Цели 5 месеци, сите играат ван-форма и затоа Ноле победува. Држи вода..Ова не е стариот Надал. Што се случило со неговиот сервис? Мора да поработи на тоа поле, зашто гледајќи го вечерва гледам дека тоа му е најслаба страна. Премногу лесно му ги враќаше Ноле топките. Инаку, за мене Џокович не е ништо посебно како тенисер, неговата супериорност се должи на туѓата слабост, а не зашто е премногу добар. Инаку ако беше на рамниште на Надал и Федерер ќе растураше многу порано. Ама нејсе, очигледно веќе нема да уживаме во финалињата на Надал и Федерер...
Баш така. Убаво си пишав, убаво си ме разбрал. Федерер старее и кај да е ќе се пензионира, Надал доживува криза. Стави на тоа дека останатите тенисери се барем класа подолу од нив двајца и ете ти доминација на Ноле. Коцките му се погодија на човекот и нека му е на чест за успесите, ама чисто се сомневам дека догодина ќе успее нешто да одбрани од сето ова. Зашто големите тенисери (како што се Рафа и Роже) со години бранеа титули на турнири. Ако се радувате на 5 месеци врзани во низа, тоа е смешно особено зашто во тениската игра се поставени рекорди на кои треба да им се симне капа.Цели 5 месеци, сите играат ван-форма и затоа Ноле победува. Држи вода..
Па нема логика ова, каква е таа криза само против Новак, тоа ти е исто како ние фановите на Ноле да искоментираме, 5-6 години криза го држеше човекот..Надал доживува криза..
Другар, едно е 5-6 години одлична игра и резултати и после толку тешки сезони да се најде човек кој е во одлична форма и да губиш од него во рок од неколку месеци.А друго е цел живот да те нема никаде и секогаш да си во сенка и одеднаш за 4 месеца кога го играш тенисот на животот да победиш некого или поточно речено СИТЕ и да се кренеш во облаци како којзнае што да си постигнал.Никој не оспорува ништо, читај претходно што пишав ноле е најдобар годинава, надал игра класа подоле ама секогаш кога некој игра добро некој друг игра послабо и затоа се резултатите тука.ОВие луѓе вака што коментираат го зборат тоа со право зашто надал и федерер кога освојуваа се играше врвен тенис и двајцата делеа турнир еден па после друигот освојува и стварно беше убаво да се гледа тоа.Сега Ноле е сам.Нема достоен искрено.Ама тоа одамна го снема.Сепак неможеме да замижиме на ова сепак се труди највеќе и заслужува вакви резултати Ноле.Немој да сватиш погрешно некого никој не хејта овде.Ова се сепак навивачни кои поинаку и неможат сега да размислуваат.Све е ок честитавме победа и се извинив за секој збор против формата на ноле до сега.Уживајте во успехот како и ние што го правевме тоа.Без компликации а гледам некои (не ти) незнаат да уживаат во победиве...Па нема логика ова, каква е таа криза само против Новак, тоа ти е исто како ние фановите на Ноле да искоментираме, 5-6 години криза го држеше човекот..
Нема логика..
Од кај па сега криза само против Новак? Да си му ја следел играта на Надал доволно добро, ќе видиш дека оваа игра што ја прикажува во последно време воопшто не е неговата игра. Има пад во форма и тоа е факт. Ај разбирам дека пошто сме фанови подразбира субјективност сама по себе, ама па до толку величање на Ноле ми е нелогично. Секоја чест за она што го врза во низа, ама затоа ви пишав, големите спортисти од било која фела се големи зашто се константни. Ако ја одржи доминацијата на неколку години, па макар биле и само две тогаш ќе се согласам дека е добар тенисер, ама вака кога доживува за прв пат блесок и тоа во ситуација кога на двајцата најдобри тенисери во последните 10 години им паѓа формата не може реално да се коментира. Роже во врвот на кариерата играше одличен тенис, ама го играше против тенисери во форма. И Надал губеше од Роже, па јас лично никогаш не сум ги бранела поразите на Рафа зашто не му бил денот. Видливо било дека Роже бил тогаш подобар. Тие дуели кои ги одиграа Роже и Рафа тенискиот свет нема да ги види во догледно време. Испишаа историја. За мене тоа се класа врвни тенисери. Ноле ќе биде тоа ако овие пет месеци форма ги претвори во неколку години доминација. Тоа е тоа.Па нема логика ова, каква е таа криза само против Новак, тоа ти е исто како ние фановите на Ноле да искоментираме, 5-6 години криза го држеше човекот..
Нема логика..