ATP тенис - општа дискусија

С

сашенко

Гостин
Добар меч, надал психички се губи кога игра против џокович.Заслужена победа за Ноле во секој поглед искрено.Моментално е најдобриот во светов и годинава барем до сега е заслужено негова.Надал дефинитивно може годинава да игра против секого ама се губи против џокович.Првиот сет успа да се врати ама клучниот гејм го изгуби а исто и вториот сет незнам што се случи со него.Искрени честитки до навивачите на Џокович, презаслужена победа, убава игра и да ја искористам оваа прилика да си ги повлечам сите зборови против џокович и неговата форма годинава што ги реков.Најискрени честитки и со среќа во понатамошниот дел од сезоната и на двајцата.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.090
Добро е што и на земја по малце подолго време нема фаворит :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Чувството кога Надал губи на земја среде Мадрид :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Шта је бре мишеви, усрали сте се ?? :vozbud:

Штом недопирливиот падна и на земја, тука има нешто повеќе .. :pehar:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ова не е стариот Надал. Што се случило со неговиот сервис? Мора да поработи на тоа поле, зашто гледајќи го вечерва гледам дека тоа му е најслаба страна. Премногу лесно му ги враќаше Ноле топките. Инаку, за мене Џокович не е ништо посебно како тенисер, неговата супериорност се должи на туѓата слабост, а не зашто е премногу добар. Инаку ако беше на рамниште на Надал и Федерер ќе растураше многу порано. Ама нејсе, очигледно веќе нема да уживаме во финалињата на Надал и Федерер...
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Ова не е стариот Надал. Што се случило со неговиот сервис? Мора да поработи на тоа поле, зашто гледајќи го вечерва гледам дека тоа му е најслаба страна. Премногу лесно му ги враќаше Ноле топките. Инаку, за мене Џокович не е ништо посебно како тенисер, неговата супериорност се должи на туѓата слабост, а не зашто е премногу добар. Инаку ако беше на рамниште на Надал и Федерер ќе растураше многу порано. Ама нејсе, очигледно веќе нема да уживаме во финалињата на Надал и Федерер...
Цели 5 месеци, сите играат ван-форма и затоа Ноле победува. Држи вода.. :icon_lol:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
^ Не одиграл Новак јако, Надал одиграл слаб меч.... :pos::pos::pos: Тоа е РокенРола...

Сега што ќе ви биде изговор? Претпоставувам "Ќе го видиме Ноле во Рим" или "Рим го освојува Надал" :pos:

Едноставно му нема рамен никој... 32 (34) по ред... Импресивно :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.741
Поени од реакции
43.874
Честитки за Ноле уште еднаш.. Се поомилен и поомилен ми станува.. Стварно е цар! :):) Браво за тоа што го направи до сеа оваа сезона, само нека продолжи така! :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Цели 5 месеци, сите играат ван-форма и затоа Ноле победува. Држи вода.. :icon_lol:
Баш така. Убаво си пишав, убаво си ме разбрал. Федерер старее и кај да е ќе се пензионира, Надал доживува криза. Стави на тоа дека останатите тенисери се барем класа подолу од нив двајца и ете ти доминација на Ноле. Коцките му се погодија на човекот и нека му е на чест за успесите, ама чисто се сомневам дека догодина ќе успее нешто да одбрани од сето ова. Зашто големите тенисери (како што се Рафа и Роже) со години бранеа титули на турнири. Ако се радувате на 5 месеци врзани во низа, тоа е смешно особено зашто во тениската игра се поставени рекорди на кои треба да им се симне капа.
Ама нејсе, оваа дебата треба да се води после одреден временски период. Вака сега, е комплетно невозможно да се сумира.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.090
Цело време бе истата песна не е арно. Кога доминираше Роџер сите викавте дека немал конкуренција(не дека тој бил ѕвер туку другите биле слаби) истото беше и со Надал кога беше непобедлив истото е сега и со Џокович.
Разликата е во тоа што различни личности (фанови) коментираат(хејтаат) кога им губат фаворитите а објективноста е сведена на нула.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.938
Поени од реакции
16.230
Надал доживува криза..
Па нема логика ова, каква е таа криза само против Новак, тоа ти е исто како ние фановите на Ноле да искоментираме, 5-6 години криза го држеше човекот..
Нема логика..
 
С

сашенко

Гостин
Па нема логика ова, каква е таа криза само против Новак, тоа ти е исто како ние фановите на Ноле да искоментираме, 5-6 години криза го држеше човекот..
Нема логика..
Другар, едно е 5-6 години одлична игра и резултати и после толку тешки сезони да се најде човек кој е во одлична форма и да губиш од него во рок од неколку месеци.А друго е цел живот да те нема никаде и секогаш да си во сенка и одеднаш за 4 месеца кога го играш тенисот на животот да победиш некого или поточно речено СИТЕ и да се кренеш во облаци како којзнае што да си постигнал.Никој не оспорува ништо, читај претходно што пишав ноле е најдобар годинава, надал игра класа подоле ама секогаш кога некој игра добро некој друг игра послабо и затоа се резултатите тука.ОВие луѓе вака што коментираат го зборат тоа со право зашто надал и федерер кога освојуваа се играше врвен тенис и двајцата делеа турнир еден па после друигот освојува и стварно беше убаво да се гледа тоа.Сега Ноле е сам.Нема достоен искрено.Ама тоа одамна го снема.Сепак неможеме да замижиме на ова сепак се труди највеќе и заслужува вакви резултати Ноле.Немој да сватиш погрешно некого никој не хејта овде.Ова се сепак навивачни кои поинаку и неможат сега да размислуваат.Све е ок честитавме победа и се извинив за секој збор против формата на ноле до сега.Уживајте во успехот како и ние што го правевме тоа.Без компликации а гледам некои (не ти) незнаат да уживаат во победиве...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Па нема логика ова, каква е таа криза само против Новак, тоа ти е исто како ние фановите на Ноле да искоментираме, 5-6 години криза го држеше човекот..
Нема логика..
Од кај па сега криза само против Новак? Да си му ја следел играта на Надал доволно добро, ќе видиш дека оваа игра што ја прикажува во последно време воопшто не е неговата игра. Има пад во форма и тоа е факт. Ај разбирам дека пошто сме фанови подразбира субјективност сама по себе, ама па до толку величање на Ноле ми е нелогично. Секоја чест за она што го врза во низа, ама затоа ви пишав, големите спортисти од било која фела се големи зашто се константни. Ако ја одржи доминацијата на неколку години, па макар биле и само две тогаш ќе се согласам дека е добар тенисер, ама вака кога доживува за прв пат блесок и тоа во ситуација кога на двајцата најдобри тенисери во последните 10 години им паѓа формата не може реално да се коментира. Роже во врвот на кариерата играше одличен тенис, ама го играше против тенисери во форма. И Надал губеше од Роже, па јас лично никогаш не сум ги бранела поразите на Рафа зашто не му бил денот. Видливо било дека Роже бил тогаш подобар. Тие дуели кои ги одиграа Роже и Рафа тенискиот свет нема да ги види во догледно време. Испишаа историја. За мене тоа се класа врвни тенисери. Ноле ќе биде тоа ако овие пет месеци форма ги претвори во неколку години доминација. Тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom