Ареа 51, Невада

Voice of Jericho

Twisted Firestarter
Член од
13 септември 2008
Мислења
301
Поени од реакции
137
За ова стварно не знам што да искоментирам. Не знам само зошто во јавноста ич не се збори за вакви некои експерименти кои ги вршат, добро е и ние да знаеме што се не опкружува. Конкретно за Ареа 51, имам прочитано дека се вршат експерименти, или правење на мутанти кои ги користат после за воена цел. Не знам колку е точно ова, ама вистината од таа лабораторија никогаш нема да излезе на виделина.
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Koj ja ima igrano half life bilo koja 1co ili 2kata moze da sporedi vonzemjani + eksperimenti+BLACK MESA= AREA 51
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Oвие видеава што ги постиравте, нели беа од настанот со НЛО-то од Розвел?Нели беше објавено дека тоа е лага?
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Oвие видеава што ги постиравте, нели беа од настанот со НЛО-то од Розвел?Нели беше објавено дека тоа е лага?
Да беше објавено но од УСА т.е. ЦИА или што знам кој се уште не.
Првичната вест беше дека е соборен авион (летало), па нели имаше снимки од оние расфрлани остатоци од леталото. па нели дојде демант дека тоа всушност паднал метео. балон...
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Да беше објавено но од УСА т.е. ЦИА или што знам кој се уште не.
Првичната вест беше дека е соборен авион (летало), па нели имаше снимки од оние расфрлани остатоци од леталото. па нели дојде демант дека тоа всушност паднал метео. балон...
За на крај да излезе дека не падналo ништо, туку дека е само добар маркетиншки и туристички трик од Американците од кој вадат добра пара:)
 
R

RAYTHEON23

Гостин
оф леле...ареа51 и официјално не постои,тоа да ви биде јасно.како второ постои,но нема врска со вонземјани...туку тоа е високозаститена воена инсталација за истразуванје и развој а сега гледам и пистата им ја зголемиле..спремаат ново летало изгледа...а и ДА секако во 60 и 70 кога експериментираа со дизајните на нацистите за елипсовидни летала како и кога ги гледаа тие балони си рекоа ес уна малагрп ова е НЛО па на просецен цовек и денес покази му го Ф-117 или Б-2 и ке му лици на НЛО...освен воени истразуванја нема друго најмалку ванземалјци-всусност оваа ванземјизација и НЛО е намерно направено бас од раководството во САД за да се крие вистината па лугето да писат за НЛО еве вака на црн обоен авион како Б-2 стави му 5светилки нека лета високо ке го сликаат па ке рецат свемирци летаат у соврсена формација...прикаски
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
нова иницијатива за обелоденување на тајните досиеја за „розвел“
Вашингтон крие дека не сме сами
Треба да сме спремни да посегнеме надвор од нашата планета и од нашиот Сончев систем за да откриеме што навистина се случува таму - изјави поранешниот астронаут Едгар Мичел

Астронаутот Мичел најдолго од сите луѓе пешачел по Месечината
Луѓето не се сами во Универзумот, а вонземјани несомнено ја посетувале нашата планета, тврди пензионираниот астронаут Едгар Мичел, член на мисијата „Аполо 14“ и рекордер според должина на прошетка по Месечината.Спроти прославата на Денот на Земјата, Мичел на конференција на уфолози изјави дека Вашингтон и други влади ја прикриваат вистината дека постои вонземен живот.

- Човештвото долго се прашува дали сме сами во Универзумот. Но, дури во нашиот период навистина имаме докази. Не, не сме сами. Нашата судбина, според мене, е да станеме дел од планетарна заедница. Треба да сме спремни да посегнеме надвор од нашата планета и од нашиот Сончев систем за да откриеме што навистина се случува таму - изјави Мичел.

Поранешниот астронаут израснал во Роузвел, Њу Мексико, едно од најтаинствените места во светот. Се смета дека таму во 1947 година паднало вонземско летало. Регионот веќе половина век е непристапен, бидејќи таму е изградена база на военото воздухопловство на САД. Мичел тврди дека уште кога бил дете жителите на Розвел добивале „препораки“ од офицери да не зборуваат за нивните искуства, како и закани за „опасни последици“ ако проговорат. Но, Мичел вели дека многумина решиле „да не заминат в гроб со своите приказни“ и му се исповедиле, како на земјак што стасал и до Месечината.

Уште пред десет години Мичел тврдеше дека добил дозвола од Пентагон да зборува за тоа што му го кажале соседите од Розвел. Тој појасни дека неименуван адмирал од Здружениот генералштаб на воените сили ветил дека ќе ја објави вистината за приказната за Розвел. Адмиралот наводно ја потврдил информацијата за уривањето на неидентификуван летачки објект, но оти подоцна, кога се обидел до детали да ја истражи приказната, му бил блокиран пристапот до доверливите материјали. Адмиралот сега, според Мичел, самиот го демантира својот исказ.

