N
NeMiRnA
Гостин
Stevo u biblioteka zlaten idi...offff....
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Stevo u biblioteka zlaten idi...offff....
Зошто не се враќа???
ТОЈ ми шепна:"Погледни ме"
Грубо му реков:"Оди си!"
ТОЈ не се помрдна.
Застана пред мене.
Ме фати за рака.
Му реков:"Остави ме!",
но ТОЈ не замина.
Лицето го доближи до моево уво.
По погледнав и му реков:
"Срам да ти е!"
Но, ТОЈ не знаеше за срам.
Усните негови ми го допреа образот.
Затреперив и му реков:
"Си земаш премногу слобода!"
Но, ТОЈ не се загрижи.
Ми стави цвет во косата.Му реков:
"Ништо нема да ти помогне!"
Се насмевна.
Го извади цветот и си замина.
А ЈАС плачам и го прашувам срцето свое:
"Зошто не се враќа???"
Рабидант Тагоре
Песнава многу ја сакам и многу ми се допаѓа.Поетов е легендарен...
Зошто не се враќа???
ТОЈ ми шепна:"Погледни ме"
Грубо му реков:"Оди си!"
ТОЈ не се помрдна.
Застана пред мене.
Ме фати за рака.
Му реков:"Остави ме!",
но ТОЈ не замина.
Лицето го доближи до моево уво.
По погледнав и му реков:
"Срам да ти е!"
Но, ТОЈ не знаеше за срам.
Усните негови ми го допреа образот.
Затреперив и му реков:
"Си земаш премногу слобода!"
Но, ТОЈ не се загрижи.
Ми стави цвет во косата.Му реков:
"Ништо нема да ти помогне!"
Се насмевна.
Го извади цветот и си замина.
А ЈАС плачам и го прашувам срцето свое:
"Зошто не се враќа???"
Рабидант Тагоре
Песнава многу ја сакам и многу ми се допаѓа.Поетов е легендарен...
Првата песна во „Градинар“.
Слугата
Сожали се на својот слуга, кралице!
Кралицата
Свеченоста помина и сите слуги ме оставија. Што сакаш ти толку доцна?
Слугата
Бидејќи ги отпушти другите, дојде мојот час.
Дојдов да те прашам, уште што има да направи твојот последен роб.
Кралицата
Што можеш да очекуваш толку доцна?
Слугата
Прими ме за градинар на твојата цветна градина.
Кралицата
Каква лудост!
Слугата
Сакам да ја напуштам својата стара работа.
Мечот и копјето ќе ги фрлам во правта. Не испраќај ме веќе во далечните дворци; не испраќај ме во нови победи. Направи ме градинар во твојата цветна градина.
Кралицата
Кои би ти биле должностите?
Слугата
Да те служам додека почиваш.
Ќе ја одржувам свежа тревата на твојот пат по кој шеташ изутрина и каде што таговното цвеќе при секој твој чекор со кликање ги поздравува твоите стапки.
Ќе те лулам на лулката на ладовината на сантапарната, низ чии лисја ќе се пробива раната месечина да го бакнува работ на твојот фустан.
Со миризливо масло ќе ти го полнам кандилото крај постелата и слики ќе ти шарам во подножјето со паста од шафран и сандал.
Кралицата
А каква ќе ти биде наградата?
Слугата
Да смеам да ги држам твоите раце мали како нежни лотосови пупки, и преку членците на твоите нозе да навлекувам цветни венчиња; да смеам табаните да ги обојам со црвен сок од ашоков цвет и со бакнежи да ти ја избришам ситната прашина што можеби сеуште се колеба на нив.
Кралицата
Слуго мој, твојата молба е задоволена, ќе бидеш градинар на мојата цветна градина.