Пред едно 7-8 години ми се случи ова.Имам навика и ден денес особено пролетно време кога е ладен и облачен ден да џогирам од кај мене дома до едно вештачко езеро надвор од градот на околу 4 километри одалечено од дома.Патеката поминува првин низ едно поле ,па низ една мала шумичка,па пак низ поле ,па доага езерото во едно долче.Од шумичката ,второто поле и езерото се гледаат гробишта.Во вакви денови или кога се стемнува многу е морничаво,баш поради тоа сакам и да трчам тогаш,уживам во адреналинската инекција и благиот страв.Ама тој ден уплав фатив.Дотрчав до езерото и малку се шетав околу него.Силен ветер имаше,трските бучеа,езерото разбранувано.Само јас на езерото ,ни рибар ,ни никој.Пустелија,облачно,намуртено.И шетајки така ,кога дојдов блиску до истечниот канал од езерото ,на дваесетина метри од мене во каналот убодена една тенка гранка,малку разгранета.Ај,си викам да видам што е.Одејки натаму во еден момент сите звуци од околината занемуваат,ветрот ги дува трските ,а не ги слушам.Доагам до таа гранката ,ја гледам цела како со смола покриена,на местото кај што беше убодена ,плитка дека водата,десетина сантиметри,се гледа црвено крпче штрчи.Морници ме полазија,кога полека одалечувајки се, што ке видам.Околу гранчето ,местото ,на секои неколку чекори мртви птици.5-6 најдов,една желка и куче,мртви.Крвта ми смрзна мислам.Кога сум прснал да трчам накај дома ,како некој да ме брка.Само што влегов во двор,една комшика ,постара бабичка бајачка инаку,беше дојдена на кафе кај мајка ми, ме позна дека ми е нешто и ме праша што ми е.Ама тој ден ништо не и кажав.Неколку вечери по ред само лоши соништа ,само гранката ја сонувам ,језа.Отидов кај таа бајачката по некое време и и раскажав што ми се случи.Ми кажа дека некој правел магија таму за да се ослободи од некоја клетва.Ми пробаја и ми помина уплавот.