Ако сакате да прочитате за чудни работи еве ви моја вистинска сторија...ја има и во темата за Куќи со духови ама јаде еве ја и тука....
1. Мој другар пред 7-8 год. (сега има 21), отишол во Ѓорче кај некои пријатели сам.Се стемнило и другаров (тогаш помало дете) сакал да остане во куќата кај луѓево да не се враќа по темница сам дома.Луѓево рекле дека не е проблем во останувањето, но имало еден проблем.Често им се појавувале непознати силуети на луѓе и нормално ги плашеле, е сега затоа што детево е мало, може да се исплаши, а овие отрпнале веќе на тоа. Другаров рекол дека не е проблем, можел да остане.Уште еднаш луѓево го предупредиле, но овој си останал на своето.Пеки...Дошло касна ноќ веќе и сите спиеле, а другар ми спиел со некој од газдите заедно. И наеднаш слушнал како нешто чкрипи, и се движи во собата, му паднало чудно. Ја прашал особата до него, што се случува. И оваа му рекла, сега што и да правиш, немој случајно да си ги отворил очите.И овој се стресол целиот, ама не г држел газот и скришно малце ги отворил очите, и видел десетина силуети околу креветот како ги гледаат нив двајца како лежат...
2. Овде во главна улога сме јас и непознат пријател кој залутал во мојата соба. 2006год. во Охрид на одмор, другаров(не тој од предходната случка)
, го слушам крчи како топ, а јас полека се расонувам во сред ноќ и сакав да го затворам прозорот над мене. Полека отварам очи, значи бев свесен, не спиев и како што лежам, гледам пред мене стои помалку нејасна силуета на постара жена и ме гледа.Се се случуваше за 10сек. и си реков во себе, немој случајно сега да те фати паника. Се свртев на другата страна и заспав. И утредента ми беше страв да го прашам газдата дали има умрено некој во куќата....