абе RADICAL , Марин беше во МЗТ не освои титула, беше во Струмица не направи ништо, сега човекот разбира кошарка ама да го правиш господ оти ги добил МЗТ дваесетина разлика не е воопшто реално а за Арсич , во Србија не се станува тренер на репрезентација(па макар и јуниори) преку некој си српски “чичо Штерјо “ како што беше Давитков во Македонската репрезентација.
Иначе репрезентацијата се знаеше дека нема да се пласира уште кога се дозна дека Израел е во игра (да не се будали од FIBA нас да не пуштат на европско кога таму се вртаат пари)
Добре дојде, Тибериус, ми се свиѓа, твојата упатеност и за разлика од голем број пувачи овде, конечно уште некој што е поупатен во кошарката.
За марин, не го правам зашто го добил Мзт 30 разлика (ваљда свати дека навивам за Мзт), туку за неговиот начин на работа. Човекот ја игра, без двоумење најдобрата одбрана што некогаш била играна во Македонија, после онаа на Јанко Луковски. Игра пресинг низ целата утакмици и ги припрема своите играчи физички да го издржат тоа. Играчите на Работнички се презадоволни како се спремени од негова страна, како физички, така и тактички. Да, беше кај нас, и тоа со најскапиот тим во лигата тогаш, но, интерните проблеми во мзт Скопје, заканите кои стигаа до играчите и управата, направија, наместо Мзт Скопје да ја освои титулата таа сезона и да продолжи да патува по патеките на кои беше до тогаш, да почне да тоне и види до каде не донесоа тие настани тогаш (верувам за ова не знаеш, ама цел Аеродром и Мзт Скопје, знае која е причината зашто сме на ова дереџе, за кое и не смеам да зборувам, зашто можам да си направам проблеми големи)
Во Струмица, беше мислам една полусезона само, ако не се лажам, не? Тоа е малку време според мене да се мерат резултатите, посебно во сезони кога Мзт и Работнички не беа слаби и немаше тим од 300.000 евра.
За Арсиќ, види какви се тренери не поминаа таму, па ке ти стане јасно. А со играчи како Ракочевиќ, Вујаниќ, па дури и Давитков може да стане Европски јуниорски и кадетски прак нели?
Искрено, Арсиќ воопшто не ми се свиѓа, гркот, оној вториот од лани ви беше страно добар, но, зашто беше сменет? Зарем верувате во прикаските за негото напуштање поради лични причини? Арсиќ дојде тука, зашто платата пола-пола мислам се плака од КФМ и од Струмица а и плус дека е менаџер на голем број српски играчи, за кои Струмица, акко тим на Арсиќ, не би плаќала, некоја голема провизија менаџерска.