- Ги повикувам колебливите: Читајте книги, читајте ги поуките, почнете да разбирате што навистина се случувало, бидејќи навистина нема сомнение дека не' посетиле. Универзумот во кој живееме е многу поегзотичен, повозбудлив, покомплексен и подалечен отколку што сме успеале да дознаеме досега - изјави Мичел.Претставникот на НАСА, Мајкл Кебиџ, вчера демантираше дека Националната администрација за вселена и аеронаутика прикрива информации за НЛО во Розвел.


НАСА тврди дека во Розвел во 1947 година паднал експериментален балон
- НАСА не следи НЛО. НАСА не е вклучена во какво било прикривање на вонземен живот на оваа планета и кај-годе на друго место. Точка! - изјави Кебиџ.Низ светот, од обичните луѓе па до академските кругови, се' уште се дебатира што навистина се случило во Розвел во 1947 година. Седумдесет и деветгодишниот Мичел, на пример, е астронаут, морнарички офицер, доктор по аеронаутика и астронаутика на престижниот Технолошки институт во Масачусетс (МИТ), магистер по аеронаутичко инженерство на постдипломските морнарички студии, како и почесен доктор на четири универзитети во САД.

Военото воздухопловство на САД во 1994 година објави дека остатоците откриени во 1947 година биле од урнат балон, но не даде дополнителни информации оти тоа бил строго доверлив проект.Сривен Басет, шеф на Истражувачката група парадигма (ПРГ) и организатор на конференцијата на уфолозите, вели дека информациите за вонземниот живот се прикриваат оти се политички експлозивни.

- Има трет колосек во политиката на Америка, а тоа е прашањето за НЛО. Тоа е многу порадиоактивно прашање отколку што Социјалната безбедност некогаш сонувала - наведува Басет. Тој побара од администрацијата на Обама да ги објави сите доверливи документи за владините контакти со суштества од други планети.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
^ навистина опсежен текст, но мислам дека е некаде и претходно спомнат во темите за НЛО, но ако човек почне да ги бележи зачестувањата на извештаите за забележани нло-а и тоа што претекува за Ареа-51 без разлика дали тоа е од "заговорите" може да се каже дека наскоро може да очекуваме навистина изненадувачки извештаи од НАСА...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
НАСА тврди дека во Розвел во 1947 година паднал експериментален балон
- НАСА не следи НЛО. НАСА не е вклучена во какво било прикривање на вонземен живот на оваа планета и кај-годе на друго место. Точка! - изјави Кебиџ.
А што очекуваше човештвото да каже НАСА? Дека навистина има НЛО? Абе ајде:tv:
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
оф леле...ареа51 и официјално не постои,тоа да ви биде јасно.како второ постои,но нема врска со вонземјани...туку тоа е високозаститена воена инсталација за истразуванје и развој а сега гледам и пистата им ја зголемиле..спремаат ново летало изгледа...а и ДА секако во 60 и 70 кога експериментираа со дизајните на нацистите за елипсовидни летала како и кога ги гледаа тие балони си рекоа ес уна малагрп ова е НЛО па на просецен цовек и денес покази му го Ф-117 или Б-2 и ке му лици на НЛО...освен воени истразуванја нема друго најмалку ванземалјци-всусност оваа ванземјизација и НЛО е намерно направено бас од раководството во САД за да се крие вистината па лугето да писат за НЛО еве вака на црн обоен авион како Б-2 стави му 5светилки нека лета високо ке го сликаат па ке рецат свемирци летаат у соврсена формација...прикаски
Прикаски за тебе, но за милиарди народ НЕ е!
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Прикаски за тебе, но за милиарди народ НЕ е!
logika e za mene...imalo 10-setici germanski letala slicni na denesnive NLO pa ako od raketata V2 prva balisticka se razvi i sovjetskata kosmiceska programa i NASA zosto da ne i ova..TIE SAKAAT DA VERUVATE VO TOA DEKA IMA VONZEMJANI

rozvel ta rozvel...obicen vremenski balon(a pazete togas okolu 1000 takvi bile prateni kon SSSR) da snimaat spioniraat ova e malfunction i:toe:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
logika e za mene...imalo 10-setici germanski letala slicni na denesnive NLO pa ako od raketata V2 prva balisticka se razvi i sovjetskata kosmiceska programa i NASA zosto da ne i ova..TIE SAKAAT DA VERUVATE VO TOA DEKA IMA VONZEMJANI

rozvel ta rozvel...obicen vremenski balon(a pazete togas okolu 1000 takvi bile prateni kon SSSR) da snimaat spioniraat ova e malfunction i:toe:
Зарем искрено веруваш дека сме сами во овој огромен простор?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom