ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам, ама глупо ми е да ми кажи некој како првиот тенисер во светот, има страв од вториот... Некако ми е чудно, не знам.. Ај да го победеше во финалето на Роланд, Вимболдон и УС, па да се сретнат пак во АО, да ми кажиш за страв, ама вака, ми нема логика некако

Многу убаво, четири победи во четири финалиња во рок од 5 месеци... не изгледа малку застрашувачки овој податок за првиот тенисер моментално? Пак да се сретнат сега, ќе видеш дека Надал ќе игра претпазливо, додека Ноле е полн самодоверба и доколку продолжи вака, без повреди не дај Боже, ретко кој ќе го победи на било каква подлога... сега за сега изгледа супериорно и непобедливо, понатака ќе видиме :)
 
Браво за Ноле,ова е негов период.Нз сега која дата е точно ама знам дека ќе му заврши на финалето од РГ ако не и порано :)
 
Вака ќе ви кажам... сат и пол за да видам АС на теренот, два аса (од Надал) во целиот меч. И овие ги нарекувате тенисери?

Земја ти е тоа , и Иснер и Карлович нека сервираат џабе е , максимум 10 аса дали ќе имаат на меч,ма и тоа се многу :smir:
 
Честитки за Ноле уште еднаш.. Супер натпревар повторно.. Нијанси решаваа.. Сепак на крај заслужено си победи Џоковиќ и се надевам дека после Роланд Гарос ќе избие на првото место од АТП листата.. :)
 
ogledalce-ko-je-najbo.jpg


:tv:
 
А оти толку се палите на асови?
Мене па не ми е интересен мечот на пример кога играат Карлович со Иснер или со некој си добар ас играч.
Ја нема убавината..
 
Џоковиќ е во страшна форма стварно, кога успеа да го тепа четири пати со ред Надал а и ги мети сите останати си залужува епитет најдобар нема што. Плус на добар пат е да го собори најстариот рекорд во победени натпревари со ред на Мекенро.
 
Вака ќе ви кажам... сат и пол за да видам АС на теренот, два аса (од Надал) во целиот меч. И овие ги нарекувате тенисери?

Добро,тоа и не е ептен интересно... ас,ас,ас,ас... :) Златен Родик/
 
Многу убаво, четири победи во четири финалиња во рок од 5 месеци... не изгледа малку застрашувачки овој податок за првиот тенисер моментално? Пак да се сретнат сега, ќе видеш дека Надал ќе игра претпазливо, додека Ноле е полн самодоверба и доколку продолжи вака, без повреди не дај Боже, ретко кој ќе го победи на било каква подлога... сега за сега изгледа супериорно и непобедливо, понатака ќе видиме :)

Само да ти дадам неколку примери, од тепка, од мозок кои ќе ми додјат во мометов... Хуан Карлос Фереро, ги изгуби сите турнири на земја, но го освои Роланд Гарос во една, тековна година.. Алберт Коста, година предходно или после то, можеби во најдоброто финале, против Моја, ги изгуби сите турнири на земја, но го победи тогашниот број 2 во светот.. Надал ги игуби сите мечеви, на земјена подлога(освен Монако) на Мастерсите, но подоцна го освои Роланд Гарос, и ги одбрани тие поени... Предходоно во годините наназад, дефинитивно имаше еден тенисер заради кого почнав да го гледам тенисот.... Гуга, е доволно за оние кои знаат тенис, Бразилецот кого го викаа магионичар, кој го освои Роланд Гарос неколку пати, 2 или 3.. Единствено само тој турнир го има освојувано, само тој и толку, и беше No.1

Муабетот ми е, за овој последниот и само со Роланд Гарос можеш да бидеш прв, и сега ако Новак стигне само до финале, а Надал го совои тогаш Ноле е повторно број 1... Но, тогаш Надал би имал титула плус, и тоа е за него е многу многу повеќе, од колку првата позиција... И едно треба да се запамети.. Многу е тешко да се задржиш на врвот, а многу полесно е да стигниш до таму...

Значи има секакви контрадикторности низ историјата, и ќе ги има, но дека Новак е во подобра форма, од Надал и слеп ќе го забележи.. Само чекам момент кога ќе освои голем трофеј, за да стане тоа што треба.. Шампион
 
Добар пост браво Makedonec7, поготово делот со задржување на врвот, тука Федерер и Надал засега брилираат, ќе видиме за Ноле и следните генерации, тоа е познатиот факт кој ги двои родените шампиони од одличните тенисери.
 
^^
Муабетот ти е дека нема ништо никаква врска за на Роланд Гарос. Истата теза можит поинаку да се поставит како Надал друга сезона ги освои мастерсите на земја и го освои роланд гарос.

Значи ветар во магла,се можит да се случит али со ваква форма Ноле е несопирлив во овај момент и се зависи од него.
Само незнам од каде толкава љубомора произлегува кај некои фанови,како нивниот божем е најдобар а сите други тенисери се тек на околности или веќе остареле.
 
За секој што игра тенис или го познава тенисот јасно е дека во оовј момент Рафаел Надал нема против игра за Новак. Единствената шанса , како што и сам најавил е да игра многу поофанзивно за да парира. Инаку НАдал имаше само 25% освоени поени на втор сервис што е катастрофален учинок и кумуваше н анеговиот пораз во Рим. На РОлан Гарос се играат 3 сета а тука е и предноста на НАдал кој е физички поспремен во моментов. Од друга страна Ноле го достигнува врвот во својата кариера и се што ќе направи оваа година веќе не верувам дека ќе може да го повтори. Уште пред Австралија Опен размислувањата ми беа дека Новак може д абиде првиот тенисер во историјата со 4 грен слеми во една сезона и тоа оваа со малку повеќе среќа. Сега веќе впечатокот се подобрува и доколку успее да го освои РОлан Гарос веројатно на Вимблдон и Флешинг Медоу нема да има проблем.

п.с Ако проработи она Балканското потценување на послабите ќе го изеде од некој како МАреј, Содерлинг и слични играчи кои би имале свој ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom