 денари плус 18% ДДВ
Повеќе информации


МОЛ (2MG) - нудат хостинг пакети на заеднички сервер
Има 4 пакети кои се разликуваат според просторот, опциите и трансферот со можност да се избере Windows или Unux платформа.
Пакетите се со простор од 5 до 100 МБ, а трансфер од 1 до 10 ГБ.
Цените на годишно ниво се движат од 1300 до 10800 денари плус 18% ДДВ
Повеќе информации


НЕОТЕЛ - нудат хостинг пакети на заеднички сервер на Linux или Windows платформа, и на засебен сервер на Linux или Windows платформа.
Има 5 пакети на заедничките сервери кои се разликуваат според просторот, опциите и трансферот.
Пакетите се со простор од 50 до 1000 МБ, со месечен сообраќај од 10 до 100 ГБ.
Цените на годишно ниво за хостирање на Linux платформа се движат од 2900 до 8650 денари плус 18% ДДВ, додека пак за хостирање на Windows платформа истите се движат од 4300 до 10080 денари годишно без 18% ДДВ.
Повеќе инфо


Следуваат понуди од хостинг компании кои своите услуги ги нудат на сервери кои се лоцирани надвор од македонија, но целна група се корисниците од македонија ...


МКхост - нудат хостинг пакети на заеднички сервер на Linux и Windows платформа и Виртуелни Приватни Сервери (VPS)
Има повеќе пакети кои се разликуваат според просторот, опциите и трансферот.
Пакетите се со простор од 500 до 5000 МБ, а месечен трансфер од 20 до 250 ГБ.
Цените на годишно ниво за хостирање на Linux платформата се движат од 2439 до 6699 денари (без податоци дали во цената е вклучен ДДВ)
Цените на годишно ниво за хостирање на Windows платформата се движат од 2939 до 8699 денари (без податоци дали во цената е вклучен ДДВ)
Повеќе информации: за Linux платформата - за Windows платформата


ProHost - нудат хостинг пакети на Linux платформа на заеднички сервер и засебни сервери
Има 6 пакети кои се разликуваат само според просторот и трансферот, сите други опции се вклучени во сите пакети.
Пакетите се со простор од 100 до 10000 МБ, а трансферот е од 1 до 100 ГБ.
Цените на месечно ниво се движат од 99 до 999 денари со вклучен ДДВ.
Цените на годишно ниво се движат од 699 до 8999 денари со вклучен ДДВ.
Повеќе информации


HOSTIRAJ - нудат хостинг пакети на linux платформа на заеднички сервер
Има 3 пакети кои се разликуваат само според просторот и траснферот - сите други опции се вклучени во сите пакети.
Пакетите се со простор од 500 до 2000 МБ, а трансферот е од 10 до 90ГБ.
Цените за 6 месечна претплата започнуваат од 800 до 3000 денари, додека пак за годишна претплата од 1500 до 5500 денари плус 18% ДДВ
Повеќе информации

Некој коментар/сугестија? :)
 
коментар, сугестија = сиромашни пакети .... може да се каже пола па и некои помалце од пола од она што го нудат повеќето неМакедонски компании во делот на услужни апликации, трансфер, простор ...:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom