Фан клуб: Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Да се надеваме до последен момент дека ке се случи ЧУДО :) сепак фала на ПАНАЈОТИС КАРАПИПЕРИС за се што направи овие 2 години , и што ни донесе толку радост и убави моменти со овој Клуб кој ке ни останат во долги секавања ...
 
sampionska titula ... vice sampion ... fiba evro kup .... da eliminiras edna cedevita .....da igras so lokomotiv ..tv napraavi za 2 godini i dovolno e .... se tv ke ni ostane u sekavanje ................. aj da se nadevame na nekoj sponzor u posledno vreme
 
да те надополнам, освоивме и суперкуп, и едно трофејче на минитурнир во Грција.
 
Ај и јас да се надополнам...

Искрено, без разлика за тоа што ќе се случи со клубот, големо Благодарам до Панајотис Карапиперис и Зоран Заев, кои за три години успееа да ја воздигнат Струмичката кошарка, успееа да направат тим со кој ќе се гордее цел град, тим со кој Струмица го доживеја најголемиот спортски успех досега.
Желбата дека сакат да му помогнат на клубот во овие сосема реални, кризни моменти, покажува дека имаат срце за клубот, дека не сакат да го остават на цедило. Преговараат со најразлични фирми, Панајотис се обидува преку своите врски во Грција да обезбеди спонзор од таму и покрај тоа знаејќи каква е состојбата меќу нашата и неговата држава.
Искрено, сеуште се надевам и сеуште сум оптимист дека ќе се случи пресврт на настаните и дека повторно ќе гледаме тим во Струмица со високи дострели.

Благодарност и до целиот управен одбор и играчите кои во изминативе три години беа дел од овој значаен клуб за нас Струмичаните.
 
еј Луѓе, а прес конференцијата за утре во колку саато е закажана и дека, и дали може кои сака да присуствува, сепак тоа е за јавноста?
 
Еј на Интел кажале оти без спонзори кошерката во струмица ќе си остане :smir:
 
Озбилно ли..е тоа е новост..Како ли не се научивме..Demonce..читаш ли ти што се пишува овие два дена на форумот?!Дај не не потресувај со такви ударни вести.
 
Шо така слушнах пред 15 мин дадее :jaj: ?

:nesum::nesum::nesum::nesum: Лелеее колку ми е мака :nesum::nesum::nesum::nesum: A еве сега и на А1 кажаа
 
Еј од колку саато е денеска пресконференцијата?
 
КОШАРКА - ПРОБЛЕМИ ЗА НОВОФОРМИРАНАТА РЕГИОНАЛНА ЛИГА
Струмица нема да игра во БИБЛ
Откако не е обезбедена финансиска конструкција, раководството на екс-шампионот одлучи да се натпреварува само на домашната сцена
A300094AC151BE4AAA7595BCC161C20E.jpg

На крстопат: Тони Грнчаров
Кошарката во Струмица нема да згасне, но клубот ќе има многу помал буџет, кој нема да му дозволи да се бори за титулата во домашното првенство. Македонскиот вицешампион и првак за 2007 година,Струмица 2005,и официјално се откажа од натпреварување во новоформираната Балканска лига. Причина за тоа е што до вчера не се најде нов генерален спонзор. Откажувањето на струмичани од настапот во регионалната Балканска лига предизвика разочарување и проблеми и во Кошаркарската федерација на Македонија, која се бореше нашата земја да добие вајлд-карта за трет клуб. Клубот беше вклучен во ждрепката за БИБЛ и во првото коло требаше да се сретне со Фершпед Работнички. За разлика од „шпедитерите“ и Фени Индустри, кои ја уплатија гаранцијата од 10.000 евра за учество во БИБЛ, струмичани не го сторија тоа, иако за нив лично гарантирал директорот на репрезентациите во КФМ, Илија Мерџановски, кој е член на Бордот на БИБЛ. Ова е нов проблем за Балканската лига, по неизвесноста околу играњето на грчките екипи, кои најавија настап, но сега се пишманат. Струмичани на неодамна одржаното клупско собрание побараа партнер за спонзор во тимот за да го пополнат буџетот. Таков спонзор не се најде, па одлучија да не се натпреваруваат во БИБЛ, туку само на домашната сцена, со многу поскромен буџет и без амбиции за висок пласман.

- Веќе в сабота и официјално ќе соопштиме дека нема да учествуваме во БИБЛ-лигата, а во новата сезона ќе влеземе со амбиции за зачувување на прволигашкиот статус. Сметам дека доволно чекавме за да се најде нов спонзор, но времето не' гази и веќе во наредните денови ќе ги објавиме чекорите што ќе ги преземеме. Во секој случај, кошарката во Струмица не умира, туку и во наредната сезона љубителите на овој спорт ќе присуствуваат само на прволигашки натпревари - изјави Зоран Заев, потпретседател на клубот и градоначалник на Струмица.Според раководството на клубот, сите играчи се слободни и можат да заминат од Струмица. Тие малкумина што имаат договор со клубот ќе треба лично или нивниот нов клуб да го платат обесштетувањето за да можат да ги променат клупските бои. Во новата сезона се очекува „чушкарите“ да ангажираат еден до двајца поевтини странци и со играчи од Струмица да се обидат да го зачуваат прволигашкиот статус.
 
mnogu mi e zal za seto ova sto ja najde strumica,ama toa e toa,ke se pomirime so sudbinata(ne go svakajte kako provokacija,iskrena sum):toe:
 
Навистина е жално ова се така за еден миг да исчезне ама тоа е парите го вртат светот ќе дојдат подобри времиња за кошарката во Струмица за доброто на мка баскетот ви посакувам брзо враќање на старите патеки каде што бевте до сега бидете ми поздравени.:salut:
 
Тешко е, тешко е. а кој е изворот на тексото, знаете ли ?
 
Абе добро е барем ќе има кошарка како што вели градоначалникот а здравје боже следна сезона ако се најдат спонзори пак на стари патеки.
Не моше се да сме во врвот како што е праксата во Струмица или сме во врвот или не постоиме.Овој пад е болен но што е тука е само да има кошарка тоа е најважно а спонзорите кога тогаш ќе дојдат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom