Многу убаво, четири победи во четири финалиња во рок од 5 месеци... не изгледа малку застрашувачки овој податок за првиот тенисер моментално? Пак да се сретнат сега, ќе видеш дека Надал ќе игра претпазливо, додека Ноле е полн самодоверба и доколку продолжи вака, без повреди не дај Боже, ретко кој ќе го победи на било каква подлога... сега за сега изгледа супериорно и непобедливо, понатака ќе видиме
Само да ти дадам неколку примери, од тепка, од мозок кои ќе ми додјат во мометов... Хуан Карлос Фереро, ги изгуби сите турнири на земја, но го освои Роланд Гарос во една, тековна година.. Алберт Коста, година предходно или после то, можеби во најдоброто финале, против Моја, ги изгуби сите турнири на земја, но го победи тогашниот број 2 во светот.. Надал ги игуби сите мечеви, на земјена подлога(освен Монако) на Мастерсите, но подоцна го освои Роланд Гарос, и ги одбрани тие поени... Предходоно во годините наназад, дефинитивно имаше еден тенисер заради кого почнав да го гледам тенисот.... Гуга, е доволно за оние кои знаат тенис, Бразилецот кого го викаа магионичар, кој го освои Роланд Гарос неколку пати, 2 или 3.. Единствено само тој турнир го има освојувано, само тој и толку, и беше No.1
Муабетот ми е, за овој последниот и само со Роланд Гарос можеш да бидеш прв, и сега ако Новак стигне само до финале, а Надал го совои тогаш Ноле е повторно број 1... Но, тогаш Надал би имал титула плус, и тоа е за него е многу многу повеќе, од колку првата позиција... И едно треба да се запамети.. Многу е тешко да се задржиш на врвот, а многу полесно е да стигниш до таму...
Значи има секакви контрадикторности низ историјата, и ќе ги има, но дека Новак е во подобра форма, од Надал и слеп ќе го забележи.. Само чекам момент кога ќе освои голем трофеј, за да стане тоа што треба.. Шампион