Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, нов сум на форумот и најпрвин да ве поздравам сите. Заинтересиран сум да земам DSLR кој ке ми одговара, бидејкќи сум почетник, барам помош при избор Nikon D40, D40x, D50, D60, D5000. Досега што имам разговарано со некои фотографи D3000 не ми ги препорачуваат, а и имам читано дека тоа е еден од најлошите модели до сега прозиведени. Ако има некој што може да ми помогне нека пише. Го најдов D5000 за 700$ во САД, ама некако екранот не ми штима, мислам дека лесно може да се расипе.

http://www.bestbuy.com/site/Nikon D...?id=pcmprd125700050023&skuId=9999125700050023



Значи будџетот ми е до 650-700$ максимум, според цените во САД. А Nikon избрав затоа што луѓето што ги знам претежно имаат Nikon и може да разменуваме опрема. Aко може некој да помогне при изборот.

Однапред благодарам!

D5000 дефинитивно, едно другарче сега го зеде имав можност да го осетам. За мерак е , супер сезор ист како на d90 и d300 . Навистина вреди за парите, и со 18-55 да го земиш не е лош, ама ако можиш со 18-105 земиго ;)

еве најблиску од бугарија можиш да го земиш од оваа продавница
http://magazin.photosynthesis.bg/category/21

враќаат данок на граница -20% oд сумата .
 
D5000 дефинитивно, едно другарче сега го зеде имав можност да го осетам. За мерак е , супер сезор ист како на d90 и d300 . Навистина вреди за парите, и со 18-55 да го земиш не е лош, ама ако можиш со 18-105 земиго ;)

еве најблиску од бугарија можиш да го земиш од оваа продавница
http://magazin.photosynthesis.bg/category/21

враќаат данок на граница -20% oд сумата .

Ова сигурно е дека враќаат 20% од сумата? Каква е процедурата?
Планирам да одам до Бугарија и можно е да земам нешто ако е ова точно.
Има некој досега земено од овде? И дали може директно да се земе оттаму?
 
Ова сигурно е дека враќаат 20% од сумата? Каква е процедурата?
Планирам да одам до Бугарија и можно е да земам нешто ако е ова точно.
Има некој досега земено од овде? И дали може директно да се земе оттаму?
Од оваа продавница сигурно враќаат на граница , малку ќе се помалтретираш таму ќе почекаш. Или порачај преку некој што оди често бугарија ;)
 
Од оваа продавница сигурно враќаат на граница , малку ќе се помалтретираш таму ќе почекаш. Или порачај преку некој што оди често бугарија ;)

Благодарам на одговорот, уште некое потпрашање имаш на ПП да не малтретираме овде :)
 
еве најблиску од бугарија можиш да го земиш од оваа продавница
http://magazin.photosynthesis.bg/category/21

враќаат данок на граница -20% oд сумата .

Малце ОТ, али цениве се малце посоленки од мојата продавница за фото опрема во Солун, чисто информативно
 
Fala Flix!
A dali ima nekoj iskustvo so nekoj od aparative, da mi kaze povece?
 
Nikon D40x + објектив 18-55mm 1;3.5-5.6GIIED со UV филтер. - 330€, вреди за почетник? Или ако имате некоја препорака за дслр до 350-400€..
 
Според цените од пикс плус никон д3000 е 403 евра, а канон 1000д 430 евра. Ја би канонот, али ако ти е ептен фрка иди на 3000. д40 одамна не се произведува, а ни продава (на Запад)
 
Во МК најстаро нешто што може да се купи е Канон 400Д, а ова што се обидуваат да ти го увалат е уште постаро. Повеќе ти се исплаќа да купиш од prosumer класата нешто отколку тој антиквитет. За 15.000 имаш нов L100.
 
хмм
сепак е подобар избор и постар ДСЛР од нов просумер
Јас и канон 20 би зел побрзо од нов просумер. Сепак збор е за сосема различни категории на апарати.
Никон 40х се покажа како солиден апарат
Мое мислење е да земеш ДСЛР
А за марка, сум за Канон, иако ако баш се мора и Никон би зел пред било кој просумер.
То е моето мислење
 
Океј.
n00b alert
Може да ми кажете што значат бројките на објективот, пример 15-85 or w/e...
И еве пример сакам да си земам еден полупрофи апарат, до кај 500 евриќи (макс, моѓже и ефитиније)...
Што треба да гледам во спецификациите?
 
Океј.
n00b alert
Може да ми кажете што значат бројките на објективот, пример 15-85 or w/e...
И еве пример сакам да си земам еден полупрофи апарат, до кај 500 евриќи (макс, моѓже и ефитиније)...
Што треба да гледам во спецификациите?

Имаш повеќе броеви на пример 18-55mm 1: 3,5-5,6 Ф58mm
Првите бројки 18-55 значат фокална должина то ест колку мм е оддалечена леќата на објективот од сензорот (во старите времиња од филмот) кај фиксните објективи таа е изразена само со една бројка на пример 24, или 35 или 50... мм, што помала бројка то поширок агол на “гледање“ на апартот, што поголема бројка тоа помал агол но и поголемо доближување (зум) а кај зум објективите е изразена со две бројки (18-55 или друга) така да на 18 имаш најширок агол на слика а на 55 имаш помал агол но предметот ти е зумиран (доближен), колкав е зумот добиваш кога делиш најголемата со најмалата бројка, на пример 55:18=3 зачи има 3х зум, кај на пример 17-85 би имал 5 пати зум. (Во цела ова прикаска има влијание и големината на сензорот али пошто си почетник за сега нека остани до овде.

Другите бројки се f бројките (на некои објективи ги има на некои нема обележани) тоа е отворот на блендата, значи колку широко може да се отвори блендата или колку може да се стесни. Широко отворена бленда значи и повеќе светлина ќе влезе во апаратот значи можност да се слика при слабо светло и без користење на блиц. Обично стандардно ф бројките се од 2,8 па нагоре. Кај објективите помалиот број значи поотворена бленда, така да 2,8 на пример е поотворена бленда од на пример 5,6 или 8. Објективи кои се погодни за сликање при слабо светло се од 2 надолу (1,8 1, 4...) со голем отвор се добива и ДОФ или ефектот кој предметот го прави јасен и фокусиран а озадината замаглена и нејасна, додека со помал отвор и предметот и позадината се јасни (пробај сликај иста сцена еднаш со најголем отвор (на пример 2 или 2,8) и истата сцена со отвор од 16 или 22 и ќе видиш разлика.

Следната бројка е 1:3,5-5,6. (кај разни објективи се и разни бројки - не е стандард) тоа значи колку може максимално да ја отвори блендата апаратот од 18 (минимум) до 55 (максимум) фокална должина, значи на 18мм ја отвара блендата максимум на 3,5 додека на 55 може да ја отвори само 5,6 (не може и таму да ја отвори 3,5.

имаш и ознака за макро која обично има симбол на макро и вредност во метри или фита (стапки) тоа значи минимум далечина на која објективот може да фокусира. Се мери од предметот па до сензорот на апартот (за кој постои ознака на самиот апарат а не на објективот.

Бројката ф58 мм означува големината на навојот на објективот напред кај леќата значи при земање на филтри или худови треба да си бараш големина на филтер или худ колку мм ти е навојот.

Има и други ознаки кои кај разни производители значат класа на објектив (ниска, средна или висока (профи) или дали е објективот со стабилизација, дали е стаклото посебно третирано, дали е макро....

Ова е само на кратко и со што помалку детали.

Е сега апаратот...
Ако земаш ДСЛР гледај да земеш добро тело, со добар сензор, процесор. Објективи се менуваат али тело - то е веќе нов апарат. Јас сум Канон “фанатик“ и лично јас би избрал Канон.
У ствари јас би зел пред и се Фуџи С5 про али поради одредени специфичности кои ми требаат. Инаку генерално земено би зел Канон.
Сега за сега работам 450Д и 50Д, објективи Канони 18-55, 17-85, 70-300, како и Сигма 50 макро, како и неколку мануелни (од 24 до 200мм) токина, тамрон, пентакс, вивитар хелиос и карл зајс. Рачунај дека ќе ти треба и блиц (кој е доста скапа инвестиција али можеш да поминеш и со некој мец, сигма нисин, вивитар...) а со вградениот блиц слабо дека ќе извадиш пристојна слика. Тука се и картица, торбица, статив, филтри (барем УВ да го штитат објктивот)
За 500 евра... па би можел да почнеш со солиден апарат а другото (блиц и додатни објективи) со тек на време. Може да те фати фотографска зараза а може и да останеш со него и еден кит универзален објектив....
 
Океј.
n00b alert
Може да ми кажете што значат бројките на објективот, пример 15-85 or w/e...
И еве пример сакам да си земам еден полупрофи апарат, до кај 500 евриќи (макс, моѓже и ефитиније)...
Што треба да гледам во спецификациите?


После тоа што го кажа Let3 нема што да надополнам , топ ти објасна , само ќе кажам дека јас доколку би земал до кај 500 евра би зел nikon d5000 незнам колку е кај нас ама од бугарија или грција можиш да го земиш за 500 евра.
Или за помалку canon 1000d :smir:
 
Фала за исцрпниот одговор Лет3, ќе прашувам јас уште многу тука изгледа :)
На што да се фокусирам само кога гледам фотоапарати?
Што означуваат овие точки на автоматско фокусирање? Више-боље?
Сајт македонски кај што можам разгледувам модели + цени?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom