Ај зафрканата работа, ама можно е. Овде е објаснето:
http://office.microsoft.com/en-us/word-help/brand-a-document-with-a-watermark-or-background-HA010097032.aspx#BM4
Еве и на македонски.
1. Оди на страницата каде го местиш печатот, пример 4та, појди со курсорот на самиот крај од претходната страница (3та) и оди Page Layout>Breaks>Section Breaks>Next page
2. Оди со курсорот на самиот крај од страницата каде го сакаш печатот, 4та во примеров и повтори го истото.
--за да видиш каде се ставени маркерите за секција треба да влезиш во Draft view - најдолу десно има ред копичиња.
3. Кликни два пати на хедерот од 4та странца и горе во новоотвореното јазиче исклучи го Link to previous
4. Појди на следниот хедер (од 5та страница) и исто исклучи го тоа
--Значи направивме секција со два маркери за тоа и ги исклучивме сите врски со хедерите надвор од секцијата
5. Оди Page Layout>Watermark>Custom Watermark
6. Ќе се додаде на сите страници. Кликни на хедер, па кликни на печатот над секцијата и избриш го со delete. истото и за печатот под секцијата.