Фан клуб: Роџер Федерер

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување
Честитки и од мене, сосема заслужено го победи Надал. Блескаше на моменти, некако не ми делуваше Надал баш па затоа и изгуби. Секоја чест.
БРАВО !
 
Штета што е крај на сезоната, со ваква форма на почеток на година ќе нема конкуренција, како и да е, честито и да гледаме уште вакви натпревари од најголемиот мајстор на сите времиња.
 
Сервисот му беше одличен на Федерер, ДА...е сеа проблемот е во тоа што Надал се извади во прв сет со сервисот да не загуби повеќе. За вториот немам зборови, незнам како успеа толку да падне Федерер и да направи глупи грешки(како што го спомна ти Мареј) и така го доби Надал сетот, а за последниот сет, добро започна на почетокот ама после тоа катастрофално.
Не трчаше по поените кои можеше да ги стигне во сите 3 сета, исто така на моменти премногу несигурно делуваше како да немаше идеја и само на Бекенд страната му играше на Федерер, скоро цел меч, тоа е незнам што друго да коментирам освен дека ич ама ич не ми се допадна играта на Надал.:toe:

Точно дека немаше идеја и решение за подигање на играта, ти викам погрешна тактика избра. Ако до сега го гледавме Федерер како делува збунет и помалце неконцентритан кога играше вс Надал (под пристисок) сега таа улога ја имаше Надал, како да се изненади од сигурната и агресивна игра на Федер, кој обично греши во битните поени кога игра вс Надал на агресивен начин. Овој стил на му фалеше на Федерер многу долго, цели 2 години и повќе го чекав ова! цел турнир го играше агресивно и не чекаше 3 "пенал" ситуации за да нападне него одма идеше на длабок, силен и ризичен удар! (страшни винери и форхенди) импресивно. Стил кој беше негов трејд марк а го имаше ставено во втор план цели 2 и повеќе години!

Браво Федерер а богами браво и Надал за одличната година, сега ме сфаќаат некои членови зашто овие два тенисера сакам да ги следам многу повеќе од другите!
 
Најдобриот останува најдобар честитки за сите фанови на Роже маестрото како да е на своите 22-23 кога ги мелеше сите тенисери, нека продолжи во новата сезона во ист стил, а Надал па нема се да си број 1 нам не ни е приоритет местото број 1 имаме уште некој рекорд и топ сме
 
x999.jpg



x999.jpg



1000x.jpg



Елеганција во движење!
 
Ѕвер беше во финалево Федерер, во добра форма на крајот, да се надеваме другата сезона поуспешна.
 
Прв противник на Роже во Австралиа му е Лацко,се надевам дека брзо ќе заврши со него.
 
Ужасен е денеска,искрено не знам што му е ама се обрука.

Поужасен не сум го видел ! :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom