Шо има у СПОРТ? Не сам видел?
Крај за Давитков, почеток за Кадија
Јорданчо Давитков повеќе не е шеф на стручниот штаб на екипата на Струмица. Само една вечер по убедливиот триумф над К. Соколи 2000, раководството на шампионот се одлучи да му се заблагодари на услигите на Давитков.
„Да точно е. Јорданчо Давитков повеќе не е шеф на стручниот штаб на Струмица“ - потврдува мошне кратко претседателот на Струмица, Панајотис Карапиперис.
Нов шеф на стручниот штаб на актуелниот македонски шампион според најавите од Струмица ќе биде Миодраг Кадија.
Се работи за еден 16годишен, доста искусен српско-црногорски стручњак, кој оваа сезона ја почна како тренер на Игокеа. Претходно бил и на клупата на подгоричката Будуќност, Ловаќен, Атлас, Слога...
Во кариерата Кадија, има златен медал од ЕП во Мадрид 2003 со кадетската селекција на Југославија и 4место на јуниорското СП во Манхајм во 2004год