Денес го чистев компјутерот од прашина.Го расклопив цел, кулер, напојување, се исчистив, го склопив и кога го вклучив ми инсталираше Hitaci driver, и ми побара да го рестартитрам. Одкако го рестартирав по самото вклучување ми се изгасна. Го вклучив пак ми покажа дека има некој проблем со фајловите и имаше две опции: да продолжам нормално со вклучување или да идам на reaper. Пробав со двете опции ама несака да го подигне системот. Го менував АТA кабелот и во SATA1, SATA2, SATA3, SATA4, и тоа за флопи. Системот се подигна кога АТА кабелот беше приклучен кај флопито, се инсталираше драјвер за флопи, пак го рестартирав компјутерот и пак исти проблеми. Сега несака пак да се подигне системот. Што да правам